|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бебето ме спаси од сигурна смрт!

Редакција Рингераја, 13.8.2012
Сватовите на нивната свадба беа шокирани од изгледот “кожа и коска” на Лаура. Таа јадела само пет стапчиња боранија и една коцка чоколадо на ден. Денес чувствува дека раѓањето на синот било божествена интервенција која го спасила нејзиниот живот

image
/11


 

 

Сватовите зјапаа со неверување кога невестата со грозен изглед помина покрај нив со тежина од само 38 килограми. Но Лаура Вилсон не се гледаше себеси како што ја гледаа другите, бидејќи боледува од нарушување на исхраната, анорексија.

Сега, пет години подоцна таа е здрава благодарејќи на новиот човек во нејзиниот живот, нејзиниот 14-месечен син Метју.

Момчето е медицинско чудо, вели Лаура, на која и кажале дека никогаш нема да биде во можност да има деца заради штетата која ја направила на својот организам со изгладнување.

“Чувствувам дека раѓањето на Метју беше божествена интервенција. Тој е толку среќно, слатко момче и јас го обожавам. Моето чудо од бебе го спасува мојот живот секој ден.”

Лаура се уште води битка  со анорексија која започна кога имаше 21 година и доведе таа да биде хоспитализирана во одделот за ментално здравје во близина на нејзиниот дом во Ballymena, два месеци по нејзината свадба.

Лаура се сеќава: “Живеев само од кафе и кока-кола и правев 700 стомачни на ден. Развив бизарни навики и ритуали во исхраната, како јадење на само еден оброк во 10:30 часот. Тоа беше или пет стапчиња боранија или една коцка чоколадо. Возбудата од паѓањето на килограмите беше посилна од се' друго.”

Нејзините проблеми со анорекција стигнаа до кризна точка кога таа се врати од меден месец во ноември 2007 година со тежина од само 31 килограм. Во текот на целото свадбено патување Лаура преживеа со само две парчиња ананас.

Лаура додава:”Моето тело и мозок се исклучуваа, јас бев толку слаба и ги немав истите емоции како и другите луѓе.”

 

1

 

Лаура колебливо се одлучи да прифати помош од здравствената установа, откако таму ја однесоа нејзината мајка и сопругот. Медицинските лица полека ја подигнаа нејзината тежина на 44 килограми. Но Лаура се здоби со нов удар кога лекарите и кажаа дека никогаш нема да може да има деца, бидејќи немала период веќе 5 години.

Нејзиниот очај се заврти во радост кога во март, минатата година Лаура откри дека е бремена во седми месец, откако зела тест за бременост бидејќи нејзиниот стомак “се бранувал и се движел”.

Во тој момент Лаура се посветила на себеси и на своето бебе. Метју е роден четири недели порано, во јуни 2011 година со тежина од само 2,720 грама.

 

2

 

Таа за  Sunday Mirror изјави: “Јас буквално преминав од прегладнување до јадење по неколку оброци здрава храна на ден. Бев толку исплашена дека моето бебе може да страда од мојот екстремен режим на исхрана и вежбање. Знаев дека морам да направам нешто за да бидам здрава и да родам здраво дете. Јадев три нормални оброци и не вежбав.”

 

3

 

Сега Лаура и Филип планираат да ги обноват нивните свадбени ветувања така што ќе се обидат да ја заборават душевната болка од нивната свадба и да почнат да гледаат напред со гордост и среќа.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
5
Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Фото: Трудници во костими за капење
Погледнете ги овие прекрасни труднички стомачиња во костими за капење
4
Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?