|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Исхрана на детето по 6-от месец

Редакција Рингераја, 27.7.2020
За новородените деца, односно за децата што се на мајчино млеко и што добро напредуваат, најдобро е дасе почне со дополнителната исхрана околу 6-месечнавозраст

image
/11


 

За новородените деца /децата што се хране-
ти со вештачко млеко, дополнителната исхрана може
да почне од 4 до 6-месечна возраст, индивидуално, по
препорака од лекар.

За новородените деца /децата што се хранети со вештачко млеко, дополнителната исхрана можеда почне од 4 до 6-месечна возраст, индивидуално, по препорака од лекар.

 

Знаци дека детето е подготвено за дополнителна исхрана:

- почнува да покажува интерес за храна, сака да џвака и става предмети во уста;

- способно е да седне, иако сè уште му треба некаква помош и потпирање;

- способно е да посегнува и почнува да фаќа координирано;

- изгледа дека е гладно и по доењето или хранењето со млеко.

 

Воведување на дополнителна исхрана треба да започне кога детето е здраво и може да соработува. Како родител, треба да знаете дека навикнувањето на друга храна, освен млеко, за секое дете е различно искуство. Некои деца може да бидат одушевени и со радост да прифатат нови вкусови, но други тешко се привикнуваат. Потребно е време и трпение.

- Со почетокот на воведување на новата храна ќе се појави и промена во конзистенцијата и честотата во

столицата на детето, што е сосема нормално и зависи од видот на храната што е вклучена.

- Пожелно е хранењето да биде во семејна атмосфера. Со тоа детето ќе почне да се привикнува и јадењето да

го доживува како социјален момент.

- Храна која НЕ треба да му се дава на детето пред да наполни 6 месеци поради недоволно развиениот имунолошки систем: житарки со глутен, јајце, риба и школки (можен ризик за алергии), како и некои меки и непастеризирани сирења (може да содржат бактерии).

- Децата имаат мало стомаче и затоа им се потребни мали оброци. При воведување на нова храна дадате само 1- 2 супени лажици, и постепено зголемувајте ја количината ако детето ја прифаќа. При воведување на нова храна продолжете да ја нудите онаа храна која детето веќе ја пробало и добро ја поднесува. Оставете доволно време за хранење на детето.

 

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ

- Поставете го вашето лице кон лицето на детето

- Дозволете му на детето ја има главната улога во текот на хранењето

- Дозволете му на детето да го одредува ритамот на хранењето

- Дозволете детето да си игра со храната

- Воведувајте нова храна постепено

 

КАКО ДА ГО ИЗВЕДЕТЕ ТОА

- Седнете го детето на висока столица, исправено со лицето кон вас. Зацврстете го со појас за да биде безбедно и седнете со вашето лицето свртено кон него во иста висина.

- Дозволете му на детето да го води процесот. Чекајте додека детето не ја отвори устата и тогаш понудете му ја храната

- Хранете го полека или брзо во зависност од знаците на детето. Прекинете кога детето ви кажува дека е сито. Никогаш не го хранете со сила

- Бебињата сакаат да ја допираат храната за да ја запознаат. Оставете го детето да прави неред додека учи да јаде со прсти.

- Не се грижите ако детето ја одбива понудената храна. Понудете му ја повторно после неколку дена. Некои бебиња се многу претпазливи, им треба време да стекнат “доверба“ во новата храна. Продолжете да му ја нудите новата храна заедно со таа за која сте сигурни дека ја јаде со задоволство.

 

ЗНАЦИ ДЕКА ДЕТЕТО Е ГЛАДНО

- Возбуден/а е кога го /ја поставувате на столче

- “мљацка “со устата

- Ја отвара устата кога ја здогледува храната

- Го става палецот во уста или почнува да плаче

- Се протега да ја дофати храната

 

ЗНАЦИ ДЕКА ДЕТЕТО Е СИТО

- Ја врти главата спротивно од лажицата

- Ја затвoра устата кога му се нуди лажицата

- Ја затвoра устата со рацете

- Се вознемирува и плаче

- Може да заспие

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
5
Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
5
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
4
Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и сусам
Кашичката од цвекло ќе му биде примамлива за јадење на секое бебе заради својата интересна боја. Можете да ја воведете в...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?