|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Блог: Ти благодарам мамо што ме роди, за да родам и јас

Редакција Рингераја, 26.11.2020
@inesgram.g ни ја раскажува својата приказна од породување

image
/11


А, која мајка не би посакала да го сподели своето искуство на бременоста и мајчинството?

 

Мојата бременост беше одлична и во најдобар ред, со исклучок на "утринските" мачнини… Да, ги ставив во наводници затоа што не ми е јасно зошто ги викаат утрински кога јас ги имав само во вечерните часови. Како и да е, за бременоста не можам да кажам многу затоа што и не знам искрено што. Уредна, лесна бременост. Понекогаш се прашував дали е се во ред со мене...пример со нетрпение го чекав моментот кога ќе го слушнам срценцето од бебето на ехо, и знаете што? Не почувствував ништо посебно, во ред да, пресреќна и задоволна што моето бебе дише и е супер,но во позадина слушам "шушкање", "тропкање" друго ништо. Си помислив добро, можеби хормоните веќе почнале да си играат со моите чувства. Следува дознавање на полот. Очајно сакав да биде момче, дури и бев сигурна дека ќе биде, се до моментот кога слушнав -" Честитки,ќе имате девојче". Измешани емоции,солзи, па радост, па повторно солзи… Добро овој пат дефинитвно хормоните владеат со моето тело. Времето поминуваше, јас спремна со облека и сите опреми за новороденче , и замислете спремна и храбра за да го донесам на свет тоа мало битие.Заедно со сопругот  одлучивме дека ќе се вика Инес. Така и бидна. Кога за прв пат ја зедов во раце реков: -"Ќе родам уште 10 деца ако со сите биде вака лесно"! Да, да… имам и сведоци за тоа затоа што го повторував се до периодот кога Инес почна да разбира, оди, зборува...Епа драги мои, лесна бременост, лесно породување… мислам доста беше. Сега со полна пареа се обидувам да се организирам во улогата како мајка. Инес е многу поврзана со мене, има 2 години и во тие две години мама не смее да и се тргне од вид ни на 2 минути! Бара внимание како и секое дете, но да бидам реална  е и малку разгалена, за тоа е одговорен тато.

Мајчинството го сменува животот тоа е точно. Но само ќе ви ја напишам реченицата што и ја кажувам на мојата мајка,па можеби ќе ви стане појасно. "ТИ БЛАГОДАРАМ МАМО ШТО МЕ РОДИ, ЗА ДА РОДАМ И ЈАС"! 

Доколку ви се допаѓа нашата приказна и доколку сакате да видете дел од нашето секојдневие следете не и на нашиот истраграм профил @inesgram.g

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Искрено: Што помислив кога го видов бебето?
Што помисливте кога првпат го видовте вашиот син/ќерка? Дали на тоа слатко се смеете денес?
4
Десетте вистини на мајка ми!
Лекции за животот, раскажани од една мајка
4
Избираме најубава творба: Петровска Флора
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати воспитувачката на Петро...
4
Нашите деца растат во “all inclusive” аран...
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле как...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?