|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

20 Работи кои треба жената да ги направи пред зачнување

Ана Метикос, 17.4.2023
Доаѓањето на детето со себе носи многубројни промени во животот на партнерите. Со тие промени полесно ќе се носите доколку се подготвите психички, физички и практично.

image
/11


1. Размислете за својата одлука

Детето е доживотна обврска. Пред да одлучите да имате дете, многу е важно со партнерот да разговарате што ве очекува и дали сте подготвени за тоа. Некои од клучните прашања се:
-Дали и двајцата сте доволно подготвени да станете родители?
-Ако сте од различни религии, дали сте разговарале како тоа ќе влијае на детето?   

-Дали сте размислувале како ќе ги организирате работата и семејството?

-Дали сте подготвени да станете родители на дете со посебни потреби?
-Дали сте подготвени да најдете некој да го чува детето секогаш кога ќе сакате да излегувате? 

2. Договорете состанок кај гинекологот

Гинекологот ќе ви постави прашања за семејната здравствена историја. Ќе разговарате за одредени лекови кои се штетни за зачнувањето и бременоста, за исхраната и вежбањето, ќе ви препорача витамини, ќе бидете запрашани и за болестите кои сте ги прележале во детството. Ќе бидат направени и вообичаени гинеколошки испитувања, како Пап тест.

3. Зголемете го внесувањето на фолна киселина

Дури и ако јадете разновидна храна, тешко дека ќе успеете да ги внесете сите неопходни нутриенти кои се потребни и многу важни. Користење на 400 мг фолна киселина, најмалку еден месец пред да почнете со обидите за зачнување и во текот на првото тромесечје, може да ја намали можноста вашето бебе да има неурал тубе дефект, како spinia bifida до70%. Фолна киселина може да се купи како додаток или како дел од некој мултивитамини. Доколку користите мултивитамини, проверете ја дневната количина на витамин А (не смее да биде поголема од 770 мцг) освен ако не е во форма на бета каротен, за да не дојде до некој дефект на ембрионот. Постојат и посебни витамински додатоци за трудници и доилки.

4. Пресметајте ги плодните денови

Некои жени едноставно престануваат со контрацепција и сеедно им е кога ќе забременат. Некои многу размислуваат и го сметаат денот на овулацијата, мерејќи ја базалната температура или гледајќи го исцедокот. Бележејќи ги резултатите со овие методи, може прилично точно да се пресмета денот на овулацијата.

5. Исфрлање на контрацепцијата

Да се престане со користење на кондом е многу лесна работа, но престанокот на користење на таблети, може да биде потешко. Може да поминат неколку месеци, за да се врати циклусот во нормала, но жените се веќе плодни првиот месец по исфрлање на таблетите. Кога ќе престанете да користите контрацепција добро би било да водите менструален календар. Тоа ќе ви помогне да знаете кога имате овулација или кога ќе биде можниот термин на породување. 

6. Треба да внимавате на менталното здравје и да одбегнувате стресови

Жените кои патат од депресија имаат поголеми проблеми со неплодност од останатите жени. Се препорачува на сите жени, а посебно оние кои во семејството имаат случаи на депресија, да одат кај стручно лице на преглед пред да забременат. Ако имате симптоми на депресија (губење на интересот или задоволство на работите кои сте ги сакале, промени во апетитот или спиењето, губење на енергијата, чувство на безвредност и безнадежност....), задолжително посетете специјалист поради можна терапија. Одредени терапии не го попречуваат зачнувањето, а добро би било да употребувате и антистресни техники.

7. Одморете се од забавите

Поради чадот од цигарите, алкохолот и дрогите кои се нудат. Пушењето и вдишувањето на димот може да доведат до потешко зачнување, спонтан абортус, прерано породување и ниска породилна тежина кај бебето. Се препорачува трудницата воопшто да не пие алкохол, а добро би било да не пие и додека се обидува да забремени.

8. Не внесувајте кофеин

Кофеинот ја намалува способноста на телото да го апсорбира железото (кое во бременоста е потребно во поголеми количини) и ја зголемува можноста од раѓање на мртво бебе. Треба да се намали кафето, чајот и кока колата, но добро е тоа да се направи постепено или да се префрлите на производи со намалено количество кофеин, за да не дојде до силни главоболки.

9. Да се доведе тежината во нормала  

Ако имате нормална тежина, секако дека полесно ќе забремените. Ако немате нормална тежина, без разлика дали сте премногу дебели или премногу слаби, обидете се да дојдете до нормална тежина. Слабејте или здебелувајте се постепено, за да можете тежината да ја одржите. Обидете се да забремените дури кога тежината ќе се стабилизира.

10. Јадете здрава храна    

Сеуште не јадете за двајца, но сега за бременоста би требало да почнете да јадете правилна храна, за да не предизвикате шок на телото додека не забремените. Обидете се дневно да внесете 5 оброци овошје и зеленчук и доволно житарици, како и храна богата со калциум (млеко, сокови богати со калциум, јогурт). Доколку сакате риба, контролирајте се. Иако е рибата извонреден извор на белковини, одредени видови риба (ајкула, скуша, туна) содржат големо количество на жива која може да му наштети на плодот. Се препорачува два пати неделно било каква риба.

11. Направете и следете го планот за вежбање

Почнете да вежбате и ќе дојдете до здраво тело подготвено за бременост. Освен тоа и вежбањето, односно потењето доведува до ослободување од стресот кој може да го попречи зачнувањето. Според Американскиот институт за спортска медецина, здравото вежбање вклучува 20 - 60 минути аеробик, шетање или возење на велосипед, три до пет пати неделно. Дури и во бременоста е добро да се вежба, бидејќи телото останува во форма и лесно се враќа во нормала по породувањето.

12. Одете кај стоматолог                                

Орална бактериска инфекција може да доведе до прерано породување и мала породилна тежина на бебето и тоа дури за 7 пати повеќе. Промените кај хормоните присутни за време на бременоста, можат да бидат добра подлога за болести на забното месо – забното месо станува отечено, меко и може да крвави. Посета на стоматолог пред бременоста ја намалува можноста од потешкотии во устата.

13. Запознајте се со медицинските корени

Добра идеја е со партнерот да ја дознаете здравствената семејна историја, и поблиска и подалечна. Најважна работа е да проверите дали постојат генетски или хромозомски болести (Даунов синдром). Важно е да дознаете постои ли и ментална ретардација или некои други пречки во развојот.

14. Избегнување на инфекции   

Избегнувајте ги сите инфекции, а посебно оние кои можат да му наштетат на ембрионот.Добро е да избегнувате некоја храна која не е добро пастеризирана, меко сирење и други млечни производи, деликатесни меса, како и сирова или недоволна готвена риба и внатрешни органи. Тие производи содржат опасна бактерија која може да предизвика абортус или мртвороденче. Посебно сировата риба и школките содржат штетни микроорганизми. Рацете треба постојано да се мијат пред готвење и да проверите дали фрижидерот е помеѓу 2 и 4?C и замрзнувачот околу -18?C за да не се расипе храната. Добра идеја е доколку имате двор, градинарските работи да ги завршувате со ракавици. Токсоплазмоза може да се добие при чистење на песокот од мачката, па паметно е таа обврска да ја превземе некој друг.

15. Да ги елиминирате опасностите во околината

Некои работи можат навистина да бидат опасни за вас и вашето дете. Доколку често сте изложени на хемикалии или радијација, морате да се обидете тоа да го промените пред да забремените. Исто така имајте на ум дека некои производи за чистење, пестициди или пиењето вода од стари црева може да бидат опасни за вас. Обидете се барем да ги намалите тие опасности во домот или на работното место.

16. Решете ги малите здравствени проблеми

Добар дел од здравствените проблеми во бременоста се интензивираат. Распрашајте се кај докторот за евентуалните вакцини против рубеола. Потребно е 3 месеци пред зачнувањето да се стекне имунитет. За секој случај немојте да пиете никакви лекарства без знаење на доктор, бидејќи може во меѓувреме сте забремениле. Доколку имате прилика да направите систематски преглед немојте да го пропуштите.

17. Купете си нешто секси

Стручните лица велат дека спермата многу брзо делува, доколку жената силно се возбуди за време на сексуалниот однос. Други велат дека тоа не е вистина. Во секој случај не може да шети. Можете да ја пуштите фантазијата, да поставите свеќи, да користите масажни масла... Тоа може да го отстрани она чувство дека имате однос само за да забремените.  

18. Направете се што сакате, а не би можеле да го направите за време на бременоста или со бебето

Бањајте се во топла вода, возете ролери, спијте на стомак, и се друго што би сакале. Кој знае кога повторно ќе имате прилика за тоа.  

19. Не водете љубов само за да забремените

Многу парови се опседнати со исчекување и планирање на дете, поради што водењето љубов им се сведува на работа за да забремени жената. Ако цело време размислувате за забременување, планирате и се нервирате, време е да направите пауза. Под стрес ниту машкиот, ниту женскиот организам не функционираат нормално (овулација може да нема, квалитетот и квантитетот на спермата да опадне) и се губи волјата за водење љубов. Доколку малку се подзастане, резултатите ќе бидат охрабрувачки. Најдете некое хоби кое ќе ве релаксира и опушти. Не заборавајте дека насмевката е една од најдобрите лекови, па погледнете некоја комедија, дружете се со забавни луѓе. Доколку ви е тешко и солзите се дозволени, некогаш и тоа помага.

20. Запознајте се со породувањето

Од детството жените се опкружени со мислење дека породувањето е најлошото искуство низ кое жената поминува. Истражувањата покажале дека голем дел од породилните болки доаѓаат од психата, стравот, па добро е да се запознаете со самиот процес на породување, бидејќи некои жени толку многу се плашат што физички не можат да забременат. Болката доаѓа како заштита и знак. Најдобар начин да се совлада стравот, болката, напнатоста, е вербата дека се ќе помине добро. Имајќи го ова на ум паметно е да се подготвите што подобро и да го отстраните стравот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Борбата за бебе изгледа вака!
Во емотивен текст таа раскажа за мачниот тригодишен период во кој доживеала спонтан абортус и неуспешни обиди за забреме...
3
За здраво бебе - СТОП за цигарите
Новороденчињата на мајките кои пушеле за време на бременоста, како и бебињата кои се изложени на пасивно пушење по раѓањ...
3
Што треба да знаете, пред да забремените?
Да се одгледуваат деца е исцрпувачка и најблагородна работа. Многу родители не можат да се одлучат за второ дете, а неко...
3
Апсолутни знаци дека ќе бидете прекрасна м...
Ако се наближува времето во кое почнувате да размислувате за дете, веројатно се прашувате дали ќе бидете добра мајка. Се...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?