|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Екраните не им возвраќаа љубов на моите деца!

Редакција Рингераја, 18.12.2019
Моите деца сакаа екрани. Но, екраните не им ја возвраќаа љубовта. Тие беа претворени во деконцентрирани деца расположени за расправија. Поради ова, јас и мојот сопруг решивме целосно да ги исфрлиме екраните од употреба
Клучни зборови:

image
/11


Мајка на пет деца, писателка и блогерка Моли Дефранк, пред седум месеци решила да ги оттргне своите деца од спрегата на екрани од сите видови - телефони, телевизори и компјутери. Таа неодамна објави фотографија во која ги сумира резултатите од овој потег - пет мали читатели се сликани во кревет со книги во раце

 

„Лесно е на детето да му тутнете iPod во рацете кога сакате неколку минути за себе. Денешните родители се првата генерација што се соочија со овој долгорочен неконтролиран експеримент што се спроведува врз нашите деца. За нив е тешко да се борат со нешто што е толку присутно и лесно достапно. Сепак, во одреден момент треба да се запрашате дали треба да го сторите тоа? На крајот решивме дека работите треба да се променат “.

 

Дефранк вели дека придобивките од оваа одлука биле повеќекратни. „Почнав подобро да ги разбирам талентите и интересите на моите деца, бидејќи тие конечно беа во можност да ги презентираат. Малата ќерка започна да чита многу побрзо, а сега пишува приказни. Синот црта, па дури и организираше курсеви за цртање за деца, на кои тој е наставник. Добро е на децата да им биде здодевно, за да преземат иницијатива и да ја разбудат нивната креативност “.

 

Покрај тоа, детоксикацијата од екранот воопшто не е толку тешка, вели Дефранк: „Најголем предизвик е да им понудите на децата да прават нешто друго, наместо да гледаат во екранот. На децата им е потребна што поголема интеракција со други луѓе за да развијат социјални вештини и моторни вештини. Тие треба да научат да препознаваат и интерпретираат различни изрази на лицето, јазик на телото, тонот на говорот и другите вештини за комуникација “.

 

„Моите деца сакаа екрани. Но, екраните не им ја возвраќаа љубовта. Тие беа претворени во деконцентрирани деца расположени за расправија. Поради ова, јас и мојот сопруг решивме целосно да ги исфрлиме екраните од употреба. Децата прво се побунија, а потоа животот продолжи. Детоксикацијата беше изненадувачки лесна и прифатлива, а мојата деветгодишна ќерка постојано ми кажуваше дека и е драго што ги нема екраните повеќе“.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Таткото е најважна фигура во животот на де...
Од принц на белиот коњ, татко ми стана мое друштво при пиење, пеење и плачење, мој финансиски советник и низ сето тоа, т...
3
Моето име е: МАЈКА
Се препознавте ли?
3
Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
3
Направете сами фондант за торта!
За сите креативни мајки, кои уживаат во изработката на торти и колачи, фонданот е вистинска играчка. Густата маса која с...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?