|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Алекма: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 2.10.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: Алекма

Датум на породување: 19.08.2010 година

Тип на породување: природно

Болница: Систина

 

 

Мојот последен термин за породување беше 01.09.2010 година, но се се одвиваше на начин што укажуваше дека долгоочекуваниот настан ќе се случи порано од тој предвиден термин.

На одобрение на мојата докторка на почетокот на јули отидовме на одмор во Охрид, а кога влегов во 34 недела (крајот на јули) се вративме во Скопје на преглед. На прегледот се востанови дека сум околу 2 прста отворена, а грлото на матката скратено и отворено и затоа треба да мирувам барем додека не влезам во 36 недела. Со мирувањето го спречив брзото отворање, па на прегледот на крајот од 36 недела бев се отворила само уште 1 прст. На почетокот на 37 недела го забележав паѓањето на слузниот чеп и исплашена отидов повторно на контрола. Ми беше речено дека процесот на породување може да започне секој момент, но и за неколку недели. Сега требаше само да чекам, а очекувањето е најтешко, кога немаш претходно искуство. Но ништо не се случи.

На следната контрола, докторката ми рече дека треба да се договориме да извршиме програмирано породување, бидејќи должината на отвореноста и скратеноста на грлото на матката даваат можности за развој на инфекции кои можат да се пренесат на плодот. Се договоривме на 18.08 (среда), на почетокот на 39 недела, да се јавам во болницата за да следниот ден се случи породувањето. 

Ноќта пред да одам во болница, како и таа ноќ пред породувањето беа моите најдолги ноќи исполнети со радост, неизвесност, страв. Многу измешани емоции.

Се спремив и попладнето се пријавив во болницата. Во приемното одделение цела вечер ми правеа ЦТГ но не се појавуваа никакви контракции. Од возбуда неможев да заспијам и чекав во 6 часот наутро да ме качат во претпородилна сала за да ми стават провокации. Утрото, после средувањето што предходи на секое породување, бев однесена во предпородилната сала каде што ме приклучија на инфузија и на ЦТГ и требаше само да се чека да почнат правилните контакции. Повторно страв, неизвесност и збунетост.

Во 9 часот и мојот сопруг дојде и остана со мене, а тоа беше за мене еден охрабрувачки и смирувачки момент.  

Околу 10 часот докторката ми го пробуши водењакот бидејќи тој очигледно беше пречка за настанување на контракциите и понатамошното отварање. Од истиот момент започнаа болките кои се појавуваа на 2-3 минути и процесот на брзо отворање, кои со правилно дишење на почетокот беа подносливи. За дишењето и за се друго им благодарам на сестрите што беа на смена кои беа многу љубезни. 

Со секоја контракција и мојот сопруг дишеше заедно со мене и ги броеше минутите до завршувањето на болките.

Но околу 12 часот интензитетот на болките се зголемуваше и по испробување на сите положби за држење на телото со цел да се намалат, го испратив мојот сопруг да побара анестезија. Докторката ми предложи спинална анестезија. Ме однесоа во родилната сала и веднаш по ставањето на анестезијата болките исчезнаа. Бев сосема отворена и кога почнав да ги чувствувам напоните (без болка, само напони) породувањето започна. Можам да кажам дека со 4-5 напнувања, (со направена епизотомија) се покажа главчето на моето дете и во тој момент ме облеа чудно чувство на неверување за тоа што го видов- главче со црна косичка и раменце.

Во 14.15 минути, на еден прекрасен и величенствен начин се роди моето синче кое по чистењето му го покажаа на мојот сопруг кој беше пред вратата цело време, а потоа ми го ставија и мене на гради. Се разбира тоа беше најубавото и најтоплото бебе што сум го видела некогаш. Во тој момент сфатив дека се е реалност и дека навистина станав мајка.

Моето породување помина многу брзо и во најдобар ред и денес, еден месец подоцна, гледам со воодушевување на целиот настан. Навистина и условите кои ги имав во болницата направија породувањето да биде на достоинствен начин, кој засекогаш ќе ми остане како најубав спомен кој би сакала да се повтори.

На сите идни родители им сугерирам тој голем ден да го споделат заедно, бидејќи засекогаш ќе остане во спомените на двајцата родители, а не само на едниот.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на синчето на Алекма !


 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
9
Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
Бледа линија на тестот за бременост
Користењето на домашен тест за бременост е многу едноставно. Две линии значат дека сте бремена, една дека не сте. Но што...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?