Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во текот на долго возење некои деца стануваат нетрпeливи, дури и заморени од здодевност. За да го спречите лошото расположение во текот на возењето, треба пред заминување да подготвите некои работи. За (секое) дете подгответе торба и наполнете ја со најдрагите играчки на детето, CD-a и книги. Ако е патот многу долг, понесете и некоја нова играчка, а не ги заборавајте ни солените и слатките „грицки“ кои вашето дете ќе го забавуваат и ќе го развеселат во најтешките моменти.
Внимание: немојте наеднаш да го извадите сето „слатко“од торба, туку полека, едно по едно, за детето да не се засити од се. Покрај играњето со играчки можете да си играте и некоја од друштвените игри, а со поголемите деца можете гласно да пеете, да ја разгледувате околината и слично.
Неколку предлози како да го скратите времето при долги патувања:
1. Слушајте го омиленото CD на детето со музика или со приказни.
2. Пејте заедно со детето и измислувајте нови и необични приказни.
3. Разгледувајте ја околината, зборете му што сте виделе: животни, големи автомобили, камиони, куќи со необичен облик или бои, балони во воздухот...
4. Поголемите деца ќе бидат воодушевени ако им зборувате за случките од своето детство.
5. Со децата кои веќе ги знаат буквите и бројките можете на набројувате животни, предмети кои почнуваат на одредена буква, да собирате, делите... и така низ забава да го потврдувате неговото знаење.
6. Низ играта „асоцијација“ ја развиваме детската фантазија.
За потврдување на знаењето на поголеми деца соодветни се следниве мисловни и забавни игри:
Забавна приказна: секој играч кажува по еден збор, а некој од играчите мора од сите тие зборови да состави една реченица, односно приказна. На пр. од зборовите: пејач, компјутер, јазик, готвење, може да се склопи симпатична и смешна приказна.
Зборови кои почнуваат на иста буква: играчите избираат една буква, па мораат сите по ред што побрзо да набројат зборови кои почнуваат со таа буква.
Без пантолони: играта е многу смешна. Играат 2 играчи, првиот поставува прашања, а другиот на секое прашање одговара со зборовите: Без панталони. На пр.:
Прв: Како ќе одиш утре на плажа?
Втор: Без панталони!
Прв: Како ќе играш натпревар?
Втор: Без панталони!
Прв: Како ќе го прославиш роденденот?
Втор: Без панталони!
Такви игри има безброј, ние дадовме само неколку предлози, некои може да ги измислите и самите.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?