|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ХОТЕЛ ШПИК, во прегратка на недопрената природа

Hit Holidays, 5.7.2012
Летото пред три години единственото Алпско одморалиште Шпик го здогледа светлото на светот, кое се наоѓа под врвовите на планинската група Шпик. За тригодишнината од постоењето хотелот Шпик ве поканува на разгалување на вашите сетила по поволни цени!

image
/141


 

Летото ја обвитка Крањска Гора и нејзината околина во топли сончеви зраци и така стана одлична локација за прошетки во природа, возење велосипед и ролерки, како и откривање на понудата на околните села. Летото пред три години единственото Алпско одморалиште Шпик го здогледа светлото на светот, кое се наоѓа под врвовите на планинската група Шпик и во подножјето на Караванки, опкружен со зелен шумски пејсаж.

 

Бидејќи родендените се нешто посебно, за вас подготвивме посебна понуда. За третата годишнина од работењето хотелот Шпик ве поканува на разгалување на вашите сетила по поволни цени! 2 х полупансион од 74 € на лице во двокреветни соба. Повеќе...

 

Понудата на хотелот Шпик е збогатена со широк спектар на велнес услуги, конференциски сали, анимациска служба, игротека за деца, терени за бадмингтон, одбојка на песок, сквош и разновидна кулинарична понуда. Околината ви нуди и многу можности за рекреација и поминување на слободното време во природа. Со велосипед можете да ја откривате околината и понудата што ви ја нуди и при тоа да посетите некои од музеите – Словенечкиот планински музеј, Куќата на Лизњек или Кајжниковата фарма. Можете да се искачите до водопадите – Мартуљшки, Надижа, Перичник, да го посетете изворот на Сава во Зеленци или се искачите на Печ, тромеѓето помеѓу Италија, Австрија и Словенија.

 

Сите кои сакаат целосно да се релаксираат и да направат нешто добро за своето тело сигурно ќе ги воодушеви Алпскиот велнес, кој е единствен во Словенија. Со оригинален алпски амбиент и пет тематски соби (вода, дрво, огин, земја и метал), кои со помош на алтернативните методи како што се боја, звук, арома, топлина, Кнеипов третман, терапија со кислород и инфрацрвена сауна, балансира и постигнува хармонија на внатрешните органи што се одразува на телесно и духовно ниво. Покрај петте тематски соби Алпскиот велнес е составен и од витаминско ќоше, одморалиште, соби за водни вежби, фитнес со аеробика и тераса со волшебен поглед на околните врвови. Во Центарот за убавина се грижат за вашето подобро расположение и поубав изглед со помош на различни масажи и козметички услуги, кои се базираат на природна линија збогатена со етерични масла од алпски билки.

 

Додека се релаксирате во велнес центарот, за вашите најмлади ќе се погрижат нашите аниматори. Хотелот е снабден со игротека, повеќе играчки и голем тревник, аниматорите ќе се погрижат никој да не се досадува. Мини клуб, прошетка со факели, игри надвор или во било која од салите и вежбање во базен се некои од најразновидните активности кои ги нудиме.

 

Препуштете се на разгалување, бидете активни, земете си момент за себе и дозволете си неколку безгрижни денови. За останатото ќе се погрижиме ние.

 

Повеќе информации за понудата на http://www.hitholidays-kg.si/home, на бесплатниот телефонски број +386 4 588 44 77 или на е-пошта info@hitholidays-kg.si.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прва помош при полесни повреди на игралиште
Модринки, отоци, мали гребнатинки, мали исекотини...
5
Доцнење на говор кај децата
Во денешно време, повеќето од децата се подоцна прозборуваат.Загрижени родители бараат совети, помош, утеха насекаде.Но ...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
10 барања до мојот маж, ако јас умрам прва
За жал, сфатив дека мојот сопруг нема идеја што правам по цел ден, ниту пак го почитува тоа. Недобитните тикети не исчез...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?