|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

20 олеснителни околности при породување

Редакција Рингераја, 22.6.2022
Повеќето жени сакаат деца и идејата за бременоста ги возбудува до крај. Но кога станува збор за породување, тогаш е друга приказна. Анегдотите за породувањето може да ја преплашат жената, која има бебе во стомакот. Но бебето треба да излезе, нели?

image
/11


Типично, многу бремени жени се определуваат за породување со царски рез, само за да избегаат од болките. Со царскиот рез се спасени многу животи, но не треба да се игнорира фактот дека тоа е комплицирана операција, после која доаѓа долг период на закрепнување.

Значи, без разлика дали сте во потрага по начини за да избегнете царски рез или само истражувате подобар начин за породување, имаме добри вести. Еве неколку совети, со кои породувањето нема да ви биде ноќна мора.

1.  Движете се

Да, бременоста е тешка за телото. Вие сте исцрпени, секоја педа од вашето тело боли и се што сакате да правите е да спиете. Но ако сакате да се породите нормално, ќе треба да се движите.

-          Пешачењето е вежба со низок интензитет, одлична за бремени жени. Земете пар чевли и започнете со пешачење.

-          Пливањето е уште еден одличен начин да го подготвите вашето тело за вагинално породување.

-          Ништо не може да ги замени Кегеловите вежби, кога станува збор за вагинално породување.

-          Со движење, ја зајакнувате карлицата и мускулите кои се неопходни за безбедно вагинално породување.

2.  Останете stress-free

Нормално е да чувствувате стрес за време на бременоста. Но обидете се да ги држите вашите мисли колку што е можно помирни. Стресот може да направи пресврт во текот на породувањето, па да заврпите со царски рез. Некои од начините се:

-          Медитација. Може да се обидете со било каква форма на позитивна медитација, која ќе го држи стресот под контрола.

-          Техниките на визуелизација се одличен начин за победување на стресот.

-          Доколку не сте тип кој медитира, пуштете музика и уживајте

3.  Дишете правилно

Дишењето е нешто што не го забележувате. Но  е една од олеснителните околности која може да го направи процесот на породување полесен и да избегнете царски рез.

Ова се неколку техники на дишење кои помагаат:

-          Дишење од градите

-          Дишење од стомакот

-          Плитко дишење

-          Комбинирано плитко и длабоко дишење

4. Хранете се правилно

Храната која ја јадете може да има големо влијание на вашата бременост, вклучително и раѓање. Здрава мајка значи здраво дете. Правилната исхрана  треба да ја одржувате во текот на целата бременост, за да бидете сигурни дека бебето ги прима сите потребни нутритиенти, за правилен раст и развој.

-          Јадете здрава доза на овошје, зеленчук, посно месо, мешунки и млечни производи.

-          Јадете темно зелен зеленчук и храна која е богата со протеини.

-          Вашето тело има потреба од дополнително железо во текот на бременоста, па погрижете се за тоа.

-          Јадете чисто и младо месо.

-          Избегнувајте храна која содржи ретинол.

-          Избегнувајте морска храна.

-          Избегнувајте бел шеќер.

-          Избегнувајте храна купена од улица, бидејќи може да содржи бактерии.

5. Не добивајте премногу на тежина

Добијте пристојна тежина. Деберлите родилки може да имаат проблеми за време на породувањето и да завршат со царски рез. Ова се неколку важни моменти во врска со дебелината и нормалното породување. Дебелината може да го отежни следењето на бебето за време на породувањето.

-          Ако сте дебели, шансите дека ќе родите дебело бебе се големи, што може да направи проблеми при породувањето.

6. Останете позитивни и избегнувајте негативни приказни од породување. Последно нешто што треба да направи жена која се породува е да биде параноична. Некои точки може да ви помогнат да останете позитивни

-          Ако некоја мајка почне да ви раскажува за кошмарот од породувањето, избегнете го разговорот.

-          Негативните приказни од породување може да предизвикаат паника.

-          Сите родилки се различни, па се разликуваат и нивните породилни приказни. Ако некоја ваша пријателка имала тешко породување, не значи дека ќе имате и вие.

6.  Дознајте повеќе за процесот на породување. Знаењето е моќ – повторувајте ја оваа мантра и бидете посилна со што повеќе информации за процесот на породување. Некои работи кои треба да ги знаете се:

-          Консултирајте се со вашиот доктор за сите сомнежи кои ги имате за бременоста и породувањето.

-          Сурфајте на интернет, но само на проверени страници.

-          Постојат многу книги за бременост и породување. Купете една денес.

-          Разговарајте со вашата мајка или некоја стара жена во семејството, која може да ви помогне со нејзиното искуство.

-          Разговарајте со други трудници/мајки.

8. Изградба на систем за поддршка. Вие можеби физички сте сама со својата бременост, но секако дека би треба психичка поддршка од најблиските. Од витално значење е да креирате систем за поддршка, кој ќе ви помогне да имате нормално породување.

-          Бидете сигурни дека сте на иста страна со партнерот кога станува збор за раѓање на детето.

-          Осигурајте се дека и другите членови на семејството ве поддржуваат во одлуките и стојат зад вас.

-          Доколку имате систем за поддршка, тоа може да ви помогне да го избегнете стресот.

9. Изберете го докторот паметно. Жалосен е фактот што многу доктори ги наведуваат родилките да се породуваат со царски рез. Затоа изберете доктор кој паметно ќе ја води вашата бременост и породување.

-          Бидете сигурни дека докторот и болницата која сте ја избрале имаат добра стапка на нормално породување.

-          Разговарајте со вашиот лекар за неговите ставови за нормално породување.

-          Ако чувствувате дека вашиот лекар не ги почитува вашите желби за нормално породување, изберете друг.

10. Одете на редовна перинеална масажа. Редовната перинеална масажа може да му помогне на вашето тело да се подготви за нормално породување.

-          Можете да почнете со перинеална масажа по седмиот месец од бременоста.

-          Перинеалната масажа може да ве ослободи од стресот.

-          Се што треба да направите е да го ставите вашиот палец во вагината и да повлекувате кон надвор и кон внатре.

 

1

 

Продолжува...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
4
Посветено на татковците...
Со насмевка и најтопли чувства.Во некои моменти и со најтопло сочувство.
4
Cysticare таблети, помош при уринарни инфе...
HealthAid Cysticare таблетите се специјално формулирани со користење на природни и високо квалитетни билни екстракти кои...
3
Алкохол во бременоста
Дали алкохолот и штети на трудницата и нејзиното бебе? (англиско видео)
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?