|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Десет совети како да бидете добра мајка

Редакција Рингераја, 28.4.2014
Секоја мајка барем еднаш се запрашала дали е добра во таа улога , дали прави се' како што треба, или може да биде уште подобра. Тоа е сосема природно и нормално. Многу жени мислат дека треба да се трудат повеќе и да даваат повеќе од себе
Клучни зборови:

image
/11


 

Доколку и вие сте се нашле на тој пат и сте имале слични несигурности, размислете за следните десет совети кои би можеле да ви помогнат да ги надвладеете негативните чувства и да уживате во својата улога на мајка.

 

Ослободете се од внатрешниот критичар

Не се споредувајте со други мајки, бидејќи секоја има различен стил на воспитување. Секоја мајка  постапува во склад со своите уверувања и животни вредности – и тоа е во ред. Вие сте единствени исто како што е единствено и вашето дете – па таква треба да биде и филозофијата на воспитување.

 

Не се трудете да бидете совршена, туку бидете доволно добра мајка

Многу мајки често имаат чувство дека даваат се' од себе, но дека тоа е го прават доволно добро. Ослободете се од тоа чувство и нека не ве гризе совеста, бидејќи не сте во можност на детето да му купите совршена кукла, туку потсетете го детето на моментите кои ги поминавте заедно додека двајцата ја шиевте куклата.

 

Ставете се себе на прво место

Стјуардесите прво ставаат заштитна маска на своето лице и за тоа постои добра причина! Доколку сте премногу исцрпени, гладни и ненаспани – нема да можете да го дадете најдоброто од себе. Погрижете се да имате време за себе и за своите активности. Среќна мајка значи среќно дете.

 

Помалку е повеќе

Децата нема да се сеќаваат на сите детали, на кои многу мајки обрнуваат внимание. Не е важно со каков вкус е роденденската торта и дали кутијата е полна со играчки. Важна е блискоста, контактот и вниманието, ситница со која покажувате колку го познавате своето дете.

 

Клучот е во комуникацијата

Комуникацијата не значи само разговор, туку и учество во заедничките активности, слушање музика, читање книги и прошетки. Потрудете се да знаете кои се интересите на детето во секоја различна фаза и бидете му поддршка во тоа.

 

Поминувајте време насамо со детето

Независно дали имате едно или повеќе деца, погрижете се на секое дете поединечно да му посветите  малку време. Овозможете му на детето дел од денот во кој ќе може да ви се довери и отвори со некои проблеми, кои му е непријатно да ги соопшти пред остатокот на семејството.

 

Променете ги своите уверувања

Секоја мајка, сакајќи да го признае тоа или не, има совршена слика за своето дете: од неговиот изглед, стилот, интересите и начините на изразување. Меѓутоа, децата често пати не се наоѓаат во тие очекувања и тогаш е ред да ги пуштите да бидат личности какви што сакаат да бидат и да го прават она во што уживаат.

 

Не морате да направите се'

Ако се трудите да бидете Супер мајка,која стигнува да направи ручек, да отиде на работа, да напредува на работа, да одработи прекувремено, да се врати и да направи вечера, да чита приказни, да отиде во прошетка, да вежба и да ги избрише прозорците...Едноставно, сето тоа е невозможно.

 

Дисциплинирајте ги децата според заслугата

Водете се според правилото дека казната мора да одговара на направената грешка. Доколку имате постаро дете прашајте го што мисли за направеното, а доколку имате помало дете сами одлучете како ќе постапите.

 

Дозволете им на децата да грешат

Не ги исправајте фрешките на своите деца. Дозволете им да грешат и да научат од тоа. Покажете им ја насоката, разговарајте и погрижете се за тоа  да се соочат со сопствените грешки и со неправдата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Инхалација или сируп?
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или довол...
8
Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
5
Ако не знаевте, вакви мајки никој не сака!
Во прилог е список на девет иритантни работи кои ги прават мајките, а ги излудуваат децата и другите мајки
4
Губење на здивот (зајдување) кај децата
Губење на здивот е кога детето ќе остане без здив се додека ја изгуби свеста. Се случува кај едно од 20 деца
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?