|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

"Детето во снегот"-книга посветена на децата со аутизам

Редакција Рингераја, 2.12.2020
"Детето во снегот" е збирка раскази посветена на сите семејства чии дечиња заталкале во "студенилото на снегот", потонале во осаменоста на "снежните виулици", таканаречени аутизам

image
/11


 

На мое огромно задоволство, денес разговарам со Емилија Златкова Атанасова, авторката на книгата „Детето во снегот“.
 
За инспирацијата на ова дело, Емилија вели- 
"Детето во снегот“ е најлична книга до сега, таа е директно соголување на мојата душа. Инспирирана од случувањата во мојот живот, односно од Андреј, моето трето и најмало дете. Конкретно расказот „Детето во снегот“ е метафорични приказ на реалноста на мојот живот, физичките борби, но најмногу психичките додека се соочував со аутизмот кај моето дете. Исто така другите раскази се реални случки кои сме ги искусиле, со делумни фиктивни измени. Но, дел и случки на други дечиња и нивните родители, кои сум имала прилика да ги слушнам." 
Со оглед на сензитивноста на темата која ја обработуваш во истата, на прашањето колку е задоволна од тоа како книгата е прифатена од читателите, Емилија вели- 
"Најискрено, сакам книгата да се чита зашто сакам повеќемина да се запознаат со аутизмот и предизвиците што ги носи, па бар малку да се обидат „набљудувачите“ да разберат низ што минуваат овие дечиња и нивните родители. Знаете, многу малку знаеме за аутизмот, многу малку се зборува, па кога ќе наидеме на дете со аутизам не знаеме како да реагираме. Оваа книга сакам да помогне во тоа. Но, и на родителите кои првпат се соочуваат со аутизмот, сакам да им кажам дека не се сами. До сега сум задоволна од прифатеноста и бројот на продадени книги за само еден месец, повеќе од половината на првиот тираж, зборува дека полека ја постигнувам целта."
Во неа отворено зборуваш за своето лично искуство. Колку е тешко или лесно да се зборува јавно на оваа тема, во нашето опкружување со нашиот добро познат менталитет? (со оглед на бројните сведоштва на родители на социјалните мрежи на кои често наидувам и искрено сум запрепастена од нечии искуства, од неинформираноста, од слепилото на одредени поединци и од не културата генерално)? 
"Да ви кажам порано, ми беше непријатно од реакциите на луѓето, најмногу поради нивната неинформираност. Скоро секојдневно се враќав дома скршена од нечии реакции, од лоши искуства. Но, научив да не биде повеќе така – сега отворено кога некој ќе реагира, велам „тој е дете со аутизам“. Со „не зборување“ ништо не правиме. Не се виновни и луѓето што не се информирани – никој не ги информирал. Се сеќавам дека и јас порано не знаев ништо за аутизмот (за тоа зборувам повеќе во моето лично сведоштво во книгата) и јас не знаев што е и како да реагирам кога ќе сретнам дете со аутизам. Затоа, решив дека мора да се направи нешто. Да, јас сум само една капка – ама од само една капка започнува секоја поплава, нели? И затоа решив вака јавно и отворено да проговорам за аутизмот и бар колку можам да ги запознаам неупатените – зашто верувајте ми сè почеста е појавата на деца во аутистичен спектар и не знаеме дали нема да наидеме на некое дете на некој близок."
Во збирката има и сведоштва на неколку други родители, за што авторката вели:
"Јас постојано имам контакти со други родители на деца со аутизам. Некои ми помогнале мене, на некои јас се обидувам да им помогнам, со тоа што споделуваме искуства меѓу нас. Искрено сакав повеќе родители да земат учество, некои се согласија па потоа ми откажаа, но немаат сите храброст да проговорат зашто се работи за сопствено дете. Знаете околината, луѓето знаат да бидат многу немилостиви, па дури и сурови. Сите ние мораме да се соочиме со одбивање, отфрлање и жигосување, а тоа не се поднесува лесно."
За своите бремености Емилија вели:
"Андреј е наше трето дете. Целата бременост беше без проблеми, породувањето најнормално, дури да речам и лесно. Андреј до втората година беше дете со нормален развиток. За разлика од бременоста со Андреј, првата бременост со постариот син, беше цела комплицирана и со проблеми и породувањето на првото дете беше многу ризично и тешко. Се јавија доста компликации по породувањето, ама тој сега е четиринаесет годишно здраво и интелигентно момче." 
Што за тебе преставува мајчинството? 
"Мајчинството за мене е приоритет во мојот живот" – вели Емилија." Сум разбрала дека никој успех во животот не е споредлив со тоа да успееш да одгледаш, воспиташ и изградиш три животи, три личности."
Наскоро излегува од печат нејзината шеста книга.Околу тоа како успева да менаџира со времето, од каде црпи инспирација и што чита во слободно време, Емилија изјави:
" Времето мене ме менаџира, хе, хе. Се шегувам. Знаете јас сум многу активна личност. Пред пандемијата правев многу работи, кои сега сум спречена да ги правам. Сега имам други обврски, зашто децата се постојано дома и училиштето им е од дома... Но, мораме да се прилагодиме и активно да чекаме да помине ова чудно време во кое сме моментално. Седумнаесет години беа поминати по објавувањето на моите први две книги. Па годинава надокнадив за пропуштеното со објавување на три книги.Инспирација сама доаѓа. Кога ја бараш не е тоа, тоа. Ама кога сама ќе почне да работи и не ти дава мир навечер да спиеш – знаеш едноставно дека треба да пишуваш. А сакам да пишувам за теми блиски на нас, кои се околу нас. Долго, повеќе од десет години читав класици, филозофски, психолошки и духовни книги. А годинава читам сè што е актуелно помеѓу читателите – сакам да видам што читаат луѓето, што ги привлекува, што им е интересно. И моментално читам трилери, како најактуелни."
Пораката на Емилија до сите родители читатели на Рингераја околу мајчинството воопшто и особено околу воочување на знаци на аутизам и прифаќање на една таква состојба:
" Нека не ги занемаруваат знаците, ако детето поминало втора година и не зборува, на пример нека не ги слушаат луѓето околу нив од типо „Ќе прозборува, знам овој и оној подоцна прозборува.“ Колку побрзо, порано се интервенира поголеми се резултатите. Постојат две крајности во врска со прифаќањето: негирање на состојбата (причините може да се различни од срам, до неверување дека „мене може да ми се случи“), која е многу штетна и детето нема шанси да работат специјалисти кои можат да му помогнат во надминување и поголем развиток. Втората е прифаќање на состојбата на детето најтрагично и без оптимизам – тоа е тоа и нема напредок, нема промена, а јас сум осуден цел живот ништо друго да не правам и да се грижам само за него. Правилно е да се прифати состојбата, има проблем да, тежок е да. Но, мора да се прифати детето со љубов и да се биде оптимист – верувајте децата го гледаат тоа и чувствуваат и тоа ќе допринесе многу да надминат. И живејте си го животот, секако во рамките на условите, но не престанувајте да сонувате и да имате визии."
" Ви благодарам многу на можноста да бидам ваша гостинка." изјави за крај. А јас и благодарам што ја прифати мојата покана. 
Со нетрпение ја очекувам нејзината нова книга. 
А вам топло ви ја порачувам книгата" Детето во снегот ". 
Подготви: Марина Кљајиќ Петковски 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што мислев за бебињата, пред да станам ма...
Тоа ќе биде лесно! Нема мајка која не помислила дека кога ќе дојде бебето, ќе знае и умее се. Но, тоа баш и не е така, з...
5
Крал Волкашин и Марко Крале
Македонски народни приказни
5
И Хари Потер носи наочари...
Излегувате од лекарскиот кабинет, заедно со своето дете и се чувствувате многу збунети. Очниот лекар даде категорично ми...
4
Колку треба да јаде дете на возраст од 1-3...
Како да знам дали моето дете јадело колку што е потребно - е едно од најчестите прашања што ги поставуваат родителите. С...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?