cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Треба да јадам за двајца!?

Во првото тромесечие од бременоста на Вашето тело не му треба внесување на дополнителна количина калории од вообичаените, додека во следните шест месеци потребно е да се внесат 300 калории повеќе од обично

Треба да јадам за двајца!?

Не постои трудница која не се интересира за своите килограми во текот на бременоста. Иако тоа не е толку важно кога е во прашање детето и неговото здравје, она што е сигурно е дека прекумерното зголемување на телесната тежина во бременоста може да има последици на Вашето здравје и здравјето на детето. Значи прашање е колку килограми треба да добиете за време на бременоста.

Одговорот на ова прашање секако дека не е едноставен. Зависи од телесната тежина која сте ја имале кога останавте бремена и соодносот на Вашата тежина и висина (индекс на телесна маса). Доколку индексот на Вашата телесна тежина е во границите на нормала за време на бременоста треба да добиете меѓу 10-15 килограми. Доколку според индексот на телесната тежина имате помалку килограми тогаш ќе добиете 12-18 кгр. во текот на бременоста. Доколку спаѓате во категорија на претерано дебели лица, во бременоста ќе добиете меѓу 6-10 килограми.

 

Како да ги добиете сите потребни хранливи материи?

Еве неколку совети за најдобра исхрана во тек на бременоста:

  • за да ги задоволите Вашите дневни потреби за протеини, калории, јагленихидрати, здрави маснотии и клучни витамини и минерали, јадете разноврсна храна.
  • Обидете се да ги намалите дополнителните оброци кои имаат многу калории, а малку хранливи состојки – пијалоци, пржена храна, храна со додатоци на шеќер и маснотии. Наместо тоа одберете храна која има добри калории – јогурт, ореви, тврдо варено јајце, свежо овошје или зеленчук.
  • Одберете производи кои се што помалку променети од својата природна состојба. Изберете леб со цело зрно, или смеѓ ориз и свежо или замрзнато овошје наместо конзервирано.
  • Јадете масти и колачи многу ретко. Бидете сигурни дека сте одбрале здрави масти.

 

Како е храната поделена меѓу Вашите и потребите на Вашето бебе?

Лекарите не разбираат точно како Вие и Вашето бебе ги делите хранливите материи. Храната за Вашето дете не доаѓа директно од Вашата исхрана туку од калориите кои се наоѓаат складирани во коските и ткивата.

Во минатото фетусот се сметал за совршен паразит кој ја зема сета потребна храна од мајката, без оглед на нејзината исхрана.  Овој мит тврди дека ако на пример на Вашето бебе му фали да речеме калциум не е важно што мајката јаде, бидејќи бебето ќе го извлече потребниот калциум од резервите на мајката.

Стручњаците веруваат дека бебето во мајчината утроба ќе страда ако на мајката и фали нешто во исхраната. Неадекватната исхрана во тек на бременоста веројатно ќе има долготрајни последици врз здравјето на детето.

Накратко: на здравјето на Вашето дете директно влијае она што го јадете пред и за време на бременоста. Тоа што е важно – јадете го. А кога ќе паднете во искушение да претерате, сетете се дека јадете за бебе, а  не за уште една возрасна личност. Одберете квалитет, наместо количина.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет