|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Големина и волумен на стомачето на новороденче

Редакција Рингераја, 6.2.2014
Во прилог е илустрација на приближната големина и обем на стомакот на новороденче во првиот, третиот, седмиот ден и на еден месец. Стомакот на новороденчињата е мал и не може да прими големи количини на млеко, па заради тоа треба да се храни често

image
/11


 

 

Во првиот ден нивните мали стомачиња се исполнуваат со 5-15 мл. за време на доење, за потоа малото бебенце да се стутка во близина на вашите гради и вашето срце и да заспие. По само неколку часа спиење доенчето повторно ќе покаже знаци на глад и ќе ги приближи слатките мали рачиња во близина на устата. Нивните мали стомачиња за кратко време ќе ја сварат малата количина на колострум и повторно ќе огладнат.  Новороденчето се храни 8-12 пати во текот на 24 часа што значи дека ќе бара храна на секои 1-3 часа. Можат да побараат храна и два пати во три часа, а потоа слатко да заспијат подолго време. Следното доење може да се случи по 2-3 часа, па потоа повторно по еден час. Сигурно сфативте – концизен план на доење не постои.

Многу мајки имаат чувство дека нивното бебе не е доволно нахрането, загрижени заради честото доење, или чувствуваат притисок од семејството и докторите. Често добронамерните членови на семејството коментираат “Бебето повторно плаче, дали сте сигурни дека не е гладно?”, “Бебето е гладно, дали сте сигурни дека имате млеко?”, “Бебето јадеше пред еден час, сигурно немате доволно млеко.” Ова може да доведе до несигурност кај новата мајка, кое ќе ја одведе до непотребно дохранување на бебето. Над некои мајки е извршен притосок од доктор, а кај некои бебиња постојат и легитимни медицински причини за дохрана. Како и да е, мора да ја имате во предвид големината на стомачето на новороденче. Ако го нахраните со адаптирано млеко повеќе од потребно, бебето или ќе поврати, или ќе заспие 3 часа, а во вашите гради ќе почне да се намалува лактацијата. Ако сте одлучиле да го дохранувате секогаш барајте совет од стручен консултант за лактација, кој ќе утврди дали постои реална причина за тоа.

Разбирањето на големината на стомачето на вашето бебе, просечниот обем и типичната фреквенција на хранење, може да помогне во ублажување на анксиозноста кај мајките и ќе им влее верба во сопственото тело, кое го храни бебето. Големиот и заеднички напор кој го вложувате со бебето во првите денови, ќе биде основа за воспоставување одлична, среќна и здрава релација во текот на доењето.

 

1

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зелена или кафена плодова вода!? Што значи...
Не паничете! Ако вашата плодова вода ја променила бојата, лекарите се тука да преземат секакви дејствија што се потребни...
6
Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
4
Дали е опасен Парацетамолот за време на бр...
За време на бременоста повеќето лекови не се безбедни за земање. Дури и некои од најчесто користените лекови кои се изда...
4
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?