|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Добриот појадок помага при забременување

Редакција Рингераја, 22.10.2013
Нова студија на истражувачите од Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим и Универзитетот во Тел Авив, покажува дека добриот појадок може да има позитивно влијание на жените кои имаат проблем со плодноста

image
/11


 

 

Истражувањата извршени во последните години, поврзани со исхраната, покажуваат дека на телесната тежина не влијае само бројот на внесени калории, туку и прашањето кога се внесуваат тие калории.

Ова истражување покажува дека обилниот појадок ја подобрува плодноста кај жените со нередовна менструација.

Студијата се занимавала со прашањето дали времето на оброк  влијае на здравјето на жената со нередовна менструација, предизвкана од синдром на полицистични јајници. Со овој синдром  се погодени од 6-10% од жените во репродуктивниот период и тоа негативно влијае на нивната плодност.

Синдромот на полицистични јајници создава отпорност на инсулин, што доведува до зголемување на бројот на машките хормони, а исто така може да предизвика нередовна менструација, опаѓање на косата, акни, проблеми со плодноста и дијабетес.

Експериментот е извршен во медицинскиот центар Волфсон на 60 жени во период од 12 недели. Жените биле на возраст меѓу 25 и 39 години, со мал индекс на телесна маса и имале синдром на полицистични јајници.

Жените биле поделени во две групи и им било дозволено да внесуваат околу 1800 калории дневно. Разликата меѓу двете групи било времето кога го имале најобилниот оброк.

Едната група имала најголем оброк, околу 980 калории, за време на појадок а другата за време на вечера. Истражувачите сакале да испитаат дали времето на внесување на калориите влијае на отпорноста на инсулин и порастот на андрогени меѓу жените со полицистични јајници.

Резултатите, кои неодамна се објавени во списанието Clinical science, покажале подобри резултати кај групата која имала обилен појадок. Покрај тоа, во првата група е забележан многу поголем број жени со овулација, отколку во втората група, што покажува дека обилниот појадок доведува до зголемување на нивото на плодност меѓу жените со синдром на полицистични јајници.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што значи крварење во средина на циклусот?
Spotting, или крварење во средина на циклусот е нормална појава и се јавува за време на овулација
4
Следење на овулација–промени на грлото на ...
Како да ги одредите плодните денови со пратење на грлото на матката?
3
Кој треба да се лекува со IVF(или ISCI) и ...
Во нашата земја околу 15% од брачните парови се неплодни. Денес 60 - 70% од неплодните брачни парови се одлучуваат за по...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?