|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Децата во зима да се бањаат еднаш на три дена?!

Редакција Рингераја, 19.1.2021
Децата не треба да се бањаат секој ден, посебно не во зима, доволно е еднаш на три дена. Потребно е секојдневно одржување на хигиената на гениталиите и тоа само со млака вода, со минимална употреба на сапун или шампон

image
/11


Околу овој, неодамна утврден став се согласија неонатолозите, педијатрите и дерматолозите бидејќи претераната употреба на детска козметика може да доведе до сушење на кожата, разни иритации и појава на егземи, кои во повеќето случаи се јавуваат во зима.


- Во зимскиот период кожата на луѓето, а посебно на децата  побавно создава сопствен кожен крем, така што по миењето побавно се враќа нејзината влажност. Затоа во зима е потребно помалку да се бањаме, а повеќе да ја негуваме кожата со хидратантен крем. Со ваквиот крем треба да се заштитат и откриените делови од телото на детето, при престој на снег. Детето кое има егзема треба да се одведе кај дерматолог. Покрај хидратантниот крем треба да се употребува и мрсен крем, посебно на ниски температури.


Докторите препорачуваат бањање со маслени купки кои имаат PH вредност прилагодена на PH вредноста на кожата. Кај деца кои имаат сува кожа и кожа склона на егзема, по бањањето се советува целата кожа да се намачка со неутрален емолиентен крем. Ваков третман треба да се повтори два пати во текот на денот. Кожата на лицето и рацете треба да се мачка неколку пати во текот на денот – советува Др. Милош Николиќ.
Избегнувањето на секојдневното бањање треба да се применува од раѓање, посебно кај деца кои имаат семејна склоност кон алергии и егземи.


- Некогаш се инсистираше на секојдневно бањање во кадичка полна со пена. Во породилните одделенија бебињата се бањаа со топла вода и сапун, а кожниот слој се отстрануваше со парафинско и обично масло. Се сметаше дека тој кожен слој може да биде извор на инфекции. Но искуствата го докажаа спротивното. Природата се погрижила за заштита на детската кожа. Тој слој всушност го штити бебето од инфекции и ја одржува температурата на телото. Со неговото отстранување се нанесуваат микроповреди на кожата кој можат да го отворат патот на бактериите – објаснува доктор Драгомир Бранковиќ, началник на одделението за неонатологија.
Најважно од се' е да не се претерува со употреба да козметика која може да предизвика оштетување на кожата, нејзино сушење и појава на егземи и алергии. Мајката не треба да го чисти газето на бебето со влажни марамчиња, бидејќи не се стерилни. Детето треба да се измие така што водата ќе тече надолу по нозете, а потоа да се избрише со благо тапкање со крпа.



Алергија и сува кожа


Приближно секое петто или десетто дете има конституционална сува кожа и потекнува од семејство во кое е изразена склоноста кон алергии.
На оваа група на деца со таканаречена aтописка конституција,  потребна им е поголема нега. Нивната кожа е сува бидејќи во сопствениот кожен крем недостасува една масна киселина. На пазарот постојат голем број на препарати наменети за нега на кожата на бебето кои ја содржат оваа масна киселина која недостасува. Тие ја чуваат влажноста на кожата и треба да се применуваат редовно.
За атопичарите идеално бањање е во маслени купки и со маслени гелови за туширање бидејќи овие производи не ја одмастуваат кожата во текот на бањањето.
Други проблеми кај децата склони кон атопичен дерматитис е зголемената наклоност кон бактериски инфекции, пред се' стафилококи кои во значително голем број се населуваат на сува кожа. Кај децата кои се склони кон егземи потребно е повремено да се употребуваат средства за бањање кои на неагресивен начин го отстрануваат вишокот на стафилококи. Во главно се користат препарати на база на јон, бакар и цинк.



Препораки за здрава кожа на бебето


- бањање секој трет ден
- употреба на сапун или шампон со PH вредност 5,5
- бањање со минимална употреба на сапун и шампон
- миење на газето и гениталиите со млака вода
- редовна промена на пелени
- исфрлање на влажните марамчиња од употреба

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Чистотата е половина болест?!
Антибактерискиот сапун не е најдобар пријател на Вашето дете и доколку му посакувате добро здравје, потрудете се од најр...
3
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3
Пример за правилни фотографии - Ѕвезда на ...
Проверете како да направите правилна фотографија за натпреварот Ѕвезда на бебе календар за 2022 година спонзорирана од J...
3
Како да се грижите за папочето на бебето?
Папочната врвца треба да падне во одреден временски период и важно е добро да се грижите за него. Погледнете како.
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?