Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Прв и најважен совет: НИКОГАШ не го оставајте бебето само во кадата или коритото, ниту за секунда.
1. Измијте ги рацете и кадичката пред бањање на бебето
2. Налејте малку топла вода во кадичката и проверете ја топлината на водата со подлактицата. Длабочината на водата треба да е околу 5 cm. Ако не сте сигурни во топлината на водата, можете да проверите со топломер за вода. Температурата треба да биде 37 степени.
3. Налејте малку топла вода во бокал. Таман ќе се излади до потребната температура додека Вие го бањате бебето.
4. Подгответе се' што Ви е потребно за бањање. Нека Ви бидат при рака чешел, сапун, крем, витамин Д и тупфери од памук. Уште само додадете ја чистата облека на бебето и се е спремно.
5. Сега расповијте го и соблечете го бебето. Земете тупфер од памук и со чиста вода измијте ги очите на бебето. Секој тупфер посебно за секое око, од надвор кон носот.
6. Голото бебе замотајте го во пелена и полека спуштајте го во вода. Зборувајте му на своето бебе и смејте му се. Левата рака нека Ви биде под раменцата на бебето, главата потпрете му ја со подлактицата, десната рака нека Ви биде под газето на бебето, а на десната подлактица нека бидат потпрени нозете на бебето.
7. Најпрво ослободете ја десната рака така што газето и ножињата на бебето ќе ги спуштите во водата. Со прстите на левата рака го држите бебето под пазувите. Главата на бебето е потпрена на левата рака и никогаш не се спушта потполно во водата. Држете го цврсто бебето во коса положба така што водата да му допира само до градите. Значи левата рака Ви е зафатена со држење на главчето на бебето, а за бањање Ви е слободна десната рака.
8. Десната рака најпрво насапунете ја и измијте го лицето на бебето, главата, вратот, една по една рака, градниот кош, стомакот, гениталиите, па нозете. Измијте ја раката во кадичката, или крпата за бањање, доколку ја користите, и повторно насапунете. Пределот на половите органи треба два пати да се насапуни и темелно да се измие.
9. Завртете го бебето на стомак, така што предниот дел на градниот кош и главата да ги држите преку левата рака, а бебето да биде потпрено со колената во кадичката. Измијте го вратот на бебето од задната страна и грбот, а потоа и газето од задната страна.
10. Подигнете го бебето над кадичката и измијте го со чистата вода од бокалот. Температурата на водата во бокалот проверете ја со рака пред да го измиете. Бебето се мие од главата кон грбот, газето и нозете, потоа се врти и се мие на предната страна.
11. Извадете го бебето од кадичката и замотајте го во голема и мека крпа. Наместо да ја бришете и триете кожата, исушете ја со нежно тапкање.
12. Избришете ги ушите на бебето однадвор, намачкајте го газето со павловиќева маст, намачкајте го телото на бебето со Јекодерм, преповијте го во чиста пелена, облечете му бенкиче, горна облека, дајте му Витамин Д и надојте го.
Мирен сон слатко бебенце!
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?