|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ема Арсовска - Мојот планер за убав живот

Марина Кљајиќ Петковски, 26.1.2022
Една од темите со која во последно време најчесто ги сретнуваме е менталната хигиена, здравите навики, позитивните афирмации. Водењето на здрав живот не значи само посета на теретана и консумирање на здрава храна туку и негување на нашата душа

image
/11


Едно необично, многу креативно и уникатно дело кое има улога да влијае позитивно врз секој еден во чии раце ќе дојде, е делото на Ема Арсовска - Мојот планер за убав живот. 

Во продолжение ви откриваме нешто повеќе за Планерот и за неговата креаторка 

Рингераја: Која е Ема?

Ема: По струка сум дипломиран земјоделски инженер и магистер по економски науки од областа на агробизнисот.

Се едуцирам и надоградувам постојано. Посетувам многубројни семинари, курсеви и тренинзи од типот на претприемништво, бизнис, енергија, женска енергија, личен развој, техники за баланс на умот, духот и телото. Учам од врвни светски и балкански познати имиња. Своето слободно време го користам за дружба со луѓе кои зрачат со позитивна енергија. Одам често во природа, на планина и сликам позитивни цртежи, мандала.

Рингераја: Како дојде до идејата за Планерот?

Ема: Во последно време, сретнав многу луѓе кои живееа во болка или имаа голема нервоза во себе. Обвинуваа други за својот неуспех и не превземаа одговорност за својот живот, дека требаа нешто да сменат кај себе. Размислував како да допрам до нив, како да ги видам луѓето исполнети со живот, среќни прво со себе, потоа со другите.

Од друга страна пак, знаев дека имам нешто во себе кое треба да го дадам на светот од мене.

И така, одеднаш ми дојде идејата и почнав да пишувам кратки реченици и давам насоки како да го направиме нашиот живот поубав. Веднаш го именував како "Мојот Планер за убав живот", зашто сакав секому да му биде свој планер. Од тој момент, не престанав да пишувам и со нетрпение чекав да го завршам. Тоа не се само обични цитати, туку цел процес на планирање на денот и животот воопшто. Како да го почнеме денот со убава мисла или, кога ќе се најдеме во некоја безизлезна ситуација, како една мисла може да помогне да ја пребродиме истата и најдеме решение.

1

Рингераја: Како дојде до идејата за мандала?

Ема: Во времето на целосно затварање 4 или 5 дена за Велигден, ми дојде идеја да нацртам нешто што ќе носи позитивна енергија. Отидов во книжарите, го купив сиот прибор што ми беше потребен, се од почеток. И така, нацртав голема мандала со димензии 50см x70см. До тогаш цртав нешто мало, но ова навистина беше предизвик за мене.

Кога го гледаме цртежот, не опива со неговите бои и се чувствуваме посебни и убаво расположени, како да не маѓепсува со неговото шаренило. Така и дојдов до идејата да ги комплетирам цитатите со позитивен цртеж, за држење на фокусот и добивање на посилен ефект.

Рингераја: Каков беше процесот од идеја до реализација?

Ема: Реализацијата на Мојот планер за убав живот, од мојата страна течеше беспрекорно и синхронизирано. Во времето на изработка, не спиев, дури и не јадев, освен кога навистина морав. Целото внимание, фокус и мисла ми беа насочени на реализација на проектот. Изработката на еден цртеж траеше во просек 20 часа, бидејќи бараат многу концентрација и присутност. Ги правев преку посебни методи за да носат среќа на секој кој го поседува.

Тие се насликани со акрилни бои и се во поголема димензија од таа во Планерот. Скенирани се и ставени во предвидената димензија за Планерот.

Но, од друга страна, се соочив со многу непријатности за време на реализацијата на Планерот.

Се соочив со обид за кражба на целата идеја и на моите цртежи, во два наврати, до степен на обид за одложување и нереализација на мојот проект од моја страна. Затоа, го побрзав целиот процес, само за да успеам до неговото објавување.

Но, кога нешто правиш со чиста мисла, чисто срце, се внесуваш со целата своја љубов и притоа веруваш во себе и целиот проект, Универзумот ти ги отвара вратите, секогаш!

Нам ни преостанува да ги следиме знаците и да го следиме нашиот внатрешен глас, бидејќи тој никогаш не греши.

 

3

 

Рингераја: Ова е твое авторско дело, кое содржи мотивирачки пораки и твои рачно изработени мандали. Навистина уникатен и необичен производ, кој верувам ги освојува срцата на клиентите. Што за тебе претставува ова твое дело?

Ема: За мене е многу вреден, безвременски, бесценет во права смисла на зборовите.

Го претставува животот во вистинската негова смисла. Го направив со огромна љубов и му дадов значење, затоа е многу посебен и единствен. На истиот начин го пакувам и испраќам на луѓето. Секој кој го нарачал и го добил, го примил со голема љубов. Целото време ја насочував својата убава мисла кон Планерот, да ја задржи вредноста, светоста и чистината со која е направен и да биде заштитен од било каква друга енергија која отстапува од тоа. Верувајте ова нема цена. Не постои цена која може да го наплати сиот труд.

Затоа, од срце сакам секој кој го има во свои раце да го радува, да го развесли во денот и да му помогне да креира еден поубав живот.

Рингераја: Какви се импресиите на луѓето за Планерот?

Ема: Луѓето сами ми даваат повратна информација, ми пишуваат колку ги радува и се задоволни од него. Мене тоа навистина ми значи. Ми пишуваат пораки како за нив да бил направен и во вистинското време стигнал до нив. Цитатите ги читаат и допираат до нив. Тоа мене ме исполнува. Моето дело има смисла, носи радост и љубов. Значи дека, навистина има вредност. Тоа вели дека успеав во целта и многу сум горда на себе и уште повеќе на своето дело.

Рингераја: Колку си задоволна од досегашниот интерес за истиот?

Ема: Бидејќи е нешто уникатно и првпат се појавува на пазарот и во светот, луѓето малку се во чудење. Но, мене ми е јасно, Планерот може да биде корисен за секого, но секој нема да го препознае. Луѓето кои инвестираат во себе и се надоградуваат, со чисто срце допира до нив и го нарачуваат, не прашуваат ниту за цената.

 

3

Рингераја: Која е пораката која ја нуди?

Ема: Планерот нуди многу пораки. Неможам да одвојам една, но можам да кажам дека секоја страница е посебна приказна. Позади секој еден цитат стои огромна позадина. Секој кој го чита од почеток до крај или секојдневно ги превртува страниците, ќе дојде до својот заклучок, и секое повторување ќе направи истиот да се надогради понатаму. Секое ново читање ни отвара нови видици и нови можности. Затоа е безвременски. Народски кажано, ни ги отвара очите.

Рингераја: За кого е наменет?

Ема: Наменет е за луѓе кои сакаат да успејат во животот и да го сменат на подобро. Кога фокусот им бега на друга страна, да се насочат на целта. Да ја покачат самодовербата, да бидат свесни дека вредат. Да го најдат мирот. Да го подобрат своето здравје, манифестираат љубов и финансии. Секогаш да знаат дека се заштитени и благословени. И се што ќе посакат, да знаат дека можат и да го остворат.

И кога сите сегменти од животот сме ги опфатиле, ние имаме една цела целина, сведочиме на поубав живот во целост.

 

Рингераја: Каде може да се набави?

Ема: Достапен е да се купи преку интернет, на вебсајтот www.infinitydivine.com фејзбук страната infinitydivine.com и инстаграм профилот infinitydivine.com_

Со Планерот има картичка со порака за корисникот. Го праќам со многу љубов и за секој посебно го пакувам за да му носи среќа и добие голема вредност кај оној кој го поседува.

Благодариме за издвоеното време, задоволство е да се разговара со Ема.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Фризури кои ќе Ве направат 10 години помлади!
Разликата меѓу свеж младалачки и стар изглед може лесно да се поправи со вистинска боја за коса, плетенки или пунџа. Не...
3
Разговор со Слаѓан Славенски автор на Плач...
Неговото име е Слаѓан Бишковски. Тој е 20 годишен студент на Земјоделскиот факултет, насока -Квалитет и безбедност ...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?