cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска

ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петковска опстојува веќе четири години. Оваа година, на досегашните “Снежни стихови”, “Шепотот на љубовта” и “Песочен часовник” го додаде и насловот ”Херој"

Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска

 

Рингераја: Примарната цел на оваа акција е собирање средства за оние на кои им се најпотребни. За кого се наменети овојпат?

Софија: Овојпат книгата ,,Херој" треба да им донесе радост на дечињата кои се од социјално загрозени семејства, а го посетуваат дневниот едукативен центар ,,Дендо Вас " во Скопје.

Рингераја : "Херој" брои повеќе авторски имиња од земјата. Каков беше интересот кај истите овојпат? 

 

1

 

Софија: Да, во книгата има 35 автори, од различни градови ширум нашата земја, но има и автори кои живеат во странство, поточно од Германија и Холандија, но сепак пројавија интерес за книгата и зедоа учество во проектот. Интересот за проектот ТВОРИ-ЧИТАЈ-БИДИ ХУМАН е с? поголем и поголем и мене навистина ме радува што со секоја книга има и нови автори кои се вклучуваат во оваа хуманитарна акција.

Рингераја: Како граѓаните можат да се вклучат во оваа хуманитарна акција? 

Софија: Ние авторите твориме, граѓаните ги купуваат книгите, уживаат читајќи ги и на тој начин сите заедно правиме добро дело и сме хумани. Така што, граѓаните може да помогнат на тој начин што ќе купат примерок од книгата.

Рингераја: Каде може да се набави книгата?

Софија: Сите кои сакаат да ја купат книгата и да дадат свој придонес може да ме контактираат на мојата официјална фејсбук страница ,,Поезија на Софија"  во порака или на мојот мејл: sofijapedagogija@gmail.com. Цената на книгата чини 300 денари и сите  парични средства од продажбата на истата, ќе бидат пренаменети за децата од едукативниот центар ,,Дендо Вас" од Скопје.

Рингераја: И за крај, само уште едно прашање. Како автор, не се занимаваш само со хуманитарниот проект, туку пишуваш и рецензии и печатиш и свои книги. Па така, твои лични книги се ,,Поетски нежности " и најновата ,,Едно слонче со црвено балонче" . Па со оглед на тоа што на 2 Април беше светски ден на литературата за деца, ме интересира каква книга е ,,Едно слонче со црвено балонче " и каде може граѓаните да ја купат истата?

Софија : ,,Едно слонче со црвено балонче " е персонализирана книга за деца, која содржи 12 песни, 5 сказни кои секогаш завршуваат со морална поука, 30 гатанки на кои самото дете треба да го запише одговорот, боенка дел кој е поврзан со гатанките, индекс на непознати зборови и умни цитати од познати личности. Книгата е наменета за деца на возраст од 3 до 15 години, а секој кој сака да ја купи за своето дете, може да ме исконтактира на мојата официјална фејсбук страница ,, Поезија на Софија " во порака или на мојот мејл: sofijapedagogija@gmail.com

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет