|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јаболко - повеќе од само овошје

Редакција Рингераја, 21.10.2021
Старите луѓе велат: " Ден поминат без барем едно изедено јаболко е изгубен ден"

image
/11


Република Македонија е држава која што има идеални услови за одгледување на разни сорти на јаболка. Јаболкото е овошје за кое многу се зборува и многу се знае. Англичаните велат дека едно јаболко на ден го држи докторот подалеку од вас. Ние би се согласиле со оваа изрека, бидејќи јаболкото е најкорисното овошје кое се одгледува на нашите простори.

 

Денеска одбравме да ви ги презентираме здравствените придобивки на јаболкото, кои верувајте се навистина големи. За формите и големините на јаболката не треба да говориме, веруваме дека сите ги знаете многу добро. Вреди да споменеме дека во светот се познати повеќе од 10 000 сорти. Најпознати сорти јаболка се црвен делишес, златен делишес, грени смит, јонатан и други.

 

Корисност

Јаболкото нема голема енергетска и калорична вредност. Јаболкото е едно  од најпогодните овошја за држење на различни диети. Нема многу калории, а има многу витамини, минерали и многу состојќи кои се благодет за организамот. 100 грама јаболко има околу 53 килокалории, а 85 % од целото јаболко е вода.

Најважни состојќи кои се наоѓаат во јаболката, а се корисни за организамот се:

  • растителни влакна и растителни масти
  • витамин А, Б, Ц
  • железо и етерични масла
  • калциум, калиум, натриум, магнезиум, каротин
  • пектин, протеини, сулфур
  • целулоза
  • шеќер (фруктоза и глукоза)
  • олиго елементи

 

Исхрана

Јаболкото се користи во различна исхрана. Од него се прават слатки, сокови, џемови, јаболков оцет и познатата јаболкова ракија.

Јаболкото лесно се вари во желудникот, се препорачува да се конзумира свежо, но при подготовка на компоти и други производи од јаболка, да се избегнува неговото долго варење, бидејќи што посвежо јаболкото ги задржува повеќе од своите активни елементи и е покорисно за здравјето. Јаболкото содржи многу антиоксиданти и е ефикасно против бактерии и вируси, велат експертите.

Јаболкото може да помогне при третирање на многу состојби во организамот, најпознати од нив се:

  • авитаминоза
  • ангина пекторис
  • артеросклероза
  • запек
  • мамурлак
  • остеопороза
  • проблеми со уринарниот тракт
  • тромбоза
  • стабилизирање на цревната флора
  • синузитис
  • покачен холестерол
  • дебелеење
  • нервоза
  • бронхитис
  • инфективни заболувања и сл.

 

Јаболков оцет

Кога сме кај јаболката, не можеме а да не го споменеме уште еднаш јаболковиот оцет. Јаболковиот оцет е поволен при повеќе состојби во организамот, а потврдено дејство има при следните состојби:

  • габични инфекции
  • болки во грлото
  • проширени вени
  • чешања
  • проблеми со варењето
  • прекумерна телесна тежина
  • имуниот систем
  • работата на бубрезите
  • проблеми при жолчното кесе

Ако сакаме да ги опишеме сите придобивки кои ги нуди јаболкото за здравјето, тогаш нешето пишување не би имало крај. Јаболкото е навистина делотворно и многу корисно овошје. Се смета дека сите кои редовно го користат јаболкото имаат долг живот здраво тело, а пред се здрави бели дробови. Затоа за крај ќе додадеме дека англиската поговорка која погоре ја спомнавме е целосно точна.  Старите луѓе велат: " Ден поминат без барем едно  изедено јаболко е изгубен ден". 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Развој на изговорот на гласовите
Крикот и плачот ја претставуваат првата вокализација на новороденото. Крикот со време се претвара во плач од кој постепе...
4
Внимателно со изборот на играчки за нашите...
Играчките се многу важни и корисни за развојот на бебето. Им помагаат во усовршувањето на стекнатите вештини и ги прават...
4
Дали икањето кај бебињата е нормално?
Кога ќе го видиме нашето малечко бебе како се мачи со икање, често се грижиме дали тие контракции можат некако да му наш...
3
Природно со љубов - Саносан козметика за бебе
Божествената моќ на природата отсекогаш била инспирација за развој на Саносан производите. Природата, традицијата а со т...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?