|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Емотивна порака на париски вдовец која скрши 150,000 срца

Редакција Рингераја, 18.11.2015
На социјалните мрежи се прошири емотивна порака на париски вдовец кој напиша отворено писмо до терористите, откако дозна дека неговата сопруга и мајката на нивниот 17-месечен син, трагично загина во концертната сала Батаклан во Париз

image
/11


 

"Во петокот навечер го одзедовте животот на едно исклучително човечко битие, љубовта на мојот живот, мајката на мојот син, но нема да ја добиете мојата омраза. Не знам кои сте и не сакам да знам. Вие сте мртви души. Доколку овој наш Бог, во чие име убивате, не направил по своја слика и прилика, тогаш секој куршум во телото на мојата жена, е по една рана во неговото срце". Со овие зборови ја започна својата исповед на Facebook, Antoine Leiris.

Споменатиот парижанин ја изгубил својата сопруга во терористичкиот напад на Париз, поточно во концертната сала Батаклан. По трагичниот случај на терористите им оставил порака на својот профил со наслов Vous n’aurez pas ma haine (Нема да ја добиете мојата омраза), која досега е споделена 158,000 пати.

“Не, нема да ви го пружам задоволството да дознаете дека ве мразам. Вие тоа го сакате, но да се реагира со лутина на омразата е исто како да се подлегне на незнаењето, кое вас ве направи ова што сте. Мојот син и јас ќе бидеме посилни од сите војски на светот. И не можам да губам повеќе време со вас, бидејќи морам да му се посветам на мојот син, кој штотуку се разбуди”, истакна парискиот вдовец на својот профил.

“Мојот син има 17 месеци и сега ќе го изеде својот оброк, а потоа ќе си играме како што го правиме тоа секој ден и ќе биде среќен и слободен до крајот на својот живот. Вие никогаш нема да ја добиете неговата омраза”, додаде Antoine Leiris во силната порака со која се спротивставува на тероризмот и агресијата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прескокнување на срцето - Екстрасистоли
На многумина од нас сигурно ни се има случено некогаш да почувствуваме како срцето да ни прескокнува или пак како да ни ...
6
НЕ ПАНИЧЕТЕ: 6 нормални реакции кај бебиња...
Кога бебињата стари неколку месеци ја примаат првата вакцина, може да се појават несакани ефекти. Погледнете што можете ...
4
Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
4
Кои домашни лекови влијаат на здравјето?
Иако кога сте болни или кога ви е благо нарушено здравјето, најчесто е подобро да одите на лекар, но сепак можете и да с...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?