|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Добро е да имате тврдоглаво дете?!

Редакција Рингераја, 24.11.2015
Да се има тврдоглаво дете понекогаш е навистина исцрпувачки. Од друга страна, убаво е да се има непослушно и немирно мало дете. Еве зошто

image
/11


 

Панталоните можат да бидат искинати, блузата извалкана, косата неуредна, но силниот дух мора да остане недопрен. Тоа е накратко пораката која ја испраќа една мајка – новинарка на Independent, Louren Knight, која има син со силна волја.

Оливер е тип на момче кое не сака да му ја скратат косата и тоа јасно и го дал до знаење на својата амбициозна мајка.

“Не давам да ме стрижите. Никогаш. Мамо, одговорот е никогаш”, со тие зборови одбил на ги задоволи мајчините молби да ја скрати косата.

Оливер не е проблематичен, ниту тежок. Да се биде во негово друштво всушност е убаво, бидејќи е дарежлив и нежен. Забележува работи кои на другите ќе им побегнат од вид. Креативен е и бистар. Меѓутоа, кога не се согласува со нешто, тврдоглав е како маска.

“Toj не сака да биде послушен кога тоа се бара од него. Ќе не послуша само кога она што го бараме од него за него има смисла. Понекогаш е вистински предизвик да се биде негов родител”, го опишува Louren својот син.

 

Малите тврдоглавци израснуваат во вистински водачи

Да се има тврдоглаво дете понекогаш е навистина исцрпувачки. Од друга страна, убаво е да се има непослушно и немирно мало дете. Имено, децата кои пркосат на авторитет и не прифаќаат статус кво без добри аргументи, навистина се интелегентни и способни да размислуваат вон зададените рамки. Тоа е одлика на успешните луѓе и гаранција за личен напредок во животот.

Лаура Маркам е психолог на Универзитетот во Колумбија. Таа тврди дека тие малечки тврди ореви ќе израснат во силни индивидуалци и вистински лидери. Таквите деца се отпорни на меѓугенерациската конкуренција, а тоа што го сакаат и го постигнуваат. Тоа се деца кои сакаат да учат сами и да ги совладуваат вештините и не се потпираат на помошта на другите. Таквиот став подоцна се пренесува и на меѓучовечките односи. Тоа се мали личности кои не се импресионираат лесно, бидејќи сами избираат кој ќе им биде важен во животот, а кој нема да им остави никакков впечаток.

 

Послушноста не е секогаш посакувана особина

Најекстремниот пример за послушност датира од Втората Светска војна, кога германскиот народ без поговор го следел својот водач, кој своевремено изјавил: “Ние сакаме послушен народ, па согласно на тоа послушноста треба да се вежба.”

Психологот Alice Miller,  која го проучувала профилот на водачот на третиот Рајх, објаснува како сите тие  во детството морале да бидат многу послушни. Послушноста во нивните семејства била сметана за доблест. Она што следело имало катастрофални последици врз целиот свет. Послушниот народ го следел својот водач без поговор, се срушил колективниот морален кодекс, а милиони животи се изгубиле во војната. Прашањето на моралот од една страна и послушноста од друга страна е многу важно. Секако, децата мораат да бидат послушни кога се во животна опасност.

Послушноста мора да биде резултат на доверба, а не на скршена волја. Ако сакаме нашите деца да бидат послушни, бидејќи ни веруваат дека работиме во нивен најдобар интерес, тогаш не е добро да им ставаме страв во коски и да ги казнуваме.

Ние сакаме децата да ни израснат во здрави индивидуалци, кои можат самостојно да носат исправни одлуки.

Панталоните можат да бидат искинати, блузата извалкана, косата неуредна, но силниот дух мора да остане недопрен.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Комбуха – „Чај на Бесмртноста“
Комбухата е здрав напиток кој се прави од јапонска чајна габа – комбуха. Комбухата се користела во Источна Европа, Русиј...
5
Неговото височество – антибиотикот ЛУК!
Ако морате да изберете само едно растение кое треба да го имате во својот дом, тоа дефинитивно треба да биде ЛУК
5
Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
4
Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?