Воздушно перниче

Воздушното (сигурносното) перниче во автомобилот, лесно може да ја загрози безбедноста на детето

Воздушно перниче

 

 

Воздушните перничиња се проблематични поради големата јачина на ударот (удари со брзина од 320 км/h),кога ќе се отворат. Возрасните лесно може да се здобијат со повреди поради ударот, а кај децата таа ситуација може да биде многу полоша.

Факт е дека сигурносните перничиња при активирање може да им наштетат на децата. Во САД во Септември 2009 година имало преку 250 примери на смртни исходи на дечиња, како последица на сигурносното перниче. Сигурносните перничиња се проблематични поради јачината на ударот кога  се активираат. Возрасните лесно може да се здобијат со повреди поради ударот, а кај децата таа ситуација може да биде многу полоша.

 

Како може да се ублажи ударот на воздушното (сигурносното) перниче?

При сместување на детското седиште во автомобилот на предното седиште морате да бидете сигурни дека воздушното перниче е исклучено. Посебно важно е никогаш да не го ставате детското седиште за автомобил на предното седиште доколку воздушното перниче не е деактивирано. Ако не постои можност да се исклучи, под никакви услови немојте да го возите детето на предното седиште. Доколку воздушното перниче се активира и се вклучи и притоа го повреди детето, може да предизвика фатална повреда, затоа што воздушните перничиња не се прилагодени за децата, и ударот кој треба да ја ублажи повредата кај возрасните, може да има сосема обратен ефект кај децата. Може да предизвика и задушување.

 

Не е безбедно дури и за поголемите дечиња

Сигурносното перниче не е опасно само за бебињата, туку напротив и за поголемите деца кои седат на предните седишта. Дечињата имаат послаб врат, стомачен дел и грб. Главата на дечињата е релативно поголема во однос на телото, за разлика од возрасните. Со активирање на воздушното перниче во директен удар може да дојде до фатална повреда.

Кај автомобилите кои се помлади од 2006 година, воздушните перничиња се попријатни, односно се поинаку обликувани. Направени се така што да го минимализираат ризикот од повреда како кај малите дечиња така и кај поголемите. Сензорите во овие системи овозможуваат да се открие тежината и висината на патникот. Кога сензорот ќе оцени дека на седиштето седи дете  се активира со помала јачина. И покрај напредните системи за поголема безбедност и сигурност на децата подобро е да се возат на задните седишта, како што укажуваат и самите закони.

 

 

 

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет