|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ако се одлучивте за царски рез...

Редакција Рингераја, 18.4.2017
Доколку породувањето не може спонтано да се изведе до крај, гинекологот препорачува царски рез. Голем број жени инсистираат на породување со царски рез иако за тоа нема медицински индикации...
Клучни зборови:

image
/11


 

Породувањето е најважниот момент во животот на секоја жена. Во најголем број случаи природното породување се одвива без компликации и затоа гинеколозите секогаш препорачуваат раѓање на детето по природен пат. Доколку породувањето не може спонтано да се изведе до крај, гинекологот препорачува царски рез.  Голем број жени инсистираат на породување со царски рез иако за тоа нема медицински индикации. Пред да донесете одлука треба да бидете упатени за предностите и недостатоците од овој вид породување. 

 

ПРИРОДНО ПОРОДУВАЊЕ

Повеќето идни мајки инсистираат на царски рез од причина што имале можност да слушаат за различни негативни искуства при природното породување. Без разлика дали постои страв од вагиналното породување, за мајката е идеално да се породи по природен пат, освен ако некои болести кај мајката или положбата на детето не го дозволуваат тоа. Болката може да се  контролира со епидурална или со спинална аналгезија. Се работи за обезболување кое се става локално во грбот меѓу прешлените и жената свесна, без болки полесно го поднесува породувањето. По породувањето жената може веднаш да стане да се движи и сама да се грижи за своето дете.

 

ЦАРСКИ РЕЗ

Царскиот рез е хируршка процедура како и секоја друга. Се изведува со низок  рез во долниот  дел на стомакот. Трае околу пола час, но може и подолго доколку породувањето се искомплицира. Заздравувањето од царски рез трае подолго за разлика од вагиналното породување. Болките обично траат еден до два дена, но можна е и мачнина поради анестезијата. По интервенцијата жената останува во болница до пет дена, за разлика од природното породување кога си оди по два до три дена.

 

ПРИЧИНИ ЗА ЦАРСКИ РЕЗ

Во последните две децении бројот на породувања со царски рез е значително зголемен. Причина за ова се и годините на родилките поради сè почестото одложување на мајчинството. Бременостите со висок ризик за здравјето на жената, поради висок крвен притисок, дијабетес, проблеми со бубрезите, срцеви проблеми, вештачко оплодување се најчестите причини за царски рез. Исто така, со царски рез се породуваат и жените кои носат голем плод, а имаат тесна карлица, во ситуации кога бебето има карлична положба, односно со задникот е свртено надолу, или кога жената носи повеќе плода. Сепак, треба да се води сметка, односно жената не би требало да има повеќе од три породувања со царски рез.

 

КОНТРАИНДИКАЦИИ ЗА ЦАРСКИ РЕЗ

Царски рез не се препорачува доколку постојат генетски аномалии кај плодот и доколку овие аномалии се фатални за плодот. Потврдено е дека бебињата родени по природен пат имаат помалку тешкотии со дишењето по раѓањето за разлика од бебињата родени со царски рез, кои, пак,  изгледаат поздрави и поубави, наспроти често „измачените“ бебиња кои поминуваат низ вагиналниот канал. Поради општата  анестезија која се дава, доколку не е спинална, бебето се адаптира побавно на надворешната средина. Проблеми може да има и мајката. Кај неа е зголемен ризикот за настанување тромбоза и инфекција на резот, а може да има проблеми и со лактацијата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Пратеничката Маринела Тушева стана мајка!
Вчера се породи пратеничката на СДСМ, Маринела Тушева. Таа доби здраво машко детенце, тешко 3.630 грама. ЧЕСТИТКИ!
5
Тестирајте се денес за мирна бременост
Дознајте повеќе за здравјето на вашето дете пред раѓањето
4
Развој на фетусот месец по месец - видео
Бремена сте? Честитки! Дали сте љубопитни колку е големо вашето неродено бебе во развој, како изгледа вашето бебе додека...
4
Ако немате утринска мачнина, носите машко ...
Дали е вистина дека ако немате утринска мачнина рано во бременоста, носите машко дете?!
4




Анкета

Cтомачни.
пеперутка16

Една моја познаничка беше бремена 3 месец и правеше стомачни, а знаеше дека е бремена. Дали правевте стомачни кога бевте бремени, или сега додека бевте бремени?

Да. (0%)

Да, додека не дознав дека сум бремена. (0%)

Не. (50%)

Не ми падна на памет. (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!