|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Децата и пролетното сонце

Редакција Рингераја, 10.5.2012
Сите едвај ги чекаме сончевите денови за да се прошетаме на мир и да уживаме со децата на пролетното сонце. Стручњаците препорачуваат заштита и од пролетното сонце. Еве што мора да знаете

image
/11


 

 

Сончевото зрачење е опасно во тек на целата година

Сончевото зрачење содржи ултравиолетови зраци, кои се опасни во тек на целата година. Факт е дека се најопасни во текот на летниот период, но и самите сме сведоци дека и пролетното сонце знае да не испржи. Затоа децата треба да се чуваат од сонцето пред и по летото.

 

Претпладневното пролетно сонце не е благо како што се мисли

Децата не треба да се изложуваат на сончевите зраци по десет часот претпладне бидејќи УВ зраците тогаш почнуваат да напаѓаат. Малите деца треба да се штитат од сонцето во периодот од 10-17 часот, а во лето и до 18 часот. Иако е пролет, треба да се избегнува подолг престој на сонце во периодот од 13 – 16 часот.

 

Облеката не е доволна, потребен е крем со заштитен фактор

Пролетното сонце е јако. На децата им е топло, па ако ги претоплите (ако им ставите дуксерица над кратките ракави) ќе се соблечат и ќе бидат изложени на штетните УВ зраци. Затоа задолжително намачкајте ги децата со крем со заштитен фактор пред да излезат на сонце! Користете крем со заштитен фактор кој не е помал од 25, а штом ќе наближи летото, факторот треба да биде поголем.

 

Иако Вашето дете е со темен тен, потребна му е заштита

Факт е дека луѓето со потемен тен имаат поголема отпорност на сонце, благодарејќи му на меланинот (кожниот пигмент) и дека децата со светол тен  навистина полесно ќе изгорат, но тоа сепак не е потполна заштита. УВ зрачењето ја оштетува и темната кожа, па заштитниот крем е задолжителен и за децата со потемен тен.

 

Не заборавајте капа

Каде што има сонце, таму оди и капа. Одберете светла боја (најдобро бела), бидејќи темните бои ги привлекуваат сончевите зраци и непотребно ја зголемуваат температурата врз детската глава. Ставете му на своето малечко капа  пред да излезе надвор, па нема ни да забележи дека му стои на главата.

 

И кога е облачно детето може да изгори

Густите облаци штитат од сонцето, но тогаш имаме и пролетен дожд, па нема дилема! Кога станува збор за шарени облаци, а нив ги има најмногу во пролет, тогаш мора да знаеме дека УВ зраците лесно поминуваат низ нив, па децата мора да ги заштитите од сонцето.

 

Сонцето е особено опасно на планина

Планинското сонце е поопасно бидејќи воздухот е поредок, па УВ зрачењето е појако. На планина е посвежо и попријатно. Со самото тоа се стекнува впечаток дека сонцето е послабо. Заради тоа е потребно да го чувате детето од сонце.

 

Не ги заборавајте наочарите

Очите страдаат на јако сонце, а посебно е опасно директното гледање во сонцето, што некои деца уживаат да го прават. Квалитетните заштитни наочари се благотворни за малите деца, а бидејќи се добар моден детал – нема причина за избегнување. Децата брзо ќе ги засакаат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Мирис на ацетон од детската уста
Се работи за доста чест проблем на малите деца, а причините можат да бидат различни. Со тек на растењето симптомите се н...
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?