|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Чување на замрзнатата храна

Редакција Рингераја, 24.9.2010
Храната обработена со замрзнување е најслична на свежата храна. Со тој процес се скратува времето за готвење, се намалува времето за нивно варење и продуктите се достапни во текот на целата година.

image
/11


Замрзнувањето е постапка на обработка на продуктите со помош на ниски температури. Така се запираат биохемиските и ферментациски промени, како и дејството на микроорганизмите. Со оглед на тоа што процесот на замрзнување е брз не можат да се формираат ледени кристали кои би ја оштетиле структурата на клетките. Токму заради тоа, на овој начин може да се сочуваат повеќе витамини и минерали, отколку со било кој друг метод.

Исто така, многу често се замрзнува и остатокот од продуктите, или од приготвената храна. Меѓутоа, не можат сите продукти да се замрзнуваат.

 

Подготовка на храната за замрзнување

♦ Садовите никогаш не ги полнете до врв, бидејќи замрзнатата храна има поголема запремнина.

♦ Пред затворање на ќесата, во која храната ќе биде замрзната, истиснете го воздухот бидејќи ја суши храната, па може да дојде до оксидативни процеси кои создаваат непријатен мирис.

♦ Од месото отстранете ја кожата и мрснотијата, бидејќи тие го скратуваат рокот на траење.

♦ Некои продукти не е препорачливо да се замрзнуваат: мајонез, варени јајца, сите врсти салати, свеж домат, варен компир. Сувомеснатото месо го губи вкусот, а сланината станува тегава.

 

Замрзнување на приготвена храна

Важно е да се придржувате на одредени упатства:

- сол и зачини се додаваат кога храната ќе се одмрзне

- не употребувајте премногу маснотија во подготвувањето на храната

- печива и колачи можат да се замрзнуваат сирови или печени

- торти и сочни колачи мораат да се замрзнат веднаш по печењето

- не е препорачливо одмрзнатата храна повторно да се замрзнува

 

Млеко и млечни производи

Се препорачува замрзнување само на пастеризирано млеко, кое треба да се одмрзне во фрижидер. Путер и маргарин се замрзнуваат во алуминиумска фолија, а истото важи и за сирењето, кое исто така треба да се одмрзне во фрижидер и да се потроши за неколку дена. Киселото млеко, јогуртот и павлаката не се погодни за замрзнување

Месо

Месото е продукт кој најдобро поднесува замрзнување. Месото може да се одмрзне делумно или потполно, што зависи од начинот на подготовка. Најдобро е да се одмрзне во фрижидер (12-24 часа). Никако не замрзнувајте одмрзнато месо, бидејќи бактериите можат да почнат да се размножуваат за време на, или по одмрзнувањето, а повторното замрзнување може да се одрази на квалитетот на месото.

Риба

Рибата може да се замрзне сирова, варена или печена. Препорачливо е да биде посна, бидејќи мрсната риба има пократок рок на траење во замрзнувач (околу 3 месеци). Најдобар начин на пакување на свежа риба е во алуминиумска фолија. Замрзнатата риба треба да се одмрзне во фрижидер (12-24 часа)

Овошје и зеленчук

Квалитетот на замрзнатото овошје и зеленчук, зависи од неговиот квалитет како свежо овошје, па така овошјето од Вашата градина е најдобро за замрзнување. Скоро сите врсти можат успешно да се замрзнат, освен оние кои содржат поголема количина на вода (домат, краставица, зелена салата, роквици) бидејќи при замрзнувањето мразот ја уништува нивната структура.

Пред да се замрзне зеленчукот треба добро да се измие под млаз вода и да се бланшира (краткотрајно потопување во врела вода)Ова е многу важно, бидејќи ја забавува, или стопира активноста на ензимите. Тие се значајни за растот и зреењето на зеленчукот и ако нивната активност не се стопира, зеленчукот ги губи бојата и вкусот, се стврднува и станува невкусен, во рок од неколку недели по замрзнувањето.

Непосредно по бланширањето, зеленчукот треба да се измие со ладна вода, за да се запре процесот на варење. Штом се излади, зеленчукот се става во пластични кутии, или кеси, кои треба што поскоро да се стават во замрзнувач.

Пред замрзнување на овошјето – како малини, боровинки, капинки и вишни...добро е да го посолите со шеќер, како би се задржал вкусот. При подготовка на пити и колачи, овошјето не треба да го одмрзнувате.

 

Време на чување на замрзнатата храна

• Млекото и тврдо сирење може да се чуваат замрзнати до шест месеци, а путер до девет месеци.

• Свинското и телешкото месо не би требало да се чуваат подолго од шест до девет месеци, пилешкото и говедското можат да останат во замрзнувач до 12 месеци. Шунката и сланината треба да се потрошат во рок од еден месец. Посна риба може да се држи во замрзнувач до шест месеци, а мрсна до три месеци.

• Овошјето и зеленчукот може да стојат во замрзнувач од 8-12 месеци

• Готвени јадења од зеленчук може да стојат во замрзнувач до четири месеци, а оние кои содржат месо и риба – до три месеци.

• Леб и печива се чуваат замрзнати до шест месеци, како и печени ситни колачи, а торти и пити до четири месеци.

Одмрзнување

- Месото треба да се одмрзнува во фрижидер. Ако немате доволно време, кесата со месо ставете ја под млаз ладна вода

- Не одмрзнувајте храна во топла вода.

- Не ја одмрзнувајте храната на отворено, користете фрижидер или млаз вода, бидејќи храната која стои на собна температура повеќе од два часа, не е во сигурна температурна зона (опасната температурна зона е помеѓу 5 и 60 степени)

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4
Колку сон им треба на бебињата? Табела за ...
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој пост ќе ве научи колку спиење му е потребно на ва...
4
Зошто појадокот не смее да се прескокне?
Појадокот е всушност најважниот и најкорисниот оброк во денот, освен ако не се состои од благо бело пециво.
4
Таблетите заменете ги со насмевка
Човечкиот мозок за време на смеењето во крвотокот излачува хормони кои дејствуваат на намалување на болката. Затоа се см...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?