|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да се справите со стравот од породување?

Редакција Рингераја, 21.5.2015
Еден од главните фактори кои го попречуваат природниот процес на одвивање на раѓањето е стравот

image
/11


 

Секоја бремена жена (особено оние на кои им претстои да родат за прв пат) доживува страв од она што ќе се случи за време на нејзиното породување. До одредена  доза овој страв е корисен, бидејќи тој ја има функцијата да ја мобилизира и концентрира жената за претстојниот процес.
Но, како што се вели во дозата е лекот и отровот. Затоа вишокот на страв може да ве спречи да го доживеете раѓањето како еден природен процес кој може да  доведе до разни компликации. Затоа најважна задача за секоја идна мајка е да се соочи со стравот, како и да го сведе на дозволена и корисна доза.

 Како да го направите ова?

 Еден од начините да го победите стравот е да ги искажете на глас (напишете на еден лист) и против секој еден од нив да напишете разумното решение (објаснување), кое ќе го неутрализира. Ако ви е тешко да најдете сама разумни аргументи за некои од стравовите, обратете се кај вашиот лекар или друг специјалист, кој ќе ви ги разјасни сите непознати и ќе ви даде мир и доверба дека се ќе биде во ред.

Сега ќе наброиме некои од основните стравови со кои се соочува секоја жена на која и претстои раѓање и ќе се обидеме да ви дадеме аргументи, кои ќе ви помогнат да ги намалите овие стравови:

 
• Стравот дека породувањето ќе продолжи предолго.

 Смирете се. Просечната должина на природното раѓање е помеѓу 6 и 10 часа, а кај некои жени процесот е доста пократок. Најактивниот и потешкиот дел на раѓањето започнува откако грлото на матката ќе се отвори повеќе од 4 сантиметри. Многу од жените одат на породување отворени со 6 и повеќе сантиметри, па раѓањето им се одвива за многу помалку од 6 часа. Освен тоа вашиот лекар ќе направи сè што е потребно раѓањето да е во согласност со вашите сили и можности и нема да ве остави да се измачувате предолго. Верувајте му!


• Епизиотомијата ми звучи страшно и болно

 Што претставува таа? За време на епизиотомија, лекарот прави рез во перинеумот - зоната меѓу вагината и анусот - за да направи место за главата на бебето. Постапката трае секунда и болката е многу помала од она што си претставувате. Како доказ за тоа е фактот дека многу жени не разбираат дека тоа се случило за време на породувањето, туку дури откако сè е веќе минато. Не заборавајте дека епизиотомијата е само и единствено за да ви помогне и да го направи раѓањето полесно за вас и вашето бебе.

 • Стравот од епидурална анестезија

 Епидурална анестезија служи за да се намали болката за време на породувањето. Таа се става во долниот дел на грбот. На овој начин вие нема да чувствувате болки за време на породувањето. Не плашете се од можни компликации, бидејќи ризикот од такви е многу мал. Обрнете внимание на позитивните страни на оваа анестезија и не обрнувајте внимание на негативните нијанси кои и без тоа се минимални!

 
• Страв ме е да не се породам со царски рез

 Шансата вагинално породување да премине во царски рез не е толку голема. Недостатокот на напредок во процесот на природното раѓање е најчестата причина за извршување на царски рез, тогаш кога се утврди дека бебето или мајката се во неволја или пак во случаите кога ќе се утврди дека бебето е карлично завртено.
Друга причина за царски рез е ако имате состојба наречена плацента превиа, при што плацентата е ниско поставена. Запомнете дека ургентниот царски рез е најдобрата разврска, ако нешто во процесот на природното раѓање се искомплицира, затоа нема причина да се плашите од него, нели сепак крајната цел е вие ??и вашето бебе да сте здрави и добро!

• Стравот од болката

 Ова е најголемиот страв. И тоа можеби се должи на фактот дека голем дел од жените не веруваат дека нивната способност да се справат со болката е многу поголема отколку што можат да замислат. Покрај тоа, за жал жените се поретко веруваат на своите тела и не веруваат дека тие може да се справат на најдобар можен начин со овој природен процес.

 

Што би ви помогнало да го намалите овој страв?


 Освен вежбите за дишење и релаксација, кои може да вежбате за време на бременоста, еве и неколку позитивни реченици  кои може да си повторувате секој ден за време на вашата бременост, за да ја развиете самодовербата и да го намалите стравот.

- Верувам во себе и во мојот лекар дека заедно ќе го претвориме денот на раѓањето во прекрасен ден од мојот живот!
- Кога раѓањето ќе започне ќе бидам во сигурни раце, ќе бидам меѓу лекарите кои ќе се грижат за мене и моето бебе!

-За време на моето раѓање ќе помагам активно на лекарите и бебето, за да се случат работите на најдобар можен начин за нас!

- Ќе се опуштам и ќе ви го  доверам своето тело, бидејќи верувам дека вие ќе се справите одлично со оваа задача!
- Ќе ја вложам целата своја енергија во тоа да се концентрирам во процесот, наместо да ја трошам во паника!


И за финале сакаме да ви посакаме:

Драги, идни мајки, не се сомневајте во себе и верувајте дека сте посилни од своите стравови!

Ви посакуваме успех, вие можете!

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што боли најмногу за време на бременоста?
Бременоста е период од животот на жената, во кој телото доживува најмногу болки
4
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат трудниците:
4
Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
3
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?