Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Најдобро би било кога секоја жена може да си го испланира времето на забременување, а при тоа одредена состојба или болест кај истата се исконтролира или искорегира (на пр. хронични срцеви болни, шеќерна болест, бубрези, астма, епилепсија и др.) и бременоста се износи до крај без компликации за мајката и детето. Но не е секогаш така. Повеќето пациентки доаѓаат за утврдување на бременост.
Најчесто препишувани лекови кај бремена жена се:
- фолна киселина, најдобро е жената да почне да ја зема уште пред забременување и да продолжи откако ќе забремени, особено во првиот триместар во бременоста како превенција на аномалии на невралната туба кај фетусот;
- лекови кои што содржат железо, се препишуваат кај бремени жени со намалени вредности на железото во крвта и хемоглобинот;
- повеќевитамински препарати, се препорачуваат ако бремената жена не внесува доволно витамини преку исхраната.
Сите овие лекови се безбедни во текот на бременоста. Кај бремените жени пак, со претходно утврдени хронични болести за кои земаат постојано соодветна терапија вообичаено ја продолжуваат истата и за време на бременоста, можеби со соодветна корекција на дозата на лекот. Таквите болести веќе ги споменавме: хронично болно срце, шеќерна болест, епилепсија, астма, болести на бубрезите и.т.н. Кај овие бремени жени неопходно е во текот на бременоста да се направат неколку контроли кај содветен субспецијалист, што значи пристапот е тимски. Со сигурност може да се каже дека прекинот на лекови што овие жени ги земаат за соодветната болест, може да им наштетат и на нив и на бебето.
Одредени пак состојби или болести што ќе се појават во тек на бременоста мора соодветно да се третираат без ризик на плодот. Тоа најчесто се:
- Гадење и повраќање на почетокот на бременоста за која што лекарот може да препорача соодветен диететски режим, витамин Б6 кој жената не смее да го зема во поголеми дози од пропишаните.
- Болка и температура (при настинка и грип) -безбедно е земањето на ацетаминопхен во краток период. Не е безбедно долготрајно земање ацетил салицилна киселина во големи дози, особено во третиот триместер на бременоста. Треба да се избегнува долготрајна употреба на антивоспалителни лекови.
- Инфективни болести кои бараат антибиотска терапија -безбедни антибиотици во тек на бременост се од групата на пеницилини или цефалоспорини ако жената не е алергична на некои од нив. Не се безбедни лековите од типот на тетрациклини, како и лекови од групата Ципрофлоцсацини и др. антибиотици.
- Тврда столица (запек, опстипација), не се безбедни лекови или чаеви кои делуваат на хемиски начин и го забрзуваат мотилитетот на цревата. Се препорачува тоа да се регулира со исхрана која содржи многу растителни влакна (целулоза).
- Проблеми со варење на храната, се препорачува диететски режим, а не регулирање со лекови.
- Бактериолошки докажана вагинална инфекција, се препорачуваат соодветни вагинални таблетки, кои се избегнуваат во првиот триместер на бременоста додека трае формирањето на органите кај плодот (органогенеза).
Посебно внимание се обрнува на забраната за употреба на цигари, алкохол и дроги во текот на бременоста. Употребата на алкохол кај бремена жена може да предизвика фетален алкохолен синдром. Тоа се јавува најчесто кога употребата на алкохол е долготрајна. Симптоми на фетален алкохолен синдром вклучуваат промени на лицето на детето, проблеми во однесувањето, ментална ретардација, срцеви проблеми, проблеми со бубрезите и сл. Овие промени можат да бидат доживотни. Употребата на цигари не се препорачува за време на бременоста, бидејќи влијае врз растот на бебето. Истиот ефект се предизвикува и ако трудницата престојува во простории каде што постојано се пуши. Не е мудро да се употребуваат и високи дози на кофеин.
Амфетамините пак може да предизвикаат забавен раст на плодот, предвремено породување и мозочни проблеми. Жените кои употребуваат кокаин во текот на бременоста се изложуваат на висок ризик за предвремено породување, спонтан абортус, предвремено одлепување на постелката, забавен раст на фетусот и оштетувања на фетусот. Наркотиците (морфин, кодеин и хероин) може да предизвикаат намалени рефлекси на бебето кога ќе се роди. Употребата на марихуана може да предизвика леукемија кај новороденото и негов забавен понатамошен раст. Во текот на бременоста треба се избегнуваат и вакцините.
Наша препорака до бремените жени и идни мајки е да се грижат за своето здравје, а со тоа и за здравјето на своето дете, со тоа што секогаш земање на било каков лек да биде во договор со својот гинеколог.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?