|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Чудесната приказна на храбрата Надина

Elameri SKRGIC-MIKULIC, 20.6.2014
Животна приказна на храбрата Надина, која по смртта на сопругот одлучила да роди и добила близнаци...
Клучни зборови:

image
/11


 

Дали некогаш ви се случило да стоите мирно пред човек, пред неговата љубов, чистина, праведност, гордост и начинот на кој сето тоа го толкува? Дали некогаш сте се засрамиле од сопствената потреба да се сведете на рацио и да се почувствувате осиромашени за заносот кој може да го постигне само чистото и храбро срце? Мене тоа ми се случи пред само неколку денови, кога во Маглај ја посетив Надина Софтиќ и нејзините близнаци Мерима и Давуд.

 

Бев помала од маково зрно. Ќе ви го раскажам тоа низ најубавата љубовна приказна на нашето време, кое го одбележуваат неверства, разводи, телесен и сексуален разврат, жени и мажи пред кои луѓето потклекнуваат. Но не и Надина...

Нејзината љубов била поголема од леукемијата која го однесла животот на нејзиниот сопруг во само 15 дена. Како? Замрзнатиот примерок на генетскиот материјал, кој го оставиле во надеж дека Јасенко ќе оздрави, било единственото вредно нешто за живот, откако последен пат му ја пуштила раката и му го бакнала лицето.

Никој не застанал на патот на нивната желба да имаат деца, законот не ги спречувал, неговите и нејзините родители биле согласни...И денес, две години по тажното и прерано заминување на нејзиниот сопруг, таа ги одгледува нивните близнаци. И Јасенко не исчезна, барем не до крај. Тој секој ден е тука, во намрштеното лице на Мерима и во погледот на Давуд...

 

Но, да почнеме од почеток. Надина ќе ви ја раскаже нивната приказна. Да бидам искрена, јас само го држев диктафонот и плачев.

-          Јасенко и јас се познававме последните 10-11 години, но така како што се познаваат луѓето од малите градови. Знаев каде излегува и понекогаш се гледавме на тие места. Разговаравме преку интернет скоро секој ден, некогаш и по цел ден и секогаш имавме за што да зборуваме. Уште тогаш знаевме дека сме најсродните души на светот, но многу работи не запираа. Мислам дека беше 2008 година кога отидов на море, на нашиот Јадран со една пријателка, а тој беше со родителите во едно мало место блиску до нас. Мојата пријателка имаше дете, па ни се придружија и нејзината сестра со зетот, па мене ми беше малку досадно. Дознав дека е во близина и се допишувавме. Ми објасни како да дојдам до местото каде што е и да излеземе – се потсетува Надина на почетокот на нивната љубов, која и го обележа животот.

Така започнало нивното поинтимно дружење. Сепак, во тоа време и двајцата имале врски и не сакале никого да повредат.

-          Јасенко беше многу чесен човек, сакаше се да биде чисто за ние двајцата да се обидеме нешто.  Помина и цела година од тоа наше недефинирано дружење. Јас му се допаѓав нему, тој мене, но чекавме подобри времиња. Во почетокот на 2009 година, завршивме со нашите врски. Во тоа време завршив Економски факултет. И тој го заврши Сообраќајниот факултет во Добој, град за кој сме сентиментално врзани.

Во Добој ја запросил. По неговата трема Надина претчувствувала што подготвува, но се правела луда.

-          Реков дека сакам, секако и двајцата се издишивме како да ни падна некаква тежина. Тој низ смеа раскажуваше како цело време мислел дека ќе дојде келнерот и се ќе му упропасти.  И така се веривме во декември, а во јануари веќе се венчавме. Не сакавме голема свадба, ниту ја разгласивме премногу нашата одлука и направивме добро. Венчавката беше како од бајките, интимна и во релаксирачка атмосфера – со насмевка се потсетува Надина на убавите времиња.

И двајцата доаѓаат од скромни семејства. Неговите во тоа време биле пензионери, а во семејството на Надина работела само мајка и. Сепак родителите на Јасенко ја платиле венчавката, а таткото на Надина сакал да имаат свој меден месец, па им уплатил викенд на Власиќ.

-          Бевме среќни како да одиме не знам каде. Си направивме најголемо задоволство. Во суштина, кога со некого се сакаш, не е важно каде си, важно е да сте заедно. Тие два дена не би ги заменила со 20 дена на Хаваи, раскажува Надина.

Така започнал нивниот заеднички живот, најпрво кај родителите на Јасенко, а подоцна во куќата на тетката на Надина, која живеела во странство.

-          Беше во пролетта 2012 година кога се преселивме во куќата на мојата тетка, каде го поминавме нашето прво и последно заедничко лето, сами. Потоа дојде есента и маките околу вработувањето. Во тоа време само тој работеше како професор, но му истече договорот и постоеше опасност да не му го продолжат. И така тоа оди кај нас, почнаа интервенции за личност која не ги исполнуваше условите како мојот Јасенко. И тој, пре горд за да се жали, го препушти работното место. Но јас сум поинаква, не поднесувам неправда, а кога ќе ја почувствувам, на глава ќе се превртам за тоа да го променам. Се растревоживме, останавме без никакви примања и многу тешко ни падна тоа. Јас се обидов да најдам работа на стотина места, но не ми одеше.

Борбената Надина се жалела во негово име во Министерството за правда и успеала да ја изнесе вистината на виделина. Во училиштето била утврдена неправилноста.

-          И повторно, бидејќи кај нас така бива кога некого ќе притиснеш, на крај и мене ми понудија цели два часа по дактилографија, што месечно беше околу 80 КМ. Тоа не ни беше никакво решение, па мојата роднина ми понуди да појдам во Германија на некој месец за нешто да заработам. Но сега, кога ми го вратија мажот на работа, мене не ми се одеше во Германија, но мојот Јасенко не ми дозволи да го изневерам ветувањето. Не ми се одеше од мажот и од домот, многу сум за тоа врзана. Се уште сум. Не можам за него да зборувам во минато време, раскажува Надина.

Јасенко успеал да ја наговори да замине во Германија.

Тоа беше  на 16. октомври а тој се разболи во првата недела од ноември. На почетокот личеше на настинка, но него не му спаѓаше температурата.

-          Се слушнавме по Skype и му реков да оди на доктор, бидејќи времето за настинка ми беше предолго. Докторот забележал некое грозно воспаление на грлото и му рекол да направи испитувања на крвта. Потоа добил повик од лабораторија од каде му рекле да дојде уште еднаш да му земат крв, бидејќи добиле ненормални резултати. Тој прашал што е толку ненормално, а тие му кажале дека досега не сретнале толкав број на леукоцити во крвна слика и дека веројатно е грешка. Кога ги повторил испитувањата, бројот на леукоцити се зголемил за двојно во тие неколку часови. Можевме да претпоставиме што е, но кога си во шок, почнуваш да се тешиш. Јас веднаш тргнав од Германија, а него го испратија во Зеница. Стигнав на 13. ноември, кога тој веќе беше во Сараево, раскажува Надина.

Докторот кој го примил во Зеница го прашал дали е оженет и му предложил да замрзне примерок од сперма, бидејќи по хемотерапијата, квалитетот на спермата ќе биде значително полош.

-          Двајцата бевме скршени кога се видовме во Сараево. Докторите беа сосема искрени кон нас и ни кажаа дека се работи за акутна моноцитна леукемија и дека борбата за живот ќе биде секојдневна, но ние ете се надевавме. Се надевавме со сето срце и душа, а помислата на пораз не доаѓаше во предвид.

Јасенко и раскажал за предлогот на докторот од Зеница за замрзнување на сперма и се распрашале за тоа на клиничкиот центар во Сараево. Лекарот им одговорил дека не е време да се мисли на тоа бидејќи животот на Јасенко е во опасност. И тие се исплашиле.

-          Нашиот кум ни раскажа дека слушнал за клиниката Бахчеци која се занимава со тоа. Се консултиравме со тамошните стручњаци кои ни дозволија, со оглед на состојбата на Јасенко, да извадиме примерок во клиниката во Сараево, за да не доаѓаме кај нив. Зедов прибор и утредента со филмска брзина зедовме примерок, кој за половина час го однесоа во Бахчеци.

Целиот свет се здружил за примерокот да стигне во Бахчеци. Примерокот бил добар, набрзо им јавиле оттаму. Им дале голема надеж за оплодување, кога еднаш ќе се одлучат за тоа.  Сепак тие заборавиле на тоа, борејќи се за животот на Јасенко.

-          На тој дел не сакам ни да се сеќавам. Беше грозно и страшно и верувам дека никогаш нема да се ослободам од тие трауми. И денес, скоро секоја вечер кога ќе ги затворам очите, во главата ми се сцените од болница. Срцето ви се крши кога некој, кој толку многу го сакате, секојдневно се соочува со смртта. И на крајот, 15 дена откако е примен во болницата, ја изгуби борбата со животот. Постојано бев до него. Знаев да плачам цел пат до болницата, а кога ќе влезев кај него, се трудев да бидам весела. Тој беше неверојатно мирен и помирен со се. Не знам каде ја пронајде таа сила и му се восхитувам.

Последниот ден имал големи проблеми со притисокот. Во текот на ноќта и пратил порака дека многу му е лошо. Надина веднаш отишла кај него. Видела дека лекарите се вознемирени и знаела. И понатаму не сакала да прифати.

-          Во еден момент ми се обрати неговиот лекар и ми кажа дека Јасенко има сепса. Како дете ги покрив ушите со раце и викав: “Не ми кажувајте, не сакам да слушам”...Докторот ме остави на мир, не инсистираше на разговор. Седнав покрај Јасенко и тој се загледа во мене. Мислев дека нешто сака.  Го прашав што му треба, рече дека не му треба ништо, туку дека мисли на мене и на нашите деца. Како да знаеше. Му кажав дека како и да се заврши неговата болест, нашите деца ќе бидат родени. Рече дека знае. Беше сигурен во тоа. Довербата која ми ја даде не можев никогаш да ја изневерам. Таа негова сигурност во мене, во мојата љубов, во нашата љубов која не можев да ја изневерам. Би се обидела уште не знам колку пати, иако сето тоа ме чинеше многу. Колку и да беше тешко за мене и физички и емотивно да поминувам низ постапките за вештачко оплодување, би поминала уште десет пати. Тој веруваше во мене и беше сигурен дека ќе го направам тоа.

Јасенко го напушти овој свет. Надина уште во декември отишла во клиниката Бахчеци и им објаснила дека сака да ги роди неговите деца. Тие биле изненадени и воодушевени од нејзината желба, но дека досега не се сретнале со таков случај.

-          Постапката ја започнавме во јануари, но на половина постапка ми кажаа дека нивната управа не се согласува со тоа, бидејќи законот во Турција е поинаков и генетскиот материјал мора да се  уништи во рок од триесет денови по смртта на едниот сопружник. Бев многу разочарана, по малку и обесхрабрена, но знаев дека на крајот ќе успеам. Во главно, бараа одобрување од нашето Министерство за здравство кое на крај го добивме. Првата постапка, која ја правев во мај, за жал беше неуспешна. Следната постапка можеше да биде по еден месец, но ми бараа уште некои наод. Вториот пат, фала Богу, постапката беше успешна. Во бременоста не можев да уживам, постојано бев во страв, истрауматизирана од сето тоа што го поминавме со Јасенко.

На 23. април Надина донесе на свет здрави момче и девојче.

 

1

 

-          Додека се забавувавме, зборувавме дека Тара е убаво име за девојче и така планирав да се вика нашето дете. Во еден од тие последни денови го прашав какво име да му дадеме на машкото дете, но тој ме наговараше да одлучам јас. Сакав да ја слушнам неговата желба и тој рече Давуд. Исто така рече дека би сакал да се вика Мерима, ако биде девојче.

Откако ги родила своите деца, Надина ги замрзнала емоциите. Кажува дека мора да биде храбра, ако сака да им понуди нешто од животот. Благодарна му е на Бога што повторно има некој за кого ќе се бори, за кого ќе живее. Успеа во својата замисла, па што и да мислат другите за тоа. На почетокот ја оттргнувале од идејата и зборувале дека е млада и дека повторно ќе се заљуби. Не трошела ни ронка енергија да објасни дека повеќе нема да и се случи таква љубов, дека тој бил единствениот човек за неа, дека никој пред него не бил важен, дека никој после него не доаѓа во предвид. Да не ги родела децата, целиот живот би го поминала сама, кажува.

Добив желба да ја прегрнам, но од силната стравопочит само седев, ја гледав и мислев на некои празни жени, кои ги одбираат мажите според дебелината на сметката во банка и на мажите кои ги третираат  жените како робинки.

Надина не сака медиумско внимание. Беше вистински предизвик да се добие оваа приказна. Се трудевме со месеци. Ни објаснуваше дека сака својот и животот на децата да ги држи подалеку од очите на јавноста.

-          Ја прифатив вашата понуда заради благодарноста кон банката за матични клетки Biosave, кои ми го овозможија она што не можев сама. Би сакала да се заблагодарам на семејството на Ведран (директорот на банката) и на Сабина, бидејќи ми беа на услуга и многу ми помогнаа за време на престојот во Сараево. Исто така сакам да им се заблагодарам на сите кои ни помогнаа за време на поплавите, на другарките од порталот www.ringeraja.ba на другарите од ФБ групата за близнаци и тројки, на сите луѓе кои ни носеа храна и пелени, козметика за бебињата и средства за хигиена за мене, на сите познати и непознати луѓе. Им благодарам на сите кои, во овие тешки времиња, покажаа дека имаат душа и срце и чувство за другите луѓе, кои во некој период од животот имале помалку среќа.

Без родителите и братот Тарик, Надина не би била толку силна. Нејзината семејна куќа, за време на поплавите, за среќа, останала недопрена. Сепак во дворот водата донесла многу ѓубре, па ги повикуваме надлежните да организираат багер и да исчистат, за да се намали опасноста од зараза на овие две мали ангелчиња.

Проблеми со администрацијата. Рокот за пријавување на децата е еден месец по нивното раѓање. Надина отишла навреме во Зеница, но службеничката која работела на шалтерот била сомничава, бидејќи вакви случки се несекојдневни. Иако Надина ги имала сите документи од клиниката кои го потврдуваат трансферот, службеничката и рекла дека мора да ја праша шефицата, бидејќи поминале скоро две години од смртта на Јасенко.

-          За седум дена ми се јавија да ми кажат дека побарале од клиниката да го потврди случајот, што секако дека е направено. Потоа се' барале на писмено, па клиниката го исполнила и тоа барање. На крај и тоа не им било доволно, па рекоа дека ќе проверат што вели законот. Јас не сум правник, па не се впуштив во коментари. Кај нас не постои закон за вонтелесно оплодување, но постои нацрт закон кој го читав и кој ја предвидува оваа ситуација. Во нашиот закон постои само една реченица  која се однесува на вонтелесното оплодување, која вели дека во тој случај мајчинството и татковството не мора да се докажуваат. Било како било, тие не сакаат да ги запишат децата на негово име. Ми понудија опција да го добијам тоа по судски пат, но тоа е премногу за мене.

Сега ми нудат да ги запишам децата на свое име, а потоа во судска постапка да го запишат името на таткото. Барав да ми ја дадат нивната одлука на писмено, за да можам да се жалам. Не сакам да ги запишувам децата без името на таткото и не сакам тоа никаде да го докажувам. Ако ми кажат дека тоа е законски, ќе се помирам со тоа.

Јас не тврдам дека нашите деца се родени во брак, но се знае кој им е татко, документите од клиниката го потврдуваат тоа. Живите роднини на Јасенко го потврдуваат тоа со заверена изјава на нотар. Јас во тоа не барам никаква материјална корист, освен емотивен мир и нема да се смирам се додека во изводите на моите деца не го пишува името на Јасенко. Сите кои тоа го оспоруваат и оневозможуваат ужасно грешат и го загрозуваат животот на две мали деца кои се родени од една голема љубов и кои се вистинско чудо во оваа држава и регион.

 

Преземањето на приказната е забрането.

 

Извор: www.ringeraja.ba

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
4
Избркајте ги детските стравови
Страв од мрак, страв од лекар, страв од напуштање...Помогнете му на детето да ги совлада своите стравови
4
Ведрана Рудан со поддршка на Северина
Северина доби огромна поддршка по судската одлука нејзиниот син Александар да живее со неговиот татко Милан Поповиќ. Меѓ...
4
10 работи кои “совршената мајка” не ги прави
Никој не е совршен, но изгледа сите мајки сакаат да бидат баш таа совршена мајка. Сигурно сте сретнале мајки кои обожава...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?