|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

9 Марфиеви закони за новородени

Lola Lolita, 7.8.2015
Сите сме жртви на Марфиевиот закон одвреме навреме. Ја знаете старата изрека дека, се што може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку и тоа обично се случува ретко. Но, кога имате новороденче тоа се случува ЦЕЛО ВРЕМЕ и оди вака:
Клучни зборови:

image
/11


 

  1. Веднаш откако му сменивте пелена на бебето, откривте дека има масивна бомба внатре. Не зборувам за мала бебешка кака.  Зборувам за кака налик на возрасен човек, која се добива по лоша мексиканска храна, јаки маргарити, ефтино пиво. И што е уште полошо, ја има и по целиот грб.

  2. Вашиот сопруг вели дека бебето му е слатко како пита. Но веднаш откако се вративте дома од френетичното трчање и по обидите да не заспиете чекајќи на семафор, бебето почна да вреска како да видело сцена од хорор филм. Мајките ја имаат таа среќа.

  3. Бебето се смееше и гугаше цело попладне, се додека не ја зедовте камерата. Одеднаш бебето изгледа како да се боцнало на кактус и се чини дека се натпреварува за црн појас, колку многу удира со нозете и има намрштена фаца. Ништо, пријателите ќе мора да ви веруваат на збор дека бебето знае да гуга.

  4. Потрошивте часови обидувајќи се да го држите бебето будно, за да спие повеќе во текот на ноќта. Конечно го заспавте и влеговте да се туширате. Но веднаш штом ги почувствувавте ангелските капки топла вода на вашето тело, бебето вресна толку лошо, што ви се отсекоа и нозете и рацете. Излеговте од кадата и сета среќа што не се лизнавте и не загинавте, само за да сфатите дека бебето презаспало. Во ред е! Бањањето е преценето.

  5. Токму откако го облековте бебето во таа преубава и скапа облека, за што мечтаете веќе цел месец, тоа поврати. Како облекувањето кое траеше 30 минути да не беше доволно, сега облеката е прекриена со смрдлива материја која ни хемиското чистење не би прифатило да ја чисти.

  6. Конечно ја откривте вистинската комбинација на растителни лекови и беби капки кои ги смируваат коликите. Но тоа беше вчера. Денес бебето одлучи дека не може да го поднесе мирисот на тие животоспасувачки капки и да ја повраќа секоја капка која ќе му ја ставите во уста.

  7. Ви требаше само час и половина да констатирате дека времето е убаво, уште половина час да го спакувате потребното за бебето и да го ставите бебето во автоседиште, кога почна да се одвива филмот Exorcist пред вашите очи. Бебето толку исповрати насекаде и имаше толку многу каки во пелените, три пати потешки од неговата телесна тежина. Претпоставуваме дека нема да одите на кафе со пријателката?

  8. Само што завршивте со чистење, кога видовте дека бебето ја зело отворената пудра и ја разнесло низ цела соба. Зарем малку беше тешко да исчистите еднаш, па сега и двапати? Заборавете. Само правете се дека не гледате.

  9. Бебето го помина цел ден мирно како ангелче. Но штом падна ноќта, се претвори во нешто демонско. А зошто толку инсистирате секоја ноќ да спиете? Ќе спиете кога вашето тело и вашата душа ќе почиваат во мир.

 

Scary Mommy

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Лазењето го стимулира развојот и интелеген...
Лазењето е едно автономно движење на четири нозе. Повеќе лазење = повеќе стимулација
5
Грижа во леунство (пуерпериум)
Леунство е периодот на првите 6-8 недели, од излегувањето на плацентата се до повторното воспоставување на нормална овул...
5
Бебето се роди. ЗОШТО СУМ тажна?
Откако ќе родиме, обврските околу бебето и исцрпеноста од постојаниот недостаток на време, може да предизвикаат кај нас ...
5
Вака изгледа еден обичен ден кога имате бебе
Оваа мајка направи комичен распоред - како изгледа животот на мајката од утро до вечер
5




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?