|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да се изборите со непосакуваните совети?

Редакција Рингераја, 29.3.2012
Младите мајки многу често се мета на разни “душегрижници” кои имаат потреба постојано да даваат совети за нега на бебето. Како да им застанете на патот на непосакуваните совети и критики, а да не бидете непристојни?

image
/11


 

 

Кога ќе станете мајка, може да Ви се случи да дојдете во ситуација во која сите, почнувајќи од свекрвата, па се до непознатата госпоѓа на улица, се обидуваат да Ви дадат “корисен совет” за тоа како треба да го чувате своето дете. Тоа е она што најмногу ги вади мајките од колосек.

Кога ќе имате бебе, морате да се помирите со фактот дека, секогаш кога ќе излезете на улица, ќе се соочувате со разни коментари, почнувајќи од оние кои изразуваат воодушевување, до такви кои ќе Ве критикуваат. Ниту двете ситуации нема да Ви се допаднат. За бебињата секој сака да прокоментира. Понекогаш тие коментари се позитивни и преку нив се изразува симпатија: “Погледни колку е слатко бебето! Види колку убаво се смее. Колку убави очиња има!”, но понекогаш коментарите можат да бидат и крајно иритирачки: “Кутрото дете, види како се смрзнало!”

 

Мајката е авторитет

Во мајчинството, следењето на сопствениот инстикт е од најголемо значење. Не постојат специјални правила кои треба да се научат и почитуваат за да се биде добра мајка, туку е потребно секогаш да се обидувате, по цена и да грешите, да дојдете до она што е исправно. Не е тешко да се преболат непосакуваните критики од улица и едноставно да се избришат од сеќавање. Меѓутоа, кога такво нешто ќе покажат и членовите од семејството, ситуиацијата може да биде многу непријатна.

Личноста од која најчесто добивате “корисен” совет е секако свекрвата. Неспорен факт е дека таа зад себе има долгогодишно искуство во одгледување деца. Поминала низ породување и знае како изгледа да се чува бебе, мало дете, тинејџер... И сега кога стана баба ќе морате да и простите што мисли дека знае се', бидејќи веројатно знае. Меѓутоа, ова бебе е Ваше и Вие треба да одлучите како ќе го одгледувате. Како нова мајка Вие имате нов авторитет во семејството и треба да се почитува Вашиот глас.

 

Следете ги своите инстикти

Веројатно ќе забележите, доколку го оставите Вашето бебе на чување кај свекрвата или некој друг член на семејството, дека секој од нив има поинаков пристап во начинот на одгледување на бебето. Тоа никако не значи дека нивниот или Вашиот начин е погрешен. Правете го тоа како што мислите дека е најдобро. Следете ги своите инстикти. Никој не го познава Вашето дете подобро од Вас.

Доколку не Ви се допаѓа како го чуваат Вашето дете, тоа едноставно и без повлекување кажете го. Ваше право и должност е да кажете на каков третман е навикнато детето. Тоа можеби ќе доведе до спротивствавување на ставовите за тоа што е најдобро за детето, но потребно е на сето тоа да се гледа како на поинаков избор, а не како на нешто што е добро или лошо.

Најдобар начин за успешно да ја пребродите оваа ситуација е да бидете малку и лукави. Никако немојте да кажете:”Toa e погрешно!”, туку инсистирајте тоа да се прави на ваш начин. За да ги сочувате пријателските односи, заблагодарете се за помошта која Ви ја нудат.

 

Имајте слух за добри совети

Без оглед на можните конфликтни ситуации, немојте секој совет веднаш да го отфрлате. Како што треба да ги игнорирате непосакуваните совети, оставете го едното уво отворено за советите кои можат да бидат корисни. бабите и дедовците, родителитероднините, пријателите, па и старата госпоѓа на улица, зад себе веројатно имаат големо животно искуство, за кое би било голема штета да остане неискористено. Постарите генерации поседуваатдрагоцено трпение кое им недостасува на младите луѓе. Тие можат да бидат фантастични беби-ситерки кои ќе ги забавуваат децата на едноставен начин, а на родителите ќе им дадат шанса да здивнат.

Немојте да заборавите дека колку и да Ве нервираат советите и критиките тие нема да траат вечно. Еден ден ќе дојде и Вашиот ред да бидете непресушен извор на знаење за тоа како се чуваат децата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Водич за заздравување по царски рез
Од суштинско значење е да разберете како вашето тело се лекува од оваа операција за да можете најдобро да се грижите за ...
7
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Оброк од житарки
Идеални за почеток на прихранувањето! Содржи пробиотици – корисни бифидобактерии кои го штитат организмот и го зајакнува...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?