|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детето се уште не зборува. Што да правам?

Редакција Рингераја, 22.9.2022
Секој родител со нетрпение очекува неговото дете да ги изговори првите зборови и да се научи да именува што сака и што го мачи
Клучни зборови:

image
/11


Во последните години се забележува тренд на подоцнежно прозборување на децата. И додека нашите родители се сеќаваат како на една година ние сме изговарале вешто со неколку зборови, а на година и половина веќе сме формирале фрази од зборови, нашите наследници на оваа возраст упорно молчат.


Експертите советуваат да се набљудува мирно развојот во третата година и задоцнетите со говорот да не се прогласуваат за болни, но и да не се занемарува доцнењето  во оваа област.

Токму во третата година настанува неверојатна промена - неодамна молчаливото дете прави огромен чекор напред и се претвора во неуморен дрдорко.

Стапките на формирање на говорот кај секое дете се индивидуални. Во денешно време постои значително отстапување од возрасната норма. Ако детето е на 3-4 години и има проблеми со развојот на говорот, тогаш е потребна стручна помош, бидејќи е малку веројатно да се справи само.


Најчестиот проблем за тешкото прозборување е  т. н. синдром врзано јазиче. Кај него френулумот кој го поврзува долниот дел на јазикот со основата на устата, е пократок од нормалното.

Оваа кратка кожичка создава тешкотии со изговорот на гласовите, а  најмногу на буквите "р", "с", "д", "л", "т". А кога детето ќе почувствува проблем, тоа се пренесува прилично лесно. Всушност, кај децата кои подоцна проговориле тоа се испоставува водечка причина за овој проблем.

Имајте на ум дека забавениот говор треба да се разликува од доцнењето на психомоторниот развој. Темпото на развој на говорот е индивидуално. Не заборавајте дека момчињата обично заостануваат од девојчињата во јазичниот развој за 4-5 месеци.

Покрај тоа, без разлика каков пол е вашето дете, тоа само може да смета дека е  непотребно да се обидува да влезе во комуникација со возрасните.

Овој феномен е чест, бидејќи тоа успева да комуницира со своите родители  благодарение на различни знаци и звуци и конечно го добива она што го сака.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
5
Избираме најубава творба: Ангелина Делова
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Ангели...
5
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
4
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?