|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да одгледате паметно дете?

Редакција Рингераја, 2.12.2010
Постојат голем број на работи кои можете да ги направите на почетокот на детскиот живот, за да му помогнете на неговиот мозок да се развива и да ги воспостави најважните невролошки конекции кои ќе му помогнат на детето да стане добар ученик.

image
/11


 

 

Родителството е работа со полно работно време кое вклучува лулкање, хранење, држење, гушкање, менување пелени, бањање, пеење, играње и се друго што се одвива од утро до ноќ. Постојат голем број на работи кои можете да ги направите на почетокот на детскиот живот, за да му помогнете на неговиот мозок да се развива и да ги воспостави најважните невролошки конекции кои ќе му помогнат на детето да стане добар ученик. Ви предлагаме листа од 10 работи кои можете да ги направите за да го поттикнете здравиот развој на мозокот и да го воведете детето во светот на паметните.

Доите го вашето бебе

Почнувајќи од раѓањето, ако одлучите да го доите бебето, му подарувате прекрасен подарок кој ќе му користи цел живот. Мајчиното млеко содржи безброј состојки кои не можат да се произведат во ниедна лабораторија. Една од тие состојки се нарекува DHA – есенцијална масна киселина која е одговорна за почетокот на развојот на мозокот, како и за неговото понатамошно здраво развивање.

Читајте му на бебето

Можете да почнете да му читате на бебето уште пред неговото раѓање, но не грижете се ако не сте го сториле тоа. Прекрасна е идејата да почнете да му читате на бебето затоа што ќе му вдахнете љубов кон книгата која ќе го следи при школувањето и во понатамошниот живот.

Одложете го воведувањето на цврста храна

Првата година во детскиот живот е најинтересна за родителите затоа што се’ се случува со вртоглава брзина, па затоа е и најпримамлива за воведување на нови и нови работи. Не брзајте со воведувањето на цврстата исхрана кај бебето, сторете го тоа после 6 –тиот месец од неговиот живот. Неговиот свет е мајчината дојка и љубовта и топлината која тече преку мајчиното млеко, а со тоа ќе му овозможите повеќе ексклузивно време со незаменливите состојки кои се во мајчиното млеко, а кои се важни за правилен развој на мозокот.

Сервирајте му здрава храна

Во моментот кога ќе одлучите Вашето бебе да вкуси и друга храна, изберете ја мудро секоја лажица и задржете ја таа пракса се’ додека не му створите здрави навики за хранење. Сега е време и Вие да почнете да се храните здраво, концентрирајќи се на протеини, свежо овошје и зеленчук, како и цели зрна житарици наместо високо обработени и спакувани, кои се лоши за телото и за мозокот.

Стапете во интеракција со детето, играјте со него и направете да се чувствува сакано

Научниците забележаа дека бебињата кои не се држени во мајчината прегратка имаат побавен развој на мозокот. Исто така забележаа развиток на рана депресија кај бебињата кои добиваат помалку љубов. Љубовта, гушкањето и интеракцијата со Вашето дете има силен ефект во неговиот развој во интелигентна личност.

Изберете логички играчки

Оставете ги бучните играчки да висат во продавницата и одберете едноставни логички коцки. Овие играчки се прекрасни за користење на имагинацијата и помагаат да се изгради координацијата око-рака.

Пејте му на бебето

Музиката не е само забава, со користење на музика во Вашиот дом ги отворате патиштата во мозокот на Вашето бебе, за учење во иднина. Пејте му на Вашето бебе кога е мало и поттикнете го, охрабрете го да пее кога доволно ќе порасне.

Воведување на странски јазик

Многу е потешко да се научи странски јазик кога детето ќе порасне, па ако е воопшто можно воведете му на Вашето дете звуци и гласови на некој странски јазик, порано. Ако има некој во вашето семејство кој течно зборува друг јазик, не двоумете се и побарајте негова помош. Охрабрете го да го зборува како втор јазик на Вашето дете, за детето да може да ги согледа предностите на мајчиниот јазик.

Поттикнување на креативноста

Кога бебето е доволно големо, седнете на подот со него и дајте му боја и големо парче хартија и оставете го само да истражува што се случува која бојата ќе се аплицира врз хартијата. Да се биде паметен не значи само да се умее со зборовите и буквите, уметничкото изразување е одличен начин да се изгради мозокот на Вашето бебе.

Масирајте го, држете го и допирајте го вашето бебе

Галејќи ја и масирајќи ја главата на Вашето бебе, неговите екстремитети и телото му помагате да создаде невролошки конекции, а исто така ви помага и вам да ја зајакнете врската со него.

Има  толку многу забавни и лесни работи што можете да ги правите секојдневно за да израснете здраво и паметно дете. Помагајќи му на бебето да ги исцрпи и целосно искористи потенцијалите на мозокот е  најдобриот подарок што можете да му го дадете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебињата разбираат пред да научат да збору...
Стоп за лигавото обраќање кон бебињата! Тие учат од вас, па зборувајте им како на кој било возрасен соговорник
5
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3
Како антибиотиците влијаат на здравјето на...
Дали некогаш сте се запрашале како давањето антибиотик на детето во најрана возраст може да влијае на него кога ќе порас...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?