|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Igracka26: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 25.4.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: Igracka26

Датум на породување: 30 03 2010 година

Тип на породување: природно

Болница: Државна болница

 

 

Конечно. После речиси сите прочитани породилни приказни решив и јас со сите Вас да ја споделам  мојата породилна приказна.

Се' започна едно прекрасно утро кога решив да го направам тестот за бременост...некако длабоко во себе чувствував дека сум бремена и ми требаше само едно нешто – двете цртички на тестот за бременост II .

 Од тој момент па се до терминот на породување имав навистина прекрасна бременост. Една недела пред терминот појдов во Државна болница да го направам првото CTG. Тогаш докторката ми кажа дека се е во ред и да дојдам на контрола за една недела. После една недела иста приказна...дојди пак за една недела. Терминот веке ми беше поминат. Почнаа да ми зборуваат не чини да се надносува детето, не треба вака, треба така.  Започнав  да одам секој ден на CTG а на моево бебенце едноставно не му се излегуваше. Беше недела, 28.03,  а ние на роденден кај детето на блиски пријатели. Си поседовме онака убаво до подоцна и се вративме дома. Јас ни болки ни ништо...Утрото се разбудив доста рано да одам во WC кога гледам крв, и сеуште не ми доаѓа на памет дека всушност почнува моето породување. Дури и си помислив - Е што вака сега, на CTG сум дури околу 6 попладне. Набрзо се расонив и сфатив што се случува - Конечно дојде денот !!!

Воопшто не ме фати паника, почнав полека да си се спремам, а во меѓувреме ми пукна водењакот додека се туширав . Сеуште си бев смирена, си се нашминкав, си се средив, го почекав маж ми да си го допие кафето и правец во болница. Таму тие од CTG веќе ме познаваа и кога им кажав дека ми пукна водењакот веднаш преку ред кај докторката на преглед. Сестрата ми кажа дека сум отворена три прсти. Веднаш ми облекоа спаваќа и ме пратија горе. А таму - прав кошмар. Неколку жени избезумени од болка, викаат шетаат а кај мене ни трага ни глас од болки. Видоа дека само ке им правам гужва горе и ме вртија долу на патолошка да си поседам и да си чекам. Некаде околу 20 часот почнаа така да ми надоагаат болките ама тогаш имаше Шехерезад  манија, па си почекав да им заврши серијата на сестрите за да ме стават пак на CTG. Се видоа и болките на ЦТГ, ама рано ми беше за горе. Како времето минуваше, болките станаа се поголеми и поголеми. Јас цело време навака натака ја шетав цела болница но веќе околу полноќ навистина неможев да издржам и пак отидов кај сестрите на ЦТГ а тие веднаш повикаа и докторка, ме прегледа и ме пратија горе.

Истата соба каде што бев утрото, по полноќ беше празна. Таму ми се погоди многу добра акушерка – Данче се викаше и јавно и се заблагодарувам за тоа што навистина беше прекрасна со мене. Последните пет часа навистина беа пеколни. Болките не можат да се опишат ниту пак болните прегледи за да видат колку си отворена. И таму постојано се движев, бев 100 пати во WC. Гги правев вежбите што беа прикажани на постерите за полесно отварење и само навака – натака по тоа ходникот се шетав. Во еден момент застанав над креветот и некако природно ми дојде да дадам напон.  Ми пријде Данче и ми кажа -Ти си спремна за на бокс,  отворена си 9 прсти , ајде!!! И така на бокс. Чудно но болките како да ми престанаа па ми ставија провокација. За неполни петнаесет минути, после неколку напони и во еден момент најтешкиот и најболниот напон. Во точно 5 часот наутро дојде на свет мојата прекрасна ќерќичка. Веднаш ми ја ставија на градите, ја бакнав и не можам да го опишам тоа преубаво чувство кога сфатив дека станав мајка. Дека од мене излезе најубавото и најпрекрасното бебенце, мојот извор на среќа и радост.

Еве помина точно една година...мојата ќерќичка веке и прооде и секој нов ден ми го прави поубав и посреќен.

НЕМА ПОГОЛЕМА РАДОСТ ОД СОПСТВЕНОТО ДЕТЕ!!! ФАЛА МУ НА ГОСПОДА ШТО ГО ПОЧУВСТВУВАВ ТОА.

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на ќерќичката на Igracka26 !

 

 

Топ 10 породилни приказни


nadica: Мојата породилна приказна

Anushka: Мојата породилна приказна

Тања: Мојата породилна приказна

kikicka: Мојата породилна приказна

cecka: Мојата породилна приказна

ananikol: Мојата породилна приказна

AnnaMolly: Мојата породилна приказна

мичо: Мојата породилна приказна

Palce: Мојата породилна приказна

Ели: Мојата породилна приказна


 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

За Милица, која ја запознав во породилната...
Влегувам во породилната сала...На столот за породување стои млада личност која има дваесет години, слаба, со пропаднато ...
5
9 знаци кои укажуваат на можна бременост
Многу жени имаат сомнежи и двоумења кога се работи за бременоста. Многумина велат дека едноставно чувствуваат дека „нешт...
3
Правилна исхрана во 2-то тромесечје од бре...
Вториот триместар од бременоста е обележан со зголемување на енергијата. Апетитот расте и утринските мачнини се смируваа...
3
Ако немате утринска мачнина, носите машко ...
Дали е вистина дека ако немате утринска мачнина рано во бременоста, носите машко дете?!
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?