|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Храна која е опасна за бебињата

Редакција Рингераја, 23.5.2012
Воведувањето на цврста храна е важен чекор во развојот на бебињата. Постојат производи кои можат потенцијално да предизвикаат алергиски реакции или во некои случаи ботулизам, кој го напаѓа нервниот систем

image
/11


 

 

Од исклучителна важност е внимателниот избор на производи, посебно во првите 12 месеци од животот на детето, бидејќи дигестивниот систем во тој период нема можност да го заштити детскиот организам од бактерии.

 

Еве кои производи треба да се избегнуваат во првата година од животот:

 

Мед, пченкарен сируп и јаворов сируп

На бебињата не треба да им се нуди било кој од овие производи, бидејќи тие можат да ја содржат бактеријата clostridium botulinum. Доколку бебето проголта производ кој ја содржи оваа бактерија, тогаш во организмот се создава отров кој предизвикува ботулизам.

 

Непастеризирано млеко

На бебињата не треба да им се дава кравјо млеко во првата година од животот заради можност од појава на алергии, а посебно да не им се дава непастеризирано млеко. Тоа млеко содржи патогени микроорганизми кои можат да предизвикаат различни болести. Неразвиениот имунолошки систем на бебето не може да се бори против патогените во непастеризираното млеко, па можат да настанат сериозни компликации.

 

Меко сирење

Меките сирења, дури и ако се чуваат во фрижидер, можат да ја содржат бактеријата listeria monocytogenes. Оваа бактерија предизвикува симптоми слични на грип, како што се повраќање, дијареја, болки во мускулите, а може да го нападне и нервниот систем. За бебињата тоа може да биде многу опасно.

 

Непастеризиран сок

Непастеризираниот сок може да ги содржи бактериите esherihia coli и salmonella. Околу 98% од сите сокови кои се во продажба се пастеризирани, но за секој случај прочитајте ја декларацијата.

 

Живи јајца

Бебињата и малите деца не би требало да консумираат производи кои содржат живо јајце бидејќи тие може да содржат бактерија salmonela enteritidis која може да предизвика сериозни состојби попратени со повраќање, дијареја и грчеви во стомакот. Секогаш варете ги јајцата додека не бидат потполно тврдо варени. Исто така внимавајте јајцата да бидат добро термички обработени и кога подготвувате друга храна.

 

Белка од јајце

Педијатрите препорачуваат да не им се дава белка од јајце на децата во првата година од животот. Алергиските реакции на белка се многу чести, така што најдобро е да почекате додека детето не наполни една година.

 

Јужно овошје

Портокали, грејпфрут, киви и останатите агруми можат да предизвикаат алергиски реакции кај бебињата под дванаесет месеци старост. Избегнувајте го ова овошје во тој период, или посоветувајте се со педијатар околу воведувањето на агруми.

 

Пченица и пченични производи

На бебињата не треба да им се нудат производи од пченица пред навршени  шест месеци старост, бидејќи може да предизвика алергиски реакции на глутен.

 

Јаткасти плодови и путер од кикиритки

Тие исто така можат да предизвикаат алергиски реакции и засркнување и не треба да се даваат на деца помали од една година.

 

Презасладена храна и колачи


Житарици збогатени со шеќер, колачи и засладени сокови се ниско хранливи производи. Шеќерот во тој облик нема ниту еден позитивен ефект во организмот на бебето. Таквите прехранбени навики можат да доведат до дебелеење кај децата.

 

Како што Вашето бебе ќе расте, така ќе се зајакнува и неговиот имунитет. До тогаш, подобро е да се воздржите од горенаведените производи при подготовка на оброк за бебе.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
4
Претоплувањето на децата е опасно!
Прекумерната топлина не е помалку опасна од студот и тоа треба да го знаат сите родители. Битно е да одржувате оптимална...
4
Тие мали очиња мислат дека си совршена
Текстот на Бетани Џејкоб стана хит на социјалните мрежи, бидејќи им разбуди силни емоции на многу родители
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?