|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Еднаш буцко, засекогаш буцко?!

Редакција Рингераја, 10.4.2014
Во потрага по начин за борба против дебелината, научниците дошле до заклучок дека луѓето кои биле дебели како бебиња, имаат големи шанси да останат такви и како возрасни
Клучни зборови:

image
/11


 

Здравото бебе изгледа крупно и црвено, има буцкасти образи и тркалезно стомаче.  Засеците на рачињата и ножињата не се знак дека детето е предебело, бидејќи ги имаат сите нормално хранети бебиња. Како тогаш да знаеме каде е границата меѓу дебело и нормално хрането бебе?

 

Масните клетки се важни 

Педијатрите користат табела за просечната месечна тежина на бебињата, водејќи сметка за возраста и полот на бебето. Телесната тежина, сметаат стручњаците е само една од битните факти за утврдување на дебелината кај децата.

Постојат многу крупни бебиња, со минимални слоеви на сало, додека од друга страна можат да се видат бебиња кои изгледаат буцкасто, но имаат нормална тежна. И на крај, постојат недвосмислено  дебели деца, чија тежина е далеку над просечната, а слоевите на сало им се големи. И така, повторно стигнуваме до теоријата за масните клетки.

И бебињата со нормална тежина, како и несомнено дебелите бебиња, биле кандидати за следната теза: кај децата кај кои има премногу сало, во текот на времето се создаваат повеќе масни клетки отколку што е генетички програмирано и исклучително е тешко да се ослободите од нив.

 

Клучот е во корегираната исхрана

Статистиките потврдуваат дека 30% од дебелите бебиња имаат вишок на килограми и кога ќе пораснат, додека бебињата со оптимална тежина имаат само 5% шанси да бидат дебели. Според тоа, шансите од  дебело  дете да стане дебел возрасен чевек, статистички гледано се шест пати поголеми.

Тогаш кои бебиња имаат неповолна прогноза за подоцнежниот живот? Поважно од зголемениот број на масни клетки во раната младост се навиките за исхрана кои родителите ги создаваат кај децата. Трендот кон дебелеење во најголем број од случаите лежи во семејството, бидејќи детето најчесто јаде само тоа што гледа дека јадат родителите или она што ќе му го сервираат.

На тој начин се наследуваат навиките во исхраната од кои подоцна е тешко да се ослободите. Тоа може да го потврди секој кој бил на диета и кој се определил за некаков начин на симнување на килограмите. Резултатите од испитувањата тоа го покажуваат јасно:

 

-          Децата од семејствата во кои еден од родителите страда од вишок на телесна тежина, во 40% од случаите се исто така дебели.

-          Ако двајцата родители страдаат од дебелина, процентот дека и децата ќе им бидат дебели изнесува 70-80%. Ако на секое плачење на бебето одговарате со храна, уште во најраната младост може да дојде до погрешно урамнотежување на гладот и ситоста.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

7 симптоми на менингитис кои треба да ги з...
Менингитис е болест поврзана со воспаление на заштитните мембрани кои го покриваат мозокот и 'рбетниот мозок. Етиологија...
4
Алергии кај бебе
Алергиите на кожата кај бебињата се чести бидејќи кожата е потенка и почувствителна, со што е подложна на инфекции. Покр...
4
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3
Како да и помогнете на мама кога бебето пл...
Дали навистина знаете каква е ВИСТИНСКАТА поддршка на мајката кога нејзиното бебе плаче и има проблеми да го утеши? Пров...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?