|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да се намали тeмпературата кај бебињата

Редакција Рингераја, 31.10.2020
Температурата е добра причина за загриженост, особено кај младите доенчиња. Значи, ако мислите дека на вашето бебе му е жешко или се чини дека е болно, измерете ја неговата температура. Најточно читање ќе добиете ректално, со дигиталниот топломер

image
/11


Прво исчистете го топломерот со алкохол, или сапун и топла вода. Оставете го малку на собна температура и потоа врвот премачкајте го со вазелин. За да му измерите температура, можете бебето да го поставите на грб, во позиција за менување пелена.

Вклучете го топломерот и нежно вметнете го околу 2 сантиметри. Почекајте го звучниот сигнал пред да го отстраните. Ако вашето дете е помладо од 3 месеци и има температура над 37.5 степени, веднаш посетете го вашиот лекар.

Доколку вашето дете е поголемо од 3 месеци и има температура над 37.5, или има треска која трае подолго од еден ден, јавете се кај вашиот педијатар. Исто така, известете го доколку вашето дете има и други симптоми, како што се намален апетит, намалена активност, некаков осип... Се додека не се намали температурата, тоа нека биде вашиот примарен фокус.

Дозволете му да се одмори и внимателно следете за некакви промени во однесувањето. Дајте му парацетамол или ибупрофен единствено ако вашиот лекар ви одобри.

Многу е важно вашето дете да биде хидрирано. Затоа, понудете му дополнително течности за разлика од нормалното. Зголемената доза на течности ќе помогне со чистењето на токсините од неговото тело и испорачувањето на потребните хранливи материи. Доколку пелената на вашето дете е сува повеќе од осум часа, или плаче без солзи, можеби е дехидрирано.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Не ги притискајте мајките да дојат. Опасно е!
Јас сум советник за доење. И додека некои можеби ќе имаат срце - трогателна приказна за тоа колку се успешни во доењето,...
5
Физикална терапија кај бебиња и деца
Најчести проблеми со кои се соочуваат новороденчињата се проблеми со горните, долните ектремитети, скочниот зглоб колков...
5
Работи кои не треба да ги загрижуваат роди...
Не се сите жени филмски ѕвезди да можат да живеат со чили пиперки и вода со лимон и четири дена по раѓањето да ја вратат...
4
Лековити масла – дел од Вашата домашна аптека
Изворот на здравје не мора секогаш да се бара во аптеките. Прошетките во природа може да ги искористите за да наберете н...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?