|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето

Редакција Рингераја, 20.11.2017
Се одржа првата работилница во рамки на проектот „Собираме и ре-креираме“ со децата од СОС Детско село Македонија

image
/11


 

Денес, 20.11.2017, Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на детето и истовремено го означи стартот на едукативните работилници во рамки на проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, кои во следниов период ќе се одржуваат во повеќе од 60 градинки ширум државава.

 

Со омилениот лик на Битолското Чупе и аниматори облечени во костими на витамини, децата од СОС Детско село Македонија, имаа можност да учествуваат на првата работилница за зачувување на животната средина и со тоа да се стекнат со навики за грижа за природата уште од најрана возраст.

 

Преку интересна едукативна програма, тие учеа како од празните амбалажи од Битолското млеко можат да изработуваат разни корисни предмети што може да имаат секојдневна употреба, со цел да ја научат важноста за рециклирање, но и важноста од стекнување здрави навики и консумирање млеко и млечни производи уште од нивното рано детство.

 

„Со цел да го покажеме нашиот искрен придонес кон заедницата и децата, Бимилк години наназад го одбележува Светскиот ден на детето преку повеќе донации и активности, трудејќи се на различни начини да им го разубави денот на најмалите. Оваа година се одлучивме тоа да го сториме заедно со нашиот долгогодишен партнер СОС Детското село Македонија, со цел да и на овие дечиња им пружиме едно поинакво секојдневие, но истовремено и да направиме спој со големиот проект ‘Собираме и ре-креираме’бидејќи истиот е наменет токму за децата кои денес во целиот свет се прославуваат“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

 

Проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, инаку, има за цел да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејќи предметите што ти ги изработуваат ќе бидат изложени на голем хуманитарен базар, а средствата ќе бидат донирани токму за СОС Детското село Македонија.

 

„Навистина н? радува фактот што Бимилк не заборава да н? посети за сите важни датуми и чест ни е што Светскиот ден на детето оваа година го одбележуваме со пријателите од оваа компанија. Децата се навистина возбудени што имаа можност да учат и да се дружат со Битолското Чупе, а ние сме уште посреќни кога ги гледаме насмевките на нивните лица“, рече Александра Ивановски, директор на програми на СОС Детско село Скопје.

 

Веќе традиционално, Бимилк го одбележува Светскиот ден на детето на хуманитарен начин и на повеќе различни начини дава поддршка кон СОС Детското село Македонија.

 

1

 

2

 

3

 

4

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Комбуха – „Чај на Бесмртноста“
Комбухата е здрав напиток кој се прави од јапонска чајна габа – комбуха. Комбухата се користела во Источна Европа, Русиј...
5
Неговото височество – антибиотикот ЛУК!
Ако морате да изберете само едно растение кое треба да го имате во својот дом, тоа дефинитивно треба да биде ЛУК
5
Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
4
Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?