Васил Гавранлиев претставник за Евросонг 2021

Изборот за песна на Евровизија 2021 година треба да биде 65-то издание на Евровизија. Натпреварот ќе се одржи во Ротердам, Холандија, по победата на земјата на натпреварот во 2019 година со песната „Аркада“ од Данкан Лоренс

Васил Гавранлиев претставник за Евросонг 2021

 

Минатогодишниот претставник останува непроменет и годинава.
Васил Гавранлиев ќе н? претставува и годинава. 
"Втора година по ред со прекрасен почеток и покана од МРТВ.
Ретко кој добива една, а не три шанси да го реализира својот сон. Во ‘19-та застанав ГОРДО позади нашата Тамара, ‘20-та ја посветив на сите ВАС, но Ковид рече не! Во ‘21-та ја користам мојата животна приказна, за да ви го подарам срцето на дланка преку мојот глас.
До сите сонувачи: верувај, сонувај и не се предавај! Вистината, трудот, енергијата, и чистата љубов СЕКОГАШ победуваат. Сите имаме своја ПриКазна и Патека која е наша СудБина, и време е ова темно и тешко секојдневие да го исполниме со светлина, љубов и чиста енергија.
Огромно благодарам до МРТВ која и понатаму верува во мене и ми ја дава одговорноста и можноста да бидам нашиот, македонски преставник годинава на Евровизија во Ротердам.
Верувам. Ве сакам. К?е пеам за сите вас ама и вие да запеете со мене!
Со душа чекам да ги споделам со вас нашите планови како македонски тим за Евровизија 2021. " - напиша на својот фејсбук профил Васил. 
Македонската Радио Телевизија објави отворен повик до автори и музички продуценти од земјава и странство за избор на оригинална, необјавена, современа, авторска композиција, којашто ќе биде изведена на Изборот за Песна на Евровизија, 2021 во Ротердам, Холандија.  
"Со цел квалитетно и достоинствено претставување на МРТ и Северна Македонија на најпрестижното музичко натпреварување во Европа, Избор за Песна на Евровизија, Македонската Радио Телевизија како носител на лиценцата, ги повикува сите еминенти, но и млади автори да ги испратат своите креативни музички дела и на тој начин да ја зголемат конкуренцијата во селекцијата на песната, којашто Васил Гарванлиев, како македонски претставник, ќе ја изведе на 65-тото издание на Изборот за Песна на Евровизија 202, во Ротердам, Холандија.
Демо снимката со максимално времетраење до 3 минути, според евровизиските пропозициите треба да е квалитетно изработена, со разбирлива вокална линија и хармонија.
Демо снимката може да се испрати на следната е-маил адреса: eurosong.macedonia@gmail.com
Отворениот повик трае до 27.01.2021 година." 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет