|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дали 'машката бременост' од сочувство е мит или стварност?

image
/11


 

 

Идните мајки се многу свесни за промените низ кои проаѓаат нивните тела. Еден ден се чувствуваат исцрпено, ги боли грбот, нерасположени се... Другиот ден следува експлозија од енергија и итна потреба за реорганизација на куќата и секој плакар во неа. Следниот ден доаѓа друго расположение и други приоритети – неверојатна потреба за храна, вкусен сендвич од лосос зачинет со пикантен сос.


И додека жените се свесни дека мајчинството носи вистински физички и психички промени, дали е точно дека и мажите поминуваат низ слични трансформации кога нивните партнерки се во блажена состојба?


Couvade синдромот, познат како “машка бременост од сочувство” ги пресликува вообичаените симптоми на бременост на мажите: мачнина, потреба за храна, болки во грбот, проблеми со спиење. Името на состојбата, кое потекнува од францускиот збор couver, што во превод значи “отвор” за прв пат го спомена антрополог кој забележал дека во многу култури низ светот татковците кои го очекуваат раѓањето на нивното дете поминуваат низ слична ментална состојба, што е всушност копија на состојбата на нивната партнерка.


Во нашето општество, иако Couvade синдромот не е наведен во психијатриските и другите медицински дијагностички книги, сепак го привлече вниманието  на некои научници и психолози. Зачестеноста на симптомите е варијабилна од студија до студија во растојание од 20-80 %.


Ви звучи неверојатно? Иако се чини дека се крева многу прашина околу целата приказна, постојат неколку научни основи дека бремената жена ја менува хемијата на мажот. На пример, еден тим на истражувачи откриле дека мажите кои го очекуваат раѓањето на бебето имаат повисоко ниво на пролактин и кортизол непосредно пред раѓањето и пониско ниво на тестостерон и естрадиол по раѓањето на бебето. Во ова истражување мажите со повеќе Couvade симптоми се тие кои имаат највисоко ниво на пролактин, а најниско на тестостерон.


Ако ги прашате мажите чии сопруги се бремени дали се чувствуваат поинаку, дали се почувствителни, позагрижени и повеќе заштитнички настроени, многу од нив ќе потврдат дека тоа е точно.


И додека се сомневаме во постоењето на Couvade синдромот, нема сомнеж дека татковството ги менува мажите. Тоа може да биде и наследство на еволуцијата која ги држи татковците активно вклучени во случувањата на семејството. На тој начин се оформува тим, или семејство по раѓањето на бебето, составен од мама, тато и бебе.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Абортус - прекинување на бременоста
Под предизвикан абортус се подразбира прекинување на бременоста пред да биде плодот способен за живот надвор од телото н...
4
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум чаши вода на ден“, објаснува д-р Едвард Марут, репро...
3
Работилница за јога за бремени жени
Центарот за интегрална јога ДАРМА во соработка со Центарот за интегрална јога НАМАСТЕ организира Работилница за пренатал...
3
Пријатна бременост: зајакнување на интимноста
Во оваа статија, ќе истражиме како сексуалните играчки можат да го подобрат вашето искуство во бременоста, да донесат за...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?