|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ендометриоза – болест кај жените

Helena Mlakar, 25.3.2011
Ендометриозата е болест која се манифестира со отсуство на внатрешната обвивка на матката во празнината на матката. Болеста е проследена со силна болка и кај една третина од жените е причина за неплодност.

image
/11


 

 

Ендометриоза е болест при која нормалното  ткиво кое расте во внатрешниот слој на матката расте надвор од празнината на матката. Лесно може да се вовлече во абдоминалната празнина, мочниот меур, и многу често се појавува на јајниците. Ова може да доведе до сериозни здравствени проблеми и неплодност, бидејќи оваа болест најчесто се јавува кај жените во  плодните години. Кај една десеттина од жените, болеста е  придружена со силна болка. Според некои процени се јавува кај секоја втора жена, што е и причина за болна менструација.

Причина за појавување

Болеста ја поттикнува хормонот естроген, кој е неопходен за раст на ендометриумот. Причината за настанување сеуште е непозната, а претпоставките се вртат околу три теории. Првата претпоставка е за ретроградна менструација. Менструалната крв преку јајцеводите се излачува во абдоминалната празнина. Се јавува кај голем број жени, но сеуште не е познато зошто само кај некои жени доаѓа до појава на ендометриоза. Имунолошкиот систем обично сам ги отстранува остатоците од крв, но некаде тие остатоци на крв се задржуваат и се всадуваат, па започнуваат да растат и на тој начин се создава ендометриозата.

Другата теорија е дека клетките метастазираат. Ова го појаснува феноменот ендометриоза. Затоа знае да се појави и на белите дробови или лактите.

Последната теорија вели дека перитонеумот на одредени сигнали може да се претвори во ткиво, слично на матката.

Оваа болест е наследна и се почеста денес, затоа што се помал е бројот на бремени жени, или тоа се случува во подоцнежните години со што е помал и прекинот на менструалниот циклус.

Симптоми

Најчест симптом е болката. Таа се јавува кај 80 % од жените. Болката се јавува пред менструалниот циклус, продолжува и кулминацијата ја достигнува за време на циклусот. Болката често е ограничена на точно одредени места , а кај некои жени може да биде и генерализирана , со тоа што  боли целиот стомак. Менструациите често се нередовни или попратени со силни болки.

Приближно кај  40% од жените болка се појавува и за време на самиот полов однос.

Чест симптом кој укажува на оваа болест е и неплодноста. Кај 30 % од жените кои имаат проблеми со плодноста, причина е ендометриозата.

Болеста кај некои жени во телото резултира и со растење на самите органи, менувајќи ја нивната функција. Оваа болест доста успешно се отстранува со хируршки зафат, и кај поголемиот број на жени каде што со операција е решен овој проблем , успешно и за кратко време од година или две може да доведе до бременост.

Дијагноза

Единствена метода за откривање на ендометриозата е лапароскопија. Со оваа метода може да се види бројот и локацијата на промените.

Болеста исто така може во целост да се разоткрие и со помош на ултразвук, КТ или магнетна резонанца.

Терапија

Врз развојот на заздравување од оваа болест многу влијае мајчинството и менопаузата. Како оваа болест успешно да се излечи, до ден денес ,во целост сеуште не е откриено. Некогаш за целосно лечење се вршел хируршки зафат на отстранување на матката и јајниците. Но и тоа не е гаранција дека болеста нема повторно да се појави. Денес со помош на лапароскопија прецизно може да се лоцира жариштето, со што при операцијата целосно ќе се заштити органот и неговата функција. Често се користи и конзервативниот начин на лекување со ублажување  на болката и неплодноста.

Жените кои имаат ендометриоза мора да се третираат за да се надмине неплодноста, а со лапароскопското отстранување на поблагите форми на болеста до 50 % се зголемува веројатноста за бременост.

Најдобра терапија против оваа болест е бременоста, во тие ситуации ендометриозата во најголемиот број на случаи се уништува и исчезнува.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да забремените ако имате полицистични...
Можат ли жените со синдромот полицистични јајници да останат бремени?
5
Сакате бебе? Погрижете се за јајце клетките
Во минатото се наложуваше една основна теза на факторот кој влијае врз здравјето на јајце клетките, факторот возраст. Н...
3
Може ли да се забремени за време на менстр...
Можеби некои ќе се зачудат, но ова прашање “Може ли да се забремении за време на менструација?” е многу често поставуван...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?