|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Избор на облека и обувки за бебето

Редакција Рингераја, 11.9.2012
Изборот на соодветна облека и обувки за бебето е исто така важен дел од грижата што секојдневно треба да ја вложуваме во него.

image
/11


 

Не е безначајно какви материјали и модели сме одбрале за нашето мало богатство, бидејќи неговата кожа е чувствителна и треба да му помогнеме да се чувствува убаво и пријатно.

 

Бебешка облека


Најважното нешто што треба да го знаеме кога купуваме облека за бебето е:

- да се погодни за сезоната

- да се удобни и практични

- ткаенината да е нежна и да не ја дразни чувствителната кожа на бебето.

Се разбира, изборот на облека зависи и од сезоната:

За пролет и лето – памучни алишта без ракави, боди, памучни јакни и задолжително капче. Најпрактични за дома се шпилхозни со долно закопчување, блузи на преклоп, панталони со затворени ногавици. За есен и зима се препорачуваат панталони со затворени ногавици од подебела памучна ткаенина, боди со долги ракави. Избегнувајте волнена облека бидејќи кожата на бебето сеуште е чувствителна и може лесно да се иритира.

Добро е облеката на бебето да е поширока и послободна за да може бебето да се движи лесно. Не купувајте облека која е апсолутно точна на телото на бебето, бидејќи може да не се чувствува удобно. Покрај тоа треба да внимавате половината на бебето да не биде гола и заради тоа најпогодни се шпилхозните и боди -те кои се закопчуваат меѓу нозете, за да може лесно да  му менувате пелени на бебето. Природните материјали се најпогодни за Вашето бебе. Најдобро е облеката да е памучна, посебно тоа се однесува на долната облека на бебето, што треба да е 100% памук, бидејќи тоа значи дека кожата ќе може да дише.

 

Обувки за бебето


Изборот на соодветни обувки за бебето и малото дете е исто така многу важен. Стапалото на малото дете треба допрва да се оформува и треба многу да внимаваме какви чевли купуваме. Дури и кога избираме чорапи треба да видиме од каков материјал се и да не ја стегаат ногата на бебето. Има неколку едноставни правила кои можат да се земат во предвид кога купувате чевли за бебето.

-  Бебиња од 6-8 месеци – во принцип по овој период не е потребно бебето да носи чевли, но сепак ако сакате да му купите тие треба да се меки и со мек ѓон, бидејќи бебето не оди и добро е ногата да му е слободна. За дома најдобро ставајте му меки пантофли. Искористете ја можноста, кога сте дома, што почесто бебето да биде босо, за да може стапалата да му се развиваат правилно, а не секогаш да се стегнати во чевли.

- Над осум месеци – веќе е добро да му обувате чевли на бебето, бидејќи почнува да се учи да оди и треба да ги чувствува стабилни нозете. Во продажба има различни обувки за проодување, кои се прилагодени на формата и големината на ногата на бебето. Тие имаат поцврст ѓон од другите бебешки чевли. Несоодветни се чевли во врвци, бидејќи детето може да се сопнува на нив, а и не е удобно постојано да ги врзувате и одврзувате. Ако детето веќе проодело, исто така е добро да го оставите да оди босо дома, бидејќи така подобро го чувствува подот под нозете и му се зајакнуваат мускулите.

 

На што да внимаваме при избор на обувки:


- Обувките треба да имаат флексибилен ѓон кој ќе обезбедува удобност и слобода при одење.

- Обувките треба да се лесни и да не ја заморуваат ногата на детето.

- Препорачливо е да се од природни материјали, односно од ткаенина или кожа. Вештачките материјали предизвикуваат потење на ногата, а кај некои деца може да предизвикаат и алергија.

- Влошката внатре во обувките треба да е мека и удобна и направена од природен материјал, кој ја гарантира стабилноста на нозете во чевлите.

- Дури и формата на обувките има значење – добро е чевлите да се широки, со заоблен или четвртест врв, за да може да се прилагоди на обликот на нозете и да има доволно широко место за движење на прстите.

- Не се водете според тоа дека ногата на бебето расте брзо и не му купувајте чевли со многу поголем број од потребниот бидејќи бебето лесно ќе се сопнува и нема да му биде удобно. Но и не треба да му бидат премногу точни, бидејќи тоа може да доведе до деформација на стапалата.

Општо познато е дека бебето треба да биде облечено исто како Вас, плус една облека, но се зависи од времето и од физичката состојба на бебето. За да го заштитите бебето не треба сите алишта да ги ставате на “вриење”, за да ги убиете микроорганизмите. Немојте да ја правите оваа грешка бидејќи може уште повеќе да ја изнежните кожата на бебето. И со пеглањето на облеката, исто така, не претерувајте. За новороденче е добро да пеглате, бидејќи кожата сеуште не му е адаптирана на условите, но откако ќе поминат неколку месеци, не морате, освен ако самата облека не го бара тоа.

Колку и да ни изгледа убава облеката во некој излог, таа може да биде крајно непрактична и неудобна за бебето. Затоа, освен што треба да ни се допаѓа, треба да размислиме и за тоа дали ќе биде практична за употреба.

 

Неколку корисни совети:


- Најдобро е блузите кои ќе ги купите да се закопчуваат кај вратот, а панталоните и шпилхозните да се откопчуваат меѓу нозете, за да може полесно да ја смените пелената на бебето.

- Ткаенината треба да е мека и лесна за пеглање. Препорачливо е облеката да е 100% памучна, особено ако бебето е многу мало. Избегнувајте груби ткаенини и такви кои пуштаат влакна.

- Боди -те се најудобна облека за новороденчето.

- За поголемите дечиња најдобро е панталоните да имаат ластик на половината, а не да се закопчуваат со петлици или патент.

- Купувајте облека во универзални бои, која може да ја носат и момчиња и девојчиња. Не се знае кога ќе Ви затреба пак.

- Обувките за новороденчето треба да се многу меки, а за малку поголеми деца чевлите треба да се стабилни, од природен материјал и без врвци.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Масирање на бебиња
Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е нео...
4
Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
4
“Остави го бебето да плаче”?
Повеќето не наспиени родители доаѓаат до точка кога се во состојба да направат се' за да го научат детето да спие во тек...
4
Добра хигиена, добро здравје за Вашето бебе
Стерилизирањето на шишињата, цуцлите и останатиот прибор за хранење на Вашето бебе е неопходно и задолжително особено во...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?