cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Заради што едно момче стануваше од кревет?

Многу е тешко да натерате мало дете да оди во кревет, а листата на неговите причини за станување откако ќе легне е бескрајно долга и смешна. Погледнете од што се состои таа листа во случајот на детето со име Џек

Заради што едно момче стануваше од кревет?

 

Венди Аронс, авторка на комични текстови, блогерка и модна критичарка, сподели како течат мислите на нејзиниот син џек, додека е време за спиење:

 

Затоа што сум жеден.

Гладен сум.

Премногу е мрачно.

Премногу е светло.

Слушнав звук и мислам дека некој сака да ја уништи нашата кујна.

Ми треба конец за заби.

Морам да го исчистам носот.

Морам да седнам во ходникот и со батериска ламба да ги прередам своите сликички.

Ме боли прстот.

Ме боли окото.

Ме боли кичмата. Ох чекај, мислев на бубрезите. Не чекај, мојата кичма. Бубрезите. Кичмата. Бубрезите. Кич...Еј, можам ли да добијам сендвич со путер од кикиритки? Без корка?

Не сакам да спијам вечерва.

Утре не сакам да одам на училиште.

Слушнав нешто.

Слушнав некакво удирање.

Се сетив на зомбите од филмот што го гледавме со тато.

Ми падна перницата.

Ми падна и другата перница.

Не ми се спие.

Не сум уморен.

Не сум подготвен за во кревет.

Не сакам да си легнам додека ти не дојдеш со мене и не ме стоплиш. Минатиот пат го направи тоа погрешно. Мораш уште еднаш да ме стоплиш. Ветувам дека ќе заспијам мамичке.

 

 

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет