|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бабарога е жива! Има ли шанса кај нашите деца?

Редакција Рингераја, 17.6.2014
Камилицата и ракијата ќе ја победат секоја настинка, ќотекот е излезен од рајот, а ако тоа не пали, ќе се појави бабарога и полиција. Малото дете после ова ќе станеше мирно и подготвено за соработка. Така беше некогаш, а сега...?
Клучни зборови:

image
/11


 

Така е тоа за жал и денес, но се појави нов тип на современи родители, кои ги промислуваат своите постапки, се обидуваат да размислуваат за долгорочното влијание врз детето, работат на себе и бараат најдобри начини за да одгледаат среќно, емоционално стабилно дете со чувство на самопочит.

За среќа, одреден број на луѓе се освестија за важноста на меѓусебната комуникација и лошите последици кои произлегуваат од авторитативниот однос, кој подразбира игнорирање и систем на награди и казни и скратување на вниманието и блискоста. А се измени и поимот послушно дете.

За послушни деца се сметаа оние кои не ги прекинуваат родителите кога зборуваат, кои си играа со другите деца во собата и кои не прашуваа премногу. Послушните деца и денес не ги прекинуваат родителите кога зборуваат, знаат да си играат со други деца, само начинот на кој тоа се постигнува и значително поинаков. Модерните и информирани родители се запознаени со сите фази низ кои поминуваат децата и во согласност со тоа влијаат позитивно на невролошкиот развој на детето.

Денес родителите првенствено сакаат  децата да им бидат среќни, да имаат внатрешен мир, да развијат самопочит и во процесот на одгледување да го преиспитуваат своето однесување, да работат на себе, да размислуваат какви последици ќе има нивното однесување на детето.

Одговорите “Затоа што јас велам така”, “Затоа што јас сум мајка” или традиционалниот одговор  “Додека живееш под мој покрив ќе биде така”, во модерното општество се просто неприфатливи.

Но, постојат и фази во кои повеќето родители не знаат како да постапат. Една од тие фази е terrible two или т.н. непослушна фаза.

Тоа никако не значи дека детето станало лошо ниту пак значи дека родителите прават нешто неисправно. Но во тој период обично се создава паника и родителите се концентрираат на детето. Она што во тој период му треба на детето е афирмирање на чувството дека има право на свој став, на своја волја, идеи и размислувања и право на сопствен избор. Тоа никако не значи на децата да им се допушта се. Оваа фаза се нарекува “легитимна непослушност”.

Суштината на родителството е токму тоа: да се препознаат фазите и детето да се третира на најдобар начин. Ако сметаме дека блискоста и љубовта не се нешто што детето треба да го заслужи, туку треба да се сака безусловно – тогаш сме на добар пат да бидеме добри родители.

Клучот на успешно родителство е во зачувувањето на довербата на детето во нас како родители, дека може да ни верува, дека никогаш нема да го напуштиме и изневериме. Детето кое има доверба во родителите е расположено за соработка и сака да допринесе во зачувување на тој однос.

Денешните родители за се' двапати размислуваат, константно се едуцираат и работат на себе и на своите постапки. Иако бабарогите не се во функција, сепак за нашите деца има надеж.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Љуби, па прави што сакаш...
Интервју со Проф.Др. Ферид Мухиќ
4
Ќерко моја, еве колку долго те сакам...
Само ако знаев дека ќе ме викаш тато и дека ќе ми кажеш дека ме сакаш...
4
Комбуха – „Чај на Бесмртноста“
Комбухата е здрав напиток кој се прави од јапонска чајна габа – комбуха. Комбухата се користела во Источна Европа, Русиј...
4
Неговото височество – антибиотикот ЛУК!
Ако морате да изберете само едно растение кое треба да го имате во својот дом, тоа дефинитивно треба да биде ЛУК
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?