|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

“Фабрика”за бебиња лоцирана во Индија

Редакција Рингераја, 8.5.2012
Јајце клетки од убави источно Европејки, сперма од богати западњаци и ембриони имплантирани во очајни жени. Зафрлено место во New Delhi е дом за сурогат мајки кои се предмет на бизнис со сурогат бебиња

image
/21


 

 

Компанијата Wyzax Surrogacy Consultancy не е ништо друго туку фабрика за производство на бебиња, во која се дизајнираат деца за богатите двојки, главно од западните земји, меѓу кои и Велика Британија, како да се нарачуваат автомобили.

Овој бизнис за некого претставува кошмар, а за некого футуристичка програма, осмислена за да се направи ефикасна употреба на ресурсите, или оптимизација на генетскиот материјал, со цел да се “произведат здрави и паметни бебиња”.

Според изјавите на компанијата тие го прават тоа за мал број на клиенти – околу 15% кои, заради различни причини не сакаат да добијат бебе со индиско потекло, туку сакаат ембриони произведени од донатори со квалитетен генетски материјал да бидат имплантирани во сурогат мајка од Индија.

Притоа, донаторите не треба да имаат само плава коса и убави, сини очи, туку треба да се интелегентни, атлетски градени и атрактивни.

Оснивачите на компанијата затоа смислиле протокол, кој грубо работи вака: да се изврши прецизен скрининг за генетски болести и да се направи тест за интелегенција на атрактивни  млади девојки од земји како Украина, Литванија, Грузија, Ерменија и Белорусија, кои се пријавиле како потенцијални донатори.

Бидејќи човечките јајце клетки не можат да бидат замрзнати и транспортирани, овие донаторки патуваат во САД, во екот на нивниот месечен циклус каде што се вадат нивните јајце клетки и се оплодуваат со сперматозоиди (кои можат да бидат замрзнати од земјата на живеење на донаторот, транспортирани и да се чуваат неодредено време).

Ретко која американска жена е подготвена да биде сурогат мајка, а индиските жени буквално чекаат на ред пред клиниката за сурогат мајки, бидејќи побрзо ќе најдат “работа” тука, отколку на било кое друго место во Индија.

Откако ембрионот е креиран, се замрзнува до -196C, се сместува во мали канистри, а потоа се пренесува  на 8.000 милји од САД, во градови како Делхи и Бомбај, каде што се имплантира во жени.

Во очајната потрага за храна на нивните деца, за облека и едукација на семејството, подготвени се да ризикуваат развод со сопругот и најголема заработувачка гледаат во сурогат мајчинството. Тие 4000 фунти, кои ќе ги добијат за 9-те месеци на бременост ќе ги заработат за десет години како слугинки во куќите на богатите.

Исто така во текот на бременоста ќе бидат во можност да не работат ништо, да гледаат телевизија по цел ден, да јадат здрава храна и да примаат одредена доза на витамини.

На крај ќе мораат да ги предадат нивните бели, со сини очиња бебиња, често родени предвреме со царски рез за да се минимизира ризикот од перинатални компликации и разделба по кратка средба, за да се спречи опасност од поврзување со мајката.

Какво е чувството да се носи дете за непознати луѓе, да се предаде на странци и никогаш да не се запознае детето, запрашана е 25 годишната сурогат мајка Pakhi, чиј многу постар сопруг почина неодамна од срцев удар, оставајќи ја да се грижи за нивната петгодишна ќерка во сиромаштија:

“Не им кажав на соседите од селото, само моето потесно семејство знаеше”, вели таа, наведнувајќи ја главата од срам. “Се обидувам да не мислам на бебето кое ќе го дадам. Ако го видам ќе ми биде потешко, но ако не го видам, мислам дека нема”.

Еден од вработените во агенцијата вели: “Ви велам – тие не се поврзуваат емотивно со бебињата. Тие се ментално подготвени, ќе ги добијат своите пари – и тоа е тоа. Глобализацијата почива во сурогат бизнисот!”

Колку и да сочувствуваме со паровите кои во очајната желба за бебе се упатуваат кон клиниката во Делхи, толку ни проаѓаат и морници по телото заради продажбата на ефтино дизајнирани бебиња, изработени од украински јајца и британска сперма, создадени во американска лабораторија и продадени за 4000 фунти.

 

 

Извор: Dailymail

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што не знаевте за неплодноста?
Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се оса...
4
Фото: Вака изгледа борбата за бебе!
Не постои нешто што жените не би направиле за да си го исполнат сонот да станат мајки. Секојдневно, голем број од нив по...
3
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Што кога вие сакате дете, а партнерот не с...
Одлуката за децата треба да биде заедничка, но тоа не е секогаш така. Еве што треба да направите ако се најдете во таква...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?