|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Anabanana: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 21.2.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: Anabanana

Датум на породување: 24.09.2007 година 

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

 

Бев сеуште на факултет, апсолвент, со уште неколку испити кои ги учев и полагав заедно со моите две другарки со кои најмногу го поминував времето. Со маж ми тогаш сеуште се забавувавме и секоја работа се случуваше спонтано, без некои поголеми планови и многу мислење.
Имав нередовна менструација, циклусот ми траел и по 90 дена, летно време немав никогаш, дури кога ќе дојде 1ви септември јас тогаш ке добиев. Но решив да пробам да го средам тоа и се испостави дека сум имала многу мали јајце клетки на кои им било потребно повеќе време за да созреат....затоа и циклусот ми бил подолг. Гинекологот ми препиша таблети ( извинете но не се сеќавам кои таблети) за да ми созреваат побрзо јајце кетките, терапијата траеше околу 3 месеци, па на 15.01.2007 бев на преглед кај гинекологот во плодни денови, кога тој ми потврди дека јајце клетките се со нормална големина и дека доколку сакаме можеме да пробаме за бебе.
Со маж ми тогаш веќе половина година имавме незаштитени односи, и како и претходно бидејќи немав редовна менструација не обрнувавме многу внимание на тоа дали сум во плодни или неплодни денови. Така и овој пат, си се препуштавме на уживањето.
И така, февруарската сесија започна на факултет и јас цело време спремав испити. Менструацијата пак ми доцнеше, а бидејќи не бев повеќе под терапија си реков ова пак е исто, пак ми е нередовна како порано. А и не сакав да мислам на други работи зошто немаше шанси да ги положам испитите.
И почнаа симптомите, не беа којзнае кои, не повраќав, но имав ужасна болка во градите (што и беше нормално секогаш пред да добијам) ми стануваше загушливо во секоја затворена просторија, па постојано отворав прозорец, апетитот ми беше ист, зошто од секогаш сум си била малце поалчна кога се работи за јадење, што и не се познаваше на мене.
Другарките почнаа да се сомневаат, ме советуваа да земам тест и да проверам, но јас не сакав ништо пред важниот испит на 21.02. Нека заврши овој испит си велев па ќе направам тест.
Но се случи нешто, најверојатно од толку зборување, ноќта пред денот за полагање јас сонував како правам тест за бременост и со огромна брзина ми се појавуваат две црти. Е сега, и да не сакав морав да мислам само на тоа. Не дека верувам во сонови и хороскопи, но ова бев сигурна дека е некаков знак, а веќе ми доцнеше околу 20 дена.
И така, бидејќи морав тоа да го направам веднаш на пат за кај другарка ми поминав прво во аптека, си купив тест и кога влегов кај неа прво влегов во купатилото. Сите бевме во гужва, таа се имаше успано, сестра и исто, трчаница невидена беше кај неа тоа утро, а јас кога излегов од купатилото со позитивниот тест во рака и онака смирено им викам: Јас сум трудна! Тие само ми се насмеаја: аман, сега ли најде да ни го кажеш ова на пола саат пред испит.Но беа пресреќни.
Среќа некоја беше. Морав да го дознаам тоа пред испитот. Некако во истиот момент се чувствував пресреќно, добив повеќе елан и како да ми даде повеќе сила за полагање.
Утредента отидов на гинеколог. Ми потврди. Седум недели и некој ден, со датум за породување 10.10.2007.  Маж ми беше изгубен околу 2 недели после тоа. Не знаеше каде е, а имаше подготовки околу свадба и други разни работи.   
Бременоста ми помина прилично лесно. Немав никакви гадења од храна ни пак повраќање, си јадев се и сешто. Бебето во стомак си растеше безгрижно и се си одеше како што треба.
Бев 14 недела кога имавме закажано 4Д преглед во Ремедика. Многу сакавме со маж ми да го дознаеме полот и двајцата се надевавме за машко. Кога му спомнав на гинекологот дека сакаме да го знаеме полот тој гледајќи го бебето на мониторот, одречно ми одговори: Неблагодарно е уште од сега да ви давам надежи за полот на бебето, но во истиот момент бебето си се намести како за сликање. Ете, не се потребни зборови и сами си гледате, рече докторот кога јас и маж ми се погледнавме пресреќни. Уште во кола за накај дома смислувавме машки имиња.
И како да знаев дека нема да го дочекам терминот за пораѓање и дека Марко ќе сака да излезе порано на овој свет. Бев втора недела во 9ти месец кога тетка ми ме викна кај неа на гости да ме видела уште дури сум трудна. Не се видовме како што треба, цело време бев во тоалет. Имав дијареа, а јас ни на крај памет дека веќе дошло времето и на тој начин се чистев.
Си дојдовме дома, легнавме да спиеме, кога околу 1 часот по полноќ се разбудив зошто морав да одам до тоалет. Уште не бев стигнала до половина пат кога пижамите веќе ми беа жива вода. Не ми се случило пред тоа толку да се измокрам и да не можам да издржам до тоалет. А немав никакви болки. Ја разбудив свекрва ми, таа рече дека најверојатно бешиката веќе неможела да ми издржи и си легнав повторно во кревет. А таа, после тоа се помислила, ми ги видела пижамите во купатило, и пак ми влегува во соба, веќе испаничена: тебе водењакот ти пукнал!!!
И веднаш го разбудив маж ми да ме носи во Државна болница (тој мислеше дека го будам за на работа). Цел пат немав никакви контракции, дури кога стигнавме почнаа да се јавуваат. Ме ставија на ЦТГ, веќе бев 6 прста отворена, и веднаш ме качија горе во породилна сала. Дури ме мереа која тежина, која висина сум јас се отворив веќе 8 прста па веднаш ме ставија на бокс. Тоа беше околу 4 часот утрото. Веќе незнаев ни кој стои пред мене, контракциите станаа неподносливи, а тие ми викаа уште малку, уште малку има време, има време....
Надвор веќе се раздени. Сеуште беше топло, 24.09.2007 година. 8 часот наутро беше кога дојдоа сите пред мене веќе спремни да ме пораѓаат природно. А јас незнаев ни што треба да правам, колку да напнам. После некое време, видоа дека нема да можам сама, па ми ставија провокација ( на што одговорив: па каде бевте до сега со таа провокација) и со три последователни напнувања во 08.30 часот МАРКО СЕ РОДИ !!!! 3350 грама и 50 цм.
Кога го видов тоа црвено мало ангелче со црна коса ист како татко му, престанав да мислам на се друго. Веќе немаше болки никакви, престанаа сите грижи, се помина во најдобар ред !!!! Фала му на Бога, добивме здраво машко дете !!!
Не успеав да заспијам после тоа. Го гледав него како спиеше на креветчето до мене. И јас станав мајка! Не можев да си поверувам, се ми изгледаше како во сон, сон кој траеше 9 месеци.
По една недела излеговме од болница ( бидејќи имаше покачен билирубин моравме да седиме цела недела во болница) и си дојдовме дома. И еве и денес, се чудам како брзо минува времето зошто се ми изгледа како да беше вчера кога го слушнав неговиот прв плач и кога го држев за првпат во раце.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство Марко !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

РХ негативна крвна група и бременост
РХ факторот, наречен уште и резус фактор, е протеин кој се наоѓа на површината на црвените крвни клетки. Што ќе се случи...
5
Последен месец од бременоста: Позиции на б...
Движењата на бебето ќе ги чувствувате до последниот месец од бременоста, но факт е дека вашето бебе е поголемо и нема мн...
4
Папочна врвца околу вратот на бебето? Прич...
Во бременоста, бебето се движи во матката што може да доведе до виткање на папочната врвца околу вратот. Оваа компликаци...
4
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?