Трибина на тема Down синдром
Down синдром - предизвик за родителот, поддршка за зрелост на општеството

Во 1929 година животниот век на лицата со Down синдром бил само 9 години. Тој е значително зголемен во последните 80 или повеќе години. Денес, луѓето со Down синдром живеат добро и во нивните 50ти и 60ти години од животот. Не само што живеат подолго, тие живеат посреќен и поздрав живот.
Многу од лицата со Down синдром имаат свои работни места, самите формираат семејство и се почесто се во состојба да живеат независно.
Но, како Република Македонија се снаоѓа во подобрување на квалитетот на животот кај оваа категорија на лица? Какви се искуствата во другите земји? Итн....
Одговор на овие и на уште многу други прашања може да добиете ако присуствувате на трибината DOWN СИНДРОМ – ПРЕДИЗВИК ЗА РОДИТЕЛОТ, ПОДДРШКА ЗА ЗРЕЛОСТ НА ОПШТЕСТВОТО која ќе се одржи на Филозофскиот факултет во Скопје на 15 октомври 2011 година со почеток во 11.00 часот.
Истата е во организација на Трисомија 21 и МНЗА, а целта и е со отворени ставови да ја поттикне заедницата на сеопшта сензибилизираност, како и да ги претстави потребите на лицата со Down синдром како рамноправни членови на општеството, а во прилог на поголеми придобивки од државните институции за што поквалитетен начин на живеење како за нив, така и за членовите на нивните семејства.