|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Идеи за новогодишно украсување на домот

Редакција Рингераја, 29.12.2021
Пред нас се новогодишните и божиќните празници со кои еуфорично ќе се збогуваме со годината која изминува и ќе ја дочекаме новата. Светот веќе го облече своето празнично руво, а домовите интензивно се разубавуваат со впечатливи украси

image
/11


Не е потребно да трошите мало богатство за да ја пренесете празничната магија во вашиот дом. Разбудете ја креативноста, инспирирајќи се од понудените популарни декорации кои брзо и лесно можете да ги направите сами.

 

БЛЕСКАВИ ТЕСТЕНИНИ

Тестенините во форма на панделки можат да ви послужат за да направите блескаво „синџирче“ на едноставен начин.

Премачкајте ја секоја панделка со лепило и поросете ја со светки. Оставете да се исуши лепилото, а потоа врзете ги панделките на еднакво растојание на долг дебел конец или волница.

Пред да ги обложите со светки, можете да ги обоите тестенините со прехранбена боја или со спреј во боја по избор.

 

1


НОВОГОДИШНА САЛФЕТА

Преобразете ја еднобојната салфета во новогодишна елка за да ги одушевите вашите гости.

 

2

 

АРОМАТИЗИРАНИ СВЕЌИ ВО ПОРТОКАЛ

Исполнете го вашиот дом со примамлива арома со помош на свеќи во портокал. За декорирање на портокалот искористете каранфилчиња.

 

3


„ЗАМРЗНАТО“ ОВОШЈЕ

Дајте им замрзнат изглед на неколку овошни плодови кои ќе ги користите како централна декорација на масата.

Во мала чинија изматете белка од јајце, но не матете предолго. Со помош на четка премачкајте го овошјето со белката, а потоа испрпелајте го во кристален шеќер или во шеќер во прав. Доколку е неопходно, нанесете неколку слоеви шеќер за да добиете „снежен“ изглед.

За уште поинтересен изглед, пред да го премачкате овошјето со белка, залепете врз него лепенка во форма на ѕвезда. На крајот одлепете ја лепенката.

 

4

 

СВЕЌИ СО ЦИМЕТ

Со помош на стапчиња цимет можете најобичните свеќи да ги претворите во мало уметничко дело кое примамува погледи. Наредете стапчиња околу свеќата и прицврстете ги со коноп или со новогодишна лента. Освен што ќе добите прекрасен украс, ќе можете да уживате и во неодоливиот мирис на цимет.

 

5

 

ДЕЛИКАТНА СНЕГУЛКА

Започнете со шест листа во форма на квадрат. Следете ги чекорите прикажани на фотографиите. Кога ќе дојдете до спојување на деловите означени со 2 и 4, не заборавајте да ја свртите снегулката и да ги залепите на спротивната страна од деловите 1 и 3. Откако ќе ги направите сите шест одделни елемента, залепете ги еден со друг.

 

6

 

ЛАМПИОН ОД ВОЛНИЦА

Лампионите од волница изгледаат прекрасно, а се прават многу лесно и брзо. За да направите еден лампион, потребен ви е мал балон, волница, лепило, малку вода и светки.

Во мал сад ставете лепило и разредете го со малку вода. Волницата врзете ја за балонот и намотајте ја околу него. Потоа балонот потопете го во лепилото и поросете го со светки. Врзете го да се суши преку ноќ. Откако ќе бидете сигурни дека е потполно сув, внимателно направете мало дупче во балонот (што поблиску до отворот за дување) за да го истушите. Извадете го балонот од лампионот.

 

7

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Најнови трендови во детската мода - 2011
Детските и модни трендови за оваа пролет 2011 ќе бидат со природни корални и морски бои , стил и силуета на 70’те , но ...
3
Викторија и Дејвид Бекам се разведуваат?!
Викторија Бекам проговори за гласините дека таа и нејзиниот сопруг, фудбалерот Дејвид Бекам се пред развод
3
На кафе кај Теа My gluten free corner
Целијакија или глутен сензитивна ентеропатија е трајна неподносливост на глутенот, белковина од пченицата, јачменот и ‘р...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?