|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ана после 4 месеци АБР

АБР Македонија, 25.5.2010
Нашата драга Беки и резултатите кои ги постигна со својата принцеза Ана
Клучни зборови:

image
/11


Еве ги подобрувањата кои ги добивме со Ана после 4 месеци АБР.

 

Мојата најголема радост- Ана почна да се дига на подлактници .Пред АБР положбата на стомак и беше ужасно тешка , не сакаше воопшто да лежи на стомак, многу плачеше. Коментарите кои ги добивав беа дека Ана е мрзлива , дека не сака да се потруди затоа плачи. Кога почнавме со АБР престанав со сите други терапии. Се покажа дека Ана не сакала да лежи на стомак заради тоа што телото и било слабо и плачела само заради тоа што и било неудобно кога лежи на стомак , а не заради тоа што била мрзлива. Кога со АБР го зајакнавме телото, Ана почна удобно да се чувствува легната на стомак, и почна да се крена на подлактници.

 

Рацете на Ана се послободни од порано, спазамот намален, а со тоа и подвижноста на рацете е зголемена. На клипот во постот "Како Ана прави здраво" можете да видите како Ана се  обидува да направи здраво. И покрај тоа што не е совршено, претходно и тоа го беше невозможно.

 

Кога седи во количката Ана е многу поподвижна од порано, може да го движи телото лево, десно. Да се наведнува нанапред и да се исправа, а претходно седеше како здрвена.

 

Психички е многу подобра од порано,вниманието е далеку подобро од порано, пољубопитна е, сака се да види и се да проба. Многу е погласна од порано. Ужива во приказните кои ги читаме и многу сака да и кажувам песнички. Дури и повторува по мене, на нејзин начин, се разбира.

 

Структурата на телото се промени. Стомакот се оддели од градниот кош. Претходно стомакот беше како во дупка, а градниот кош издигнат како бочва. Сега  градниот кош стана поспуштен, а стомакот поиздигнат. Рамениот појас се промени. И покрај тоа што има уште многу работа среќна сум што конечно добиваме вистински резултати.

 

Има и други подобрувања, многу побрзо јаде од порано,како резултат на подобрено голтање, шлајмот е намлен, спиењето е подобрено.....

 

Пред нас е уште многу долг пат, но сознанието дека се наоѓаме на вистинскиот пат ме прави неизмерно среќна и  ми дава сила се борам заедно со Ана.

 

Прочитајте повеќе на блогот наменет за Ана и АБР Македонија

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Краток водич: Како да ја одржуваме облеката?
Знаеме ли што значат симболите на етикетите?
11
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?