|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

inana: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 23.4.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/71


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: inana

Датум на породување: 01.08.2009 година

Тип на породување: природно

Болница: Чаир

 

 

После 7 годишна врска одлучивме дека е време за брак ... но пред бракот не изненадија две цртички. Не е дека не бев спремна, веќе долго време не се ни "пазевме", но тоа чувство нема да го заборавам никогаш.

Бевме собрани кај другар на прослава за Нова Година и мојот тогашен дечко упорно им викаше на сите дека јас не смеам да пијам затоа што сум трудна (што и не беше далеку од вистината, но ни јас ни тој не знаевме)... Тука сакам да и се заблагодарам на една сега веќе мама А.Кулеванова која ме "спаси" со една чашка винце.

Како и да е господинот имал предчувство дека сум бремена, а јас ни С од симптоми. Вечерта помина одлично, но не и утрото ... Не можев да станам од кревет, ми се вртеше во глава, па си се шегував на моја сметка дека не ми годи алкохол... Ама не било до алкохолот!

Вечерта отидовме повторно кај истиот другар и додека жена му ги спремаше децата за спиење почна да ме задева за бременоста. Јас и викам нема шанси, не е можно ништо да не почувствувам, ама таа не попушта. Ми вика ајде да го решиме ова уште денес, имам тест во вц, земи и направи го. Нема проблем си викам, нема што да изгубам, влегувам во вц и фала богу незнам ни како да го направам тој тест (никогаш предходно не сум правела). Некако се снајдов и трчам накај неа без воопшто да погледнам во тестот. И го дадов и седнав на подот и чекам ... чекам ... а таа молчи ... молчи ... Ајде мами со среќа па и ти да си родиш едно вакво девојче. Молам? Две црти - бремена си! ????? Сто прашалници низ мојата глава, подот исчезна ... лебдам ...

Ме облева некое непознато чувство, но супер ми е !

Нејзините ќеркички скокаат, викаат не знаат што се случува, јас и таа само се гледаме (заборавив да пишам дека ова се случува во детската соба и дека нејзиниот и мојот господин се во дневна). Влегуваме сите четири кај нив и седнуваме ко попарени... молчиме... Маж и не прашува дали сме направиле некоја глупост, оди во детска да провери да не сме запалиле нешто, но ние и понатаму молчиме ... Некако собрав сили и реков : Ќе имаме бебеее ! А мојот господин вика: Знам нели ви реков!

Бременоста ми беше прекрасна, сон на секоја трудница, ниту еднаш не ни повратив, нити ми беше тешко ...

Контроли правев секој месец, сликички еден куп ...

Во 17 недела дознав дека во мешето што го галам и му зборувам во среден род, всушност расте Марко.

И свадбата ја поминав супер иако бев 6. месец. Марко тогаш веќе почна и убаво да ја клоца мама, да се превртува...

Терминот ми беше 24.08.2009, но на 30.07. почувствував болки во половината, и си го поминав цел ден со тие болки, но вечерта не можев да издржам па отидовме до болница. Ништо вика докторката само два прсти, имаш време. Си заминавме дома, некако ја преспав ноќта и следниот ден го поминав со малку поголеми болки.

Но вечерта пак се зголемија и јас повторно се најдов во болница... Ме прегледаа, ми дадоа ноќница, и ми рекоа дека ќе останам тука... Кога видов дека се ми земаат и облека и ташна и мобилен... ми стана јасно!

Му ја подадов ташната на сопругот, се погледнавме само, ми даде еден краток бакнеж, но неговиот поглед ... уфф колку ме растревожи ... такви не сум ги видела неговите очи досега, иако се знаевме цела деценија - не не му беше сеедно што ќе си оди ...

Не бев спремна и не знаев што ме чека, но не се плашев ни најмалку. Вечерта ја поминав на ЦТГ со издржливи болки. Ми беше досадно само во соба, а еден глуп часовник кој стоеше заглавен на 6 дополнително ме нервираше.

Утрото по визитата и по завршената процедура за пред породување ме ставија на бокс, ми го пукнаа водењакот и ме однесоа во сала. Сеуште не чувствував страв, не паничев, бев мирна и воздржана иако тоа баш и не е својствено за мене.

Трпев болки, се потев ... Не можев повеќе да молчам па почнав да викам: (не е страв туку не сакав да сум сама и да не знам што се случува) алооо брее сама ли ќе се породам, само вие гледајте, ако ако можам и сама :)

Конечно дојде една бабица. “Ајде мајка штом си решила, само немој сама јас сум со тебе”, ми се насмевна. Ми рече само да ја слушам што ми зборува и се ќе биде ок. Така и правев.

Два пати ми рече напни, два пати напнав, молк на минута.

Готово е - вика. Што е готово? Јас и ти сме супер тим и ми го покажува Марко. Малку го удри и тој ја отвори устата (до ден денес ја држи толку многу отворена).

Го видов најпрекрасното нешто во мојот живот, мојот немирко, моето сонце, мојот ѕвер.

Црвен, влажен ... вреска ли вреска... го погалив по главчето и го однесоа.

991 ден до денес јас и мојот сопруг уживаме во неговото постоење.

Неговите први насмевки, први запчиња, први чекори, први модрици, први зборови - за тоа е вреден животот.

Сега го чекаме и второто бебе и се надевам дека и овој пат ќе поминам супер како и со Марко.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство Марко !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Развој на фетусот месец по месец - видео
Бремена сте? Честитки! Дали сте љубопитни колку е големо вашето неродено бебе во развој, како изгледа вашето бебе додека...
4
Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
4
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?