Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Сите сме чуле за радоста и убавината на доењето. Врската која во таа прилика се гради меѓу мајката и детето е единствена. Додека бев бремена, цврсто одлучив дека сакам да дојам. Не се двоумев, не се плашев за да може нешто да ме спречи во одлуката. Дури, се сеќавам, се чудев зошто се крева толкава прашина околу тоа – снимки, совети, групи за помош и поддршка на доењето...Цела наука! Читав за правилните положби, опасностите од компликациите и начините како тие да се спречат. Бев информирана. Знаев дека можат да ми се појават рагади, маститис и добро се упатив во терминологијата и значењето на сите можни поими. Читав за пумпиците, лошите и добрите искуства на жените, за исхраната, ама за се. И секаде се провлекуваше таа позната реченица “повторувајте си себеси дека имате млеко”.
И се породив. Бидна и првиот подој. Во породилното одделение, се разбира – помош ни за лек. Се потсетив на сите on-line часови за доење и немавме проблеми. Ја најдовме вистинската положба и воспоставивме убава “конекција”. Но кога дојдовме дома, далеку од тоа дека се одеше според планот. Проблемот беше во тоа што бебето беше само на цицање. Што јас во градите не чувствував ништо. Ама какво надоаѓање на млекото, какви бујни гради, ништо! Додадете ја на сето тоа неспиеноста и стравот дека бебето е гладно и ете ви рецепт за прекин на доењето.
Во почетокот малку си потпомогнавме со дохрана, според советот на патронажната сестра. Денес знам дека и тоа беше погрешно. Денес, да можам да го вратам времето, единствено тоа ќе го направам поинаку. Не би го дохранувала бебето, туку удобно би залегнала и би уживала со своето бебе, додека тоа ми прави млеко во градите, бидејќи млекото се создава со постојано цицање. Го фрлив шишенцето и успеавме да воспоставиме доење така како што треба.
Нема многу да ви пишувам за конкретните маки низ кои поминував. Нив ги знае секоја мајка, која некогаш помислила дека нема млеко за своето бебе. Всушност тоа и не е целта на оваа приказна. Целта на оваа приказна е да им порача на идните мајки – тешко е. Многу е тешко, напорно и никој не може доволно да ве подготви на стравовите, недоумиците и тешкотиите со кои се соочувате на почетокот. Но доколку останете упорни и истраете, ве чека нешто најубаво на светот. Живеете за моментите кои се само ваши и на бебето, за сознанието дека му давате нешто најдобро од себе, нешто што е најприродно и најприкладно за неговиот развој.
Мислам дека е многу важно да се истакнува важноста на доењето, неговите предности и на сите можни начини да се охрабрува мајката во тој чин. Поддршката е се. Тоа е оној клик кој одлучува дали ќе престанете или ќе продолжите со доење, без оглед на маките. Поддршката е многу важна! Од друга страна, често се потсетувам себеси дека сите мајки не донесле одлука да дојат. Тие можат да се чувствуваат лошо, многу лошо заради ваквите изјави и бескомпромисното инсистирање на доење. Тоа не е и не треба да биде некому цел. Не треба да се осудува и напаѓа дохранувањето на бебето туку да се биде благодарен: токму таа храна спасила и нахранила многу мали животи. Треба само малку повеќе да ги едуцирате жените и опкружувањето, за дохраната да не биде прв избор. Мајките треба да имаат право на избор.
Зошто толку го поддржувам доењето? Пред бременоста и мајчинството не ми беа јасни сите тие жени кои се гордееја со фактот дека дојат. Гооолема работа! И зошто тоа да им се наметнува на другите? Зошто да се фалите со нешто толку природно? А потоа дојде нашиот момент...
Магичен! Не можам да го опишам тоа со други зборови, освен како магија. Моето дете живее и се храни од моето тело, благодарение на мене. Што е тоа ако не е моќ? Јас сум се што му е потребно, единствена храна и живот. Затоа, пред да осудите мајка која со гордост вика: “Јас дојам!” застанете. Доењето е одговорност, грижа и нега. Тоа е сознание дека на своето бебе сте му потребни постојано, секој ден и секоја ноќ. Само вие. Да не можете никаде да отидете, ништо друго да направите, бидејќи вашето мало дете не може без вас ниту еден час. Ќе извикувам гордо “Јас дојам” и тоа како! И сто пати ако треба!
Со оваа приказна сакав да им порачам на мајките дека, колку и да е тешко, доењето е една преубава и магична работа. Дека е вредно за секој труд, секоја мака и секоја солза. Дека треба да се издржи и вреди да се истрае.
Исто така не е крај на светот ако не успеете. Најважна и најдобра храна за нашите деца е љубовта. Од неа најдобро се расте.
Извор: Carapice
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?